Британскиот премиер Сунак казнет затоа што не бил врзан со појас во автомобил
Британскиот премиер Риши Сунак е казнет затоа што не носел појас во автомобил во движење додека снимаше видео на социјалните мрежи. Видеото на кое се гледа како Сунак се врти на своето место за да разговара со камерата без врзан појас, сега е отстранета од страницата на социјалните мрежи.
Полицијата во Ланкашир соопшти дека на 42-годишен маж во Лондон му понудила условна понуда за фиксна казна.
Сунак претходно се извини за инцидентот, велејќи дека станува збор за „грешка на проценката“.
Патниците кои ќе бидат фатени како не го врзале безбедносниот појас кога е достапен, може да добијат казна на лице место од 100 фунти. Ова може да се зголеми до 500 фунти ако случајот оди на суд.
Премиерот бил во Ланкашир кога се снимало видеото, за време на патување низ низ три града во северна Англија.
Видеото – за промовирање на активности на владата – беше објавено на Инстаграм профилот на Сунак.