Кина почнува со вакцинирање на деца од три години и повеќе против Ковид-19


Кина – Малите деца од тригодишна возраст и повеќе во Кина ќе почнат да ја примаат вакцината против Ковид-19, каде 76 отсто од населението е целосно вакцинирано, а властите применуваат политика на нулта толеранција кон жариштата на инфекција.   Така, Кина ќе стане една од ретките земји во светот што почнаа да вакцинираат толку мали деца …

Кина почнува со вакцинирање на деца од три години и повеќе против Ковид-19 Read More »

Мајкрософт: Во САД моментално се извршуваат обемни хакерски напади од Русија


САД– Мајкрософт на својот блог објави дека рускиот ентитет кој стоеше зад минатогодишните големите хакерски напади на фирмата „Солар виндс“ поврзана со приватни компании и државни агенции, моментално изведува цел бран напади на компјутерските системи на САД, и оти засегнати се стотици компании и организации. Мајкрософт во соопштение синоќа посочи дека нападите, вршени од руската хакерска група …

Мајкрософт: Во САД моментално се извршуваат обемни хакерски напади од Русија Read More »

Вселенскиот патријарх Вартоломеј пуштен од болница, ја продолжува 12-дневната посета на САД


САД – Вселенскиот патријарх Вартоломеј, кој вчера беше хоспитализиран во главниот град на САД, денеска е испишан од болницата. 81-годишниот духовник е подготвен да ја продолжи посетата, соопшти прес-службата на Американската архиепископија на Вселенската патријаршија. „Среќни сме да објавиме дека нашиот духовен отец, Неговата Светост, штотуку е отпуштен од болницата. Тој се чувствува добро и е …

Вселенскиот патријарх Вартоломеј пуштен од болница, ја продолжува 12-дневната посета на САД Read More »

Глазгов домаќин на Самитот за климата 


Поттикнување на глобалните климатски амбиции на КОП 26 е примарна цел на двонеделниот Самит за климата, што ќе се одржи од 31 октомври до 12 ноември во Глазгов, под претседателство на  Обединетото Кралство. Како што соопшти денеска Британската амбасада, претставувајќи ја програмата на Самитот, на собирот се предвидени речиси 50 настани организирани, кои ќе ги покажат активностите и …

Глазгов домаќин на Самитот за климата  Read More »

Вакцината против коронавирусот на Модерна предизвикува силен имунолошки одговор кај деца од шест до 11 години


САД– Компанијата Модерна денеска објави позитивни резултати од својата вакцина против Ковид-19 кај деца на возраст од шест до 11 години, кои наскоро ќе ги достави до регулаторните тела во светот за одобрување. Клиничките испитувања спроведени на повеќе од 4.700 деца на таа возраст покажуваат „робустен“ имунолошки одговор во однос на антителата, „поволен безбедносен профил“ и …

Вакцината против коронавирусот на Модерна предизвикува силен имунолошки одговор кај деца од шест до 11 години Read More »

Меркел ќе спие мирно ако Шолц стане канцелар


По 16 години како федерален канцелар, Ангела Меркел (ЦДУ) е опуштена и сигурна за промената на власта во владата. Во првото интервју по федералните избори, таа изјави за „Зидојче цајтунг“: „Знам што постигнавме во владите што ги водев“. Меркел е канцелар од 2005 година. Таа не ја дели загриженоста дека коалицијата на СПД, Зелените и …

Меркел ќе спие мирно ако Шолц стане канцелар Read More »

Војската во Судан изврши пуч, го уапси премиерот


КАИРО – Највисокиот судански генерал во понеделникот ја распушти владата и најави дека војската ќе управува со земјата откако неговите сили го уапсија вршителот на должноста премиер и други функционери. Илјадници Суданци протестираа на улиците против пучот. Военото преземање се заканува да го попречи долгиот, тежок обид на Судан за транзиција кон демократија две години …

Војската во Судан изврши пуч, го уапси премиерот Read More »

ЕМА го проценува лекот на „Мерк“ против Ковид-19


Холандија- Американскиот производител на лекови „Мерк“ денеска соопшти дека регулаторната агенција на ЕУ- ЕМА отворила постапка за оценување на експерименталниот лек на компанијата против Ковид-19. ЕМА ја почна првата континуирана евалуација на податоците за лековите, што значи дека ќе ги оценува податоците веднаш штом ќе станат достапни, наместо да чека формална апликација откако ќе се …

ЕМА го проценува лекот на „Мерк“ против Ковид-19 Read More »

Големо невреме на Сицилија, се бараат жртви


Во невреме што го зафати италијанскиот остров Сицилија, обилните дождови ги претворија улиците и патиштата во реки. Нуркачи и пожарникари трагаат по исчезната брачна двојка. Училиштата се затворени, летовите се откажани, а надојдената вода и одроните направија многу штети. Големо невреме ја погоди Сицилија, предизвика поплави коиносеа автомобили, нанесена е огромна материјална штета, а цивилната …

Големо невреме на Сицилија, се бараат жртви Read More »

Британскиот регулатор нареди блокирање на странски лажни повици и пораки


 Водечките британски телекомуникациски мрежи се согласија автоматски да ги блокираат речиси сите интернет повици кои доаѓаат од странство, а изгледа како да доаѓаат од Велика Британија, соопшти британскиот совет за електронски медиуми Офком.   Како што е наведено, криминалците користат интернет за да упатуваат повици или пораки кои изгледаат реално и доаѓаат од вистински телефонски …

Британскиот регулатор нареди блокирање на странски лажни повици и пораки Read More »

(Видео) Експлозија на кинески универзитет, најмалку двајца мртви


Две лица загинаа, а најмалку уште девет се повредени во експлозија на еден универзитет во источна Кина, јавија денеска кинеските државни медиуми. Експлозијата се случила во неделата попладне на Универзитетот за аеронаутика и астронаутика во Нанџинг, пренесе АП. Надлежните истражуваат што е причина за експлозијата во Школата за наука за материјалите и технологијата на Универзитетот, …

(Видео) Експлозија на кинески универзитет, најмалку двајца мртви Read More »

Русите ќе мораат во Полска за иселенички визи за САД


Русите кои сакаат да поднесат барање за добивање иселеничка виза за САД ќе мора да одат во американската амбасада во Полска затоа што услугата не е достапна во Русија, соопшти Стејт департментот. „Нема повеќе да даваме нови термини за доселенички визи на руски државјани во Москва“, рече портпаролот на Стејт департментот за АФП, додавајќи дека …

Русите ќе мораат во Полска за иселенички визи за САД Read More »

Финска ја укина обврската за носење маски во јавниот превоз


Обврската за носење маски во јавниот превоз во Финска од денеска е укината. Патниците во возовите во земјата и во јавниот превоз во Хелсинки отсега можат да патуваат без маски, соопштија од железничкиот оператор ВР и компанијата ХСЛ, која управува со јавниот превоз во главниот град. Условот за носење маски беше на сила од март …

Финска ја укина обврската за носење маски во јавниот превоз Read More »

Најмалку 25 загинати во пожар во илегална рафинерија во Нигерија


Најмалку 25 лица, меѓу кои и малолетници, загинале во петокот во експлозија и пожар во илегална рафинерија за нафта во нигериската држава Ривер. Експлозијата се случила во петокот рано наутро, изјави еден од локалните жители. -Има голем број жртви… Изброивме 25 тела, изјави лидерот на локалната заедница Ифиани Омано за британските медиуми и додаде дека …

Најмалку 25 загинати во пожар во илегална рафинерија во Нигерија Read More »

Лидерот на германската ЦДУ, Армин Лашет, денеска ќе се повлече од функцијата премиер на Северна Рајна Вестфалија


 Армин Лашет, лидерот на  германска демохристијанска партија (ЦДУ), денеска официјално ќе поднесе оставка од функцијата премиер на покраината Северна Рајна Вестфалија, јавува ДПА. Лашет, кој во еден момент беше фаворит за наследник на партиската колешка Ангела Меркел на функцијата канцелар, но на парламентарните избори на 26 септември го постигна најлошиот резултат на ЦДУ досега. Лашет …

Лидерот на германската ЦДУ, Армин Лашет, денеска ќе се повлече од функцијата премиер на Северна Рајна Вестфалија Read More »

Руско МНР: Руски и кинески воени бродови ги организираа првите заеднички патроли во Тихиот Океан


Руски и кинески воени бродови ги организираа првите заеднички патроли во западниот дел на Тихиот Океан од 17. до 23 октомври, соопшти руското Министерство за надворешни работи. Како што пренесуваат странските медиуми, Москва и Пекинг, кои организираа вежби за поморска соработка во Јапонското Море во октомври, одржуваа поблиски воени и дипломатски врски во последниве години …

Руско МНР: Руски и кинески воени бродови ги организираа првите заеднички патроли во Тихиот Океан Read More »

Четворица загинати во снежна лавина во Еквадор


Еквадор– Четири лица загинаа, а едно е повредено во снежна лавина на вулкан во Еквадор, соопштија денеска властите. Група од 12 луѓе се искачиле на неактивниот вулкан Чимборазо, покриен со снег, кога лавина ги затрупала на височина од 6.100 метри. Врвот на вулканот Чимборазо е на надморска височина од 6.263 метри и е највисоката точка …

Четворица загинати во снежна лавина во Еквадор Read More »

Зехофер: Заштитата на границите е легитимна


Германија– Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер во неделата оцени дека желбата за заштита на границите е „легитимна“, додека европските земји бараат помош од ЕУ за изградба на ѕидови од бодликава жица и спречување на масовното пристигнување на мигрантите. Полска побара 350 милиони евра и мобилизираше илјадници војници на границата за да изгради ограда …

Зехофер: Заштитата на границите е легитимна Read More »

Тедрос: Пандемијата ќе заврши кога светот ќе одлучи, бидејќи сите алатки за борба против вирусот се достапни


Швајцарија– Пандемијата на Ковид-19 ќе заврши „кога светот ќе одлучи да стави крај“, бидејќи „сите алатки“ за борба против вирусот сега се достапни, рече во неделата шефот на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус, повторувајќи ги своите повици за поправедна дистрибуција на вакцината.   – Пандемијата ќе заврши кога светот ќе одлучи да и стави крај, таа …

Тедрос: Пандемијата ќе заврши кога светот ќе одлучи, бидејќи сите алатки за борба против вирусот се достапни Read More »

Ричард Гир повикан да сведочи на судењето на Салвини за мигрантите


Италија- Матео Салвини, лидер на италијанската десничарска партија Лига, рече дека судењето каде што се соочува со обвинение за киднапирање затоа што одбил да дозволи брод со мигранти да се закотви во земјата во 2019 година, не е сериозно бидејќи актерот Ричард Гир беше повикан да сведочи. Салвини, кој во тоа време беше министер за …

Ричард Гир повикан да сведочи на судењето на Салвини за мигрантите Read More »