Севернокорејскиот лидер ги постави новите воени цели
Севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун, ги откри новите воени цели за 2023 година, објавија државните медиуми навестувајќи уште една година на интензивни тестирања на оружје и тензии. На вториот ден од Шестата проширена пленарна седница на 8-от Централен комитет на партијата, Ким зборуваше за „новосоздадената предизвикувачка ситуација“ на Корејскиот Полуостров и за состојбите на пошироката политичка сцена. […]