Три бури за една недела: Ветар со бризна од 196 km/h во Велика Британија


 

Во текот на ноќта од неделата кон понеделникот трета бура за само една недела помина низ Велика Британија.

Со налети на ветрот од 140 километри на час, бурата Френклин го продолжи кошмарот низ земјата.

Издадени се вкупно 185 црвени предупредувања за веројатни поплави концентрирани во средиштето и во северниот дел од земјата, како и 172 портокалови предупредувања за поплави на југот на земјата.

Во манчестер евакуирани се околу 400 семејства, а се очекува реките Аир, Нид, Лалдер, Лримпи и Варф да ги пробијат своите брани.

Бурата Френклин ги отежна напорите да се вопостави напојувањето со електрична енергија за 4.500 домаќинства во Западен Есекс, кој е без струја во последните три дена.

Затворени се бројни мостови, како и делови од подземната железица на јавниот превоз.

Влијанието на силната бура се почувствува и ширум Белгија, а само во брисел забележани се 424 интервенции.

Откако го воведоа именувањето на бурите во 2015 година, ова е прв пат во само една недела да бидат забележани три бури со име на подрачјето во Велика Британија.

Во среда се очекува да престанат врнежите.

Повеќе од 200.000 британски домаќинства ни утрово не добија струја, откако бурата Јунис вчера исфрли милион домаќинства од електродистрибутивната мрежа, соопштиоја од електродистрибуција.

Жестоката атланска бура денеска донесе рекордно силни ветрови во Велика Британија, со удари од 196 километри на час.

Загинаа три лица и ширум земјата се предизвикани нарушувања, а најмалку шест смртни случаи се пријавени во ирска, Белгија и Холандија, пренесе Ројтерс.

Директорот на електродистибуција, Рон Истон вели дека бројот на исклучени корисници постојано се намалува и дека се обезбедува струја за граѓаните.

Речиси милион домови останаа без струја во ноември кога земјата беше погодена од бура,што ја поттикна владата да нареди ревизија на подротвеноста на комуналните претпријатија.