Токио четврт ден по ред руши рекорди со новозаразени


 

Токио, главниот град на Јапонија, четврт ден по ред забележува најголем број дневно заразени со корона вирусот, додека омикрон варијантата и понатаму брзо се шири.

Денеска се забалежани 11.227 нови случаи на зараза, објавија локалните власти, ден по повторното воведување органичување на движењето и деловните активности кои треба да траат до 13 февруари.

Бројот заразени скокна речиси 2,5 пати во однос на 4.561 пред една недела, и беше поголем од 9.699 потврдени случаи вчера. Починаа тројца пациенти, а 12 се во тешка состојба.

Стапката на пополнетост на болничките кревети во Токио се зголеми на34,3 отсто. Порастот од 50 отсто би оправдало воведување вонредна состојба со строги ограничувања, велат локалните власти.

Префектурата Осака објави дека денеска има 7.375 заразени, што втор рекорден број во два дена.