Големи поплави во Бразил, најмалку 46 лица загинаа во лизгање на земјиштето во Сао Пауло


Најмалку 46 лица загинаа во поплавите и одроните предизвикани од невремето и обилните дождови во бразилската држава Сао Пауло, а десетици луѓе се водат за исчезнати.

Во крајбрежниот град Сао Себастијао ситуацијата е исклучително критична, изјави градоначалникот Фелипе Аугусто, пренесе Би-би-си.

Најмалку 45 лица загинаа во овој град, кој беше тешко погоден од временските услови, а седумгодишно девојче загина во градот Убатуба. Градските власти предупредија дека до петок се очекуваат уште 200 мм дожд и се очекуваат нови опасности од одрони и поплави.

Повеќе од 666 .. дожд падна во крајбрежните области на оваа држава во Бразил, што според наводите на владата, е најголема кумулативна бројка во Бразил.

Повеќе од 2.500 луѓе во државата Сао Пауло се раселени и евакуирани.

„За жал, ќе имаме уште многу мртви“, изјави претставник на цивилната одбрана.

Гувернерот на државата Сао Пауло рече дека моранрицата ќе изгради полска болница за жртвите.

Претседателот на Бразил, Лула да Силва, ги посети местата погодени од поплавите и вети помош, но во исто време ја истакна важноста да не се градат куќи на места што се подложни на поплави и одрони.

Карневалските прослави се откажани во многу крајбрежни градови на оваа бразилска држава.

Во наредните денови се очекува да врне уште дожд во областа, што ќе им ја отежне работата на спасувачките екипи, пренесе „Блиц.рс“.