СЗО: Омикрон не е последната варијанта на пандемијата на коронавирусот


Високата претставничка на Светската здравствена организација Марија ван Керхове денеска ги предупреди земјите кои мислат дека ставиле крај на пандемијата на коронавирусот бидејќи бележат пад на бројот на новозаразени, дека омикрон не е последниот сој на оваа пандемија. – Во многу земји како Велика Британија, каде има развиено високо ниво на имунитет на населението од инфекции, каде …

СЗО: Омикрон не е последната варијанта на пандемијата на коронавирусот Read More »

Скандал во Германија: Командантот на морнарицата поднесе оставка поради изјава за Путин


Командантот на германската морнарица Каи-Ахим Шенбах поднесе оставка откако беше мета на критики поради изјавата дека рускиот претседател Владимир Путин заслужува почит и дека Киев никогаш нема да го врати Крим од Москва. „Побарав од министерката за одбрана Кристина Ламбрехт да ме разреши, а таа го прифати моето барање“, се вели во синоќешното соопштение на …

Скандал во Германија: Командантот на морнарицата поднесе оставка поради изјава за Путин Read More »

Берлускони нема да се кандидира за претседател


Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони се откажа од намерата да се кандидира за претседател, објави италијанскиот весник „Република“. Изјавата во име на Берлускони ја прочита сенаторката Лисија Ронзули за време на онлајн состанокот на коалиционите претставници, на кој не учествуваше лидерот на партијата „Форца Италија“. „Ќе поднесеме заеднички предлог во рамките на десниот центар, кој …

Берлускони нема да се кандидира за претседател Read More »

Во Индија четврти ден по ред над 300.000 случаи на Ковид-19


 Во последните 24 часа во Индија се регистрирани 333.533 новозаразени со корона вирусот и 525 смртни случаи. Според владини податоци, во земјата четврти ден по ред се пријавуваат повеќе од 300.000 нови случаи на коронавирус дневно. Од почетокот на пандемијата во Индија од Ковид-19 починале 489.409 пациенти, соопшти Министерството за здравство. Од почетокот на оваа година, во …

Во Индија четврти ден по ред над 300.000 случаи на Ковид-19 Read More »

Една жртва во пожар во болница во Будимпешта


Унгарија– Едно лице го загуби животот, а две се повредени во пожар што денеска избувна во болница во центарот на Будимпешта, соопштија локалните власти. Според портпаролката на унгарската полиција, Анџелика Молнар, пожарникарите успеале да го изгаснат пожарот во болницата и додаде дека засега не е позната причината за пожарот. Портпаролот на итната служба Мате Кисди …

Една жртва во пожар во болница во Будимпешта Read More »

Премиерката Ардерн ја откажа свадбата откако воведе нови мерки против Омикрон


Нов Зеланд– Премиерката на Нов Зеланд, Џесинда Ардерн, ја откажа својата венчавка откако воведе нови коронамерки во земјата поради ширењето на омикрон. Во целата земја ќе важи највисокото ниво на рестрикции, што подразбира и носење маска во продавници и јавен превоз и ограничување на собирите на 100 вакцинирани луѓе. Ардерн истовремено потврди дека ја откажува …

Премиерката Ардерн ја откажа свадбата откако воведе нови мерки против Омикрон Read More »

Берлускони нема да се кандидира за претседател на Италија


Италија– Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони (86) одлучи да не се кандидира за претседател на Италија. – Одлучив да направам уште еден чекор на патот кон националната одговорност, барајќи од оние што ме предложија да се откажат од наведувањето на моето име за Претседателството на Републиката, изјави Берлускони. Италијанскиот парламент утре ќе го почне гласањето за нов …

Берлускони нема да се кандидира за претседател на Италија Read More »

Дневниот број на новозаразени во Франција конечно падна под 400.000


Франција – Вчера во Франција се регистрирани 389.320 новозаразени лица со коронавирусот, по четири последователни дена кога бројот на новозаразени беше над 400.000. Француското Министерство за здравство соопшти дека на одделенијата за интензивна нега има 3.746 пациенти, 46 помалку од претходниот ден. Министерството исто така соопшти дека 167 лица починале од корона вирусот во текот на изминатите 24 часа, со …

Дневниот број на новозаразени во Франција конечно падна под 400.000 Read More »

СЗО: Ризикот од омикрон останува многу висок


Светската здравствена организација (СЗО) денеска издаде соопштение за омикрон, во кое се наведува дека ризикот поврзан со оваа варијанта останува „многу висок“. – Врз основа на достапните докази, ризикот поврзан со омикрон останува висок. Омикрон расте многу побрзо од делтата, што доведува до големо ширење во заедницата, а со тоа и поголема инциденца отколку што …

СЗО: Ризикот од омикрон останува многу висок Read More »

Фридрих Мерц e новиот шеф на германската ЦДУ


Најпознатиот внатрепартиски критичар на екс канцеларката Меркел, Фридрих Мерц, е избран за нов шеф на ЦДУ откако на партискиот дигитален конгрес доби преку 94 отсто од гласовите. – Длабоко сум импресиониран од овој резултат, изјави Мерц. Како што јави Дојче Веле, на дигиталниот сојузен конгрес на Христијанско демократската унија, согласно на очекувањата, 66-годишниот Фридрих Мерц …

Фридрих Мерц e новиот шеф на германската ЦДУ Read More »

Во Полска регистриран рекорден број новозаразени со коронавирусот


Полска денеска регистрира рекордни 40.876 новозаразени со коронавирусот, соопшти Министерството за здравство во Варшава. Полскиот министерот за здравство Адам Ниџилски на Твитер објави дека бројот на тестирани постојано растел во текот на изминатата недела, при што денеска биле тестирани дури 151.000 луѓе. Полска, земја со околу 38 милиони жители, има една од највисоките стапки на …

Во Полска регистриран рекорден број новозаразени со коронавирусот Read More »

Во Мексико во 2021 година биле убиени над илјада жени


Во Мексико, каде стапката на убиства на жени е меѓу највисоките во Латинска Америка, во 2021 година биле убиени 1.004 жени. Во извештајот на Националниот секретаријат на системот за јавна безбедност се наведува дека од 1 јануари до 31 декември 2021 година, 1.004 жени загинале како последица на насилство во Мексико, јави Анадолија. Ова е највисока бројка од 2015 година, а …

Во Мексико во 2021 година биле убиени над илјада жени Read More »

Русија ја надмина бројката од 11 милиони случаи на Ковид-19


Русија денеска регистрира 57.212 нови случаи на коронавирусот, што е зголемување во споредба со вчера кога се заразиле 49.513 лица, со што вкупниот број на регистрирани случаи на Ковид-19 од почетокот на пандемијата надмина 11 милиони. Рускиот Кризен штаб соопшти дека во изминатите 24 часа починале 681 пациент, а од почетокот на пандемијата починале 325.433 луѓе.

Земјотрес од 7,1 степени според Рихтер го погоди индонезискиот остров Талауд


Земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала го погоди индонезискиот остров Талауд, потврди Државната агенција за метеорологија, климатологија и геофизика (БМКГ). Ројтерс пренесе извештај од германскиот центар за геолошки истражувања, во кој се вели дека епицентарот на земјотресот се наоѓал на длабочина од 24 километри. Земјотресот се случил на 134 километри североисточно од …

Земјотрес од 7,1 степени според Рихтер го погоди индонезискиот остров Талауд Read More »

Токио четврт ден по ред руши рекорди со новозаразени


  Токио, главниот град на Јапонија, четврт ден по ред забележува најголем број дневно заразени со корона вирусот, додека омикрон варијантата и понатаму брзо се шири. Денеска се забалежани 11.227 нови случаи на зараза, објавија локалните власти, ден по повторното воведување органичување на движењето и деловните активности кои треба да траат до 13 февруари. Бројот …

Токио четврт ден по ред руши рекорди со новозаразени Read More »

Пандемијата нема да ја надминеме брзо, вели австрискиот канцелар


Австрискиот канцелар Карл Нехамер истакна дека пандемијата со коронавирусот нема да биде надмината толку брзо. За разлика од неговиот претходник Себастијан Курц, Нехамер не верува дека наскоро ќе може да се постигне тој статус. Тој во изјава за неделникот „Профил“ вели дека има промена на парадигмата со сојот Омикрон. „Мораме да се подготвиме за нови …

Пандемијата нема да ја надминеме брзо, вели австрискиот канцелар Read More »

Бајден во Кемп Дејвид разговара со тимот за национална безбедност за прашањето за Русија и Украина


САД– Претседателот на САД Џо Бајден викендов ќе биде во Кемп Дејвид во близина на Вашингтон и ќе разговара со тимот за национална безбедност за сите аспекти на руско-украинската криза. Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки потсети дека американскиот државен секретар Ентони Блинкен се сретнал со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Женева. …

Бајден во Кемп Дејвид разговара со тимот за национална безбедност за прашањето за Русија и Украина Read More »

Берлин нема да испорачува оружје на Украина


Германија – Берлин објави дека нема да испорачува оружје на Украина поради можен конфликт со Русија. Тоа го потврди германската министерка за одбрана Кристин Ламбрехт. „Можам да ја разберам желбата да ја поддржиме Украина, но токму тоа веќе го правиме. Украина во февруари ќе добие комплетна теренска болница, заедно со потребната обука, која е кофинансирана од …

Берлин нема да испорачува оружје на Украина Read More »

Политико: Еден месец по поразот, таборот на Трамп сакал да ги заплени гласачките машини


САД– Еден месец по поразот на Доналд Трамп на претседателските избори во 2020 година, со предлог за извршна наредба на Белата куќа им е наредено на највисоките воени функционери на земјата да ги запленат гласачките машини низ САД, објави Политико. Документ објавен од Националниот архив ги открива екстремните мерки кои поранешниот републикански претседател бил подготвен …

Политико: Еден месец по поразот, таборот на Трамп сакал да ги заплени гласачките машини Read More »

Карневалите во Рио и во Сао Паоло одложени за април


Бразил– Властите во бразилските градови Рио де Жанеиро и Сао Паоло објавија дека ги одложуваат традиционалните паради на училиштата за самба до крајот на април поради зголемувањето на случаите на новозаразени со сојот Омикрон на Ковид-19 во државата. Претходно овој месец, двата града откажаа улични поворки и карневалски прослави, но сепак планираа да одржат паради …

Карневалите во Рио и во Сао Паоло одложени за април Read More »