Бил Гејтс: Луѓето кои допрва ќе се родат ќе живеат подобро од нивните родители


Австралија– Бил Гејтс, еден од најбогатите луѓе во светот, неодамна изјави дека е оптимист за иднината на човештвото и покрај многуте предизвици со кои се соочува. Тој е на мислење дека на секој човек што ќе се роди наредните неколку децении ќе му биде подобро отколку на родените во било кое време досега. „Сè уште […]

УНЕСКО ја стави Одеса на списокот на културно наследство, Русија ја нападна по 24 часа


  Бранот руски воздушни напади во четвртокот ја оштети енергетската инфраструктура во јужниот украински регион Одеса, предизвикувајќи „големи проблеми со снабдувањето со електрична енергија“, рече регионалниот гувернер Максим Марченко на Телеграм. „Има удари и оштетувања на неколку објекти на енергетската инфраструктура во регионот Одеса и други региони на земјата“, напиша Марченко. Ударите се случија помалку […]

Канаѓанка се обидела да го отруе Трамп, ѝ се заканува повеќе од 20 години затворска казна


Канаѓанката Паскале Фериер се изјаснила за виновна за испраќање заканувачко писмо натопено во рицин, потенцијално смртоносен отров, до поранешниот американски претседател Доналд Трамп, во Белата куќа во 2020 година, пренесува Си-Ен-Ен. Во писмото таа му порачала на Трамп да се откаже и да ја повлече својата кандидатура. Меѓутоа, писмото било пресретнато од службата за сортирање […]

Шестгодишен ученик пукаше во учителка, директорот доби отказ


  Директорот на основно училиште во сојузната американска држава Вирџинија доби отказ откако шестгодишно дете на почетокот на година пукаше од пиштол и ја рани учителката. Школскиот одбор со пет гласа спрема еден, одлучи да го отпушти директорот Џорџ Паркер само неколку часа откако неговиот адвокт најави тужба. Учителката е пуштена од болница Абигејл Звернер, […]

Какви се тенковите „Абрамс“ кои Америка ги испраќа во Украина


  САД одобрија испорака на 31 тенк „М1 Абрамс“ во Украина. Веста дојде откако Германија потврди дека на Украина ќе ѝ стави на располагање 14 тенкови „Леопард 2“. Испраќањето американски тенкови во Украина го потврди и американскиот претседател Џо Бајден, кој првично ѝ оддаде почит на Украина, додавајќи дека земјата „се соочува со со навистина […]

Јапонија: Затворени стотици училишта по упатени закани за поставени бомби


 Јапонската полиција трага по лице кое испратило дојави за бомби и смртни закани до стотици училишта, што доведе до нивно затворање, пишува Би-Би-Си. Заканите беа испратени по факс до средните училишта и универзитетите претходно оваа недела од број регистриран во Токио. Во училишните згради не е пронајден експлозив, а засега нема информации за напади врз ученици […]

Експлозии низ цела Украина, соборени руски ракети


Системите за воздушна одбрана на Украина утрово соборија неодреден број руски ракети во четвртокот, информира на Телеграм шефот на кабинетот на украинскиот претседател Андриј Јермак. Најмалку две од ракетите прелетале над јужниот регион Миколаев, соопшти гувернерот Виталиј Ким на Телеграм. Агенцијата Некста јави дека експлозии утрово се регистрирани низ цела Украина. Експлозии имало во регионите Дњепропетровск, Херсон, […]

Зеленски бара помош од ОН за депортациите на деца и возрасни во Русија


  Украинскиот претседател Володимир Зеленски повика висок функционер на Обединетите нации (ОН) да помогне да се најде начин да се реши, како што велат украинските власти, сериозна последица од 11-месечната војна – депортацијата на илјадници возрасни и деца во Русија. Украина со месеци ги осудува извештаите за масовни депортации во Русија, често во региони на […]

И Норвешка ќе испрати тенкови во Украина


  Норвешка синоќа потврди дека ќе испрати тенкови „Леопард 2“ во Украина. Норвешкиот министер за одбрана Бјорн Арилд Грам, рече дека неговата земја ќе испрати тенкови, но не го прецизираше бројот. Весникот „Дагенс Нарингслив“ пишува дека Норвешка размислува да испрати осум од 36-те тенкови што ги има. САД и Германија вчера потврдија дека ќе испратат […]

Низ цела Украина прогласена воздушна тревога, над Киев соборени дронови


  Низ цела Украина утрово е прогласена воздушна тревога, а во некои региони е исклучена струјата поради страв од напади. Во текот на ноќта над Киев беа соборени 15 дронови, соопштија градските воени власти. Украинската армија додаде дека Русите ноќеска извршиле неуспешен напад со дронови врз главниот град на Украина. Како што пишува Киев пост, […]

Бела куќа: Испораките на американски тенкови во Украина може да траат со месеци


Белата куќа синоќа соопшти дека може да бидат потребни многу месеци за моќните американски тенкови што претседателот Џо Бајден одлучи да ги испрати во Украина да стигнат до нивната дестинација. – Како што ќе се подобруваат временските услови, може да се очекува дека Русите ќе го зајакнат темпото на офанзивата. Мораме да бидеме подготвени за […]

Убиство на црковно лице со мачета во Шпанија, можен терористички акт


  Маж вчера со мачета уби едно црковно лице и рани свештеник во нападите на две цркви во Алхесирас пред да биде уапсен, соопшти синоќа шпанското Министерство за внатрешни работи, појаснувајќи дека случајот се истражува како потенцијален чин на тероризам. Министерството не го соопшти идентитетот на уапсениот во овој град на југот на Шпанија. Мажот […]

Словачка нема да испорача тенкови „Леопард“ на Украина, тие се замена за дадените борбени возила


  Словачка не е подготвена да ги предаде своите тенкови „Леопард“ на Киев бидејќи тие ги заменуваат борбените возила што веќе се испратени во Украина, соопшти словачкиот министер за одбрана Јарослав Наѓ. – Договорот со Германија дека ветените „Леопард 2А4“ ќе бидат испорачани во Словачка сè уште важи, изјави Наѓ за словачката новинската агенција ТАСР […]

Белгијанците погрешно го поставија знамето на Холандија, премиерот се извини


  Белгискиот премиер Александар Де Кро му се извини на својот холандски колега Марк Руте откако знамето на Холандија беше закачено на погрешен начин за време на посетата претходно оваа недела. Де Кро во средата објави видео на социјалните мрежи во кое му се заблагодарува на Руте за доаѓањето во Брисел и додава дека треба […]

Русија со закон забрани објавување на приходите и имотот на пратениците


  Долниот дом на рускиот парламент гласаше за закон со кој ќе се укине барањето пратениците да ги објавуваат своите годишни извештаи за приходите и имотот, со што значително ќе се намали транспарентноста. Според соопштението на веб-страницата на Државната дума, по 1 март, јавно достапните информации за изјавите за приходи на руските пратеници нема да […]

УНЕСКО го прогласи историскиот дел на Одеса за светско наследство во опасност


Франција– Агенцијата на Обединетите нации за култура – УНЕСКО денеска соопшти дека го прогласила Историскиот округ Одеса за светско наследство во опасност. Британските медиуми наведуваат дека  се очекува статусот да придонесе за заштита на културното наследство и да обезбеди пристап до финансиска и техничка меѓународна помош за Одеса, град во јужна Украина што постојано беше […]

Најмалку двајца убиени и пет повредени во нападот со нож во воз во Германија


Најмалку две лица се убиени, а пет се повредени во нападот со нож во воз во северна Германија, објави германскиот весник „Билд“, повикувајќи се на портпарол на федералната полиција. Германската полиција соопшти дека маж нападнал со нож неколку патници пред возот кој патувал од Кил кон Хамбург да стигне на железничката станица во Брокштет. Портпаролот […]

Блумберг: САД ќе испратат над 30 тенкови „Абрамс“ во Украина


  САД ќе испратат 31 тенк „М1 Абрамс“ во Украина како нова воена помош вредна 400 милиони долари, соопшти денеска Блумберг, преку повеќе објави на Твитер. Претходно денеска, неименуван американски претставник за агенцијата Анадолија изјави дека американскиот претседател Џо Бајден утре или во наредните неколку дена ќе соопшти дека САД во Украина ќе испратат тенкови […]

(Видео) Зеленски во интервју дозна за одлуката за испраќање тенкови, еве како реагираше


  Украинскиот претседател Володимир Зеленски дозна за одлуката на Германија да испрати тенкови Леопард 2 во Украина за време на интервјуто за британски Скај њуз. Откако новинарот го праша дали му олеснало поради испраќањето на тенковите, Зеленски одговорил: „Сè уште не“. Миг подоцна, портпаролот му ја соопшти среќната вест. „Многу сум среќен. Сакам да им […]

Судот ја затвори најстарата организација за човекови права во Русија


  Московската Хелсиншка група, најстарата организација за човекови права во Русија, денеска е затворена откако Судот пресуди дека не е соодветно регистрирана. Групата, основана во 1976 година од советски дисиденти, објавуваше годишни извештаи за човековите права во Русија и беше една од ретките преостанати независни организации за човекови права во земјата, по затворањето на организацијата […]