НАТО нема планови да испраќа трупи во Украина, рече Столтенберг


  НАТО нема војници внатре во Украина и не планира да испрати во земјата, изјави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, на прес-конференција за руската инвазија на Украина. „Нема борбени трупи на НАТО, воопшто нема војници на НАТО внатре во Украина. Ние јасно ставивме до знаење дека немаме никакви планови и намера за распоредување на …

НАТО нема планови да испраќа трупи во Украина, рече Столтенберг Read More »

Украинска гранична служба: Руските сили упаднаа во регионот на Киев


Руските сили се пробија во северниот дел на регионот Киев, соопштија украинските погранични сили, извршувајќи напад со проектили „Град“ врз владините позиции. Западни медиуми во северниот дел на главниот град на Украина регистрирале хеликоптери кои летаат кон градот, по извештаите дека аеродромот е нападнат. Патиштата надвор од Киев денеска се заглавени со сообраќај, бидејќи луѓето …

Украинска гранична служба: Руските сили упаднаа во регионот на Киев Read More »

Џонсон го нарече Путин „диктатор“, а инвазијата – „грозен и варварски потфат“


  Британскиот премиер Борис Џонсон го нарече Путин „диктатор“, а инвазијата врз Украина „грозен и варварски потфат“. Џонсон нагласи дека западните сојузници подготвуваат „голем“ пакет санкции против Русија. Тој му порача на народот на Украина: „Не можеме и нема само да гледаме на страна“. 

Олаф Шолц: „Црн ден за Европа“


  Германскиот канцелар Олаф Шолц го осуди нападот на Русија врз Украина, нарекувајќи го „црн ден за Европа“ и изразувајќи ја „целосната солидарност на неговата земја со Киев“. Шолц во изјавата во канцеларијата во Берлин во четвртокот рече дека новите санкции што ќе ги воведат Германија и нејзините сојузници кон Русија ќе покажат дека „Путин …

Олаф Шолц: „Црн ден за Европа“ Read More »

Украина тврди дека 50 Руси биле убиени на источниот фронт


  Украинските сили соопштија дека убиле околу 50 „руски окупатори“ додека ја вратиле контролата врз градот Шчастија на источната линија на фронтот, јави АФП. Агенцијата вели дека не може независно да го потврди тоа тврдење. Еве извадок од нивниот извештај за ситуацијата која брзо се движи додека руските тенкови напредуваат далеку во украинска територија, далеку …

Украина тврди дека 50 Руси биле убиени на источниот фронт Read More »

По руската инвазија, Молдавија го затвора воздушниот простор, Белорусија само „дел“


Молдавија соопшти денеска дека го затвора својот воздушен простор, како одговор на руската инвазија во Украина. Од друга страна, Белорусија информираше дека ќе затвори само „дел“ од својот воздушен простор. „Набљудувајќи ја ситуацијата во регионот, Врховниот совет за безбедност препорача да се затвори воздушниот простор на Молдавија“, напиша на Телеграм, заменик премиерот Андреј Спину. Тој …

По руската инвазија, Молдавија го затвора воздушниот простор, Белорусија само „дел“ Read More »

Литванија воведува вонредна состојба по инвазијата на Русија врз Украина


Властите во Литванија, членка на ЕУ и на НАТО, денеска соопштија дека ќе воведат вонредна состојба по воздушниот и копнениот напад на руската армија врз Украина. „Денеска ќе потпишам указ за воведување вонредна состојба“, изјави литванскиот претседател Гитанас Наузеда по состанокот на националниот совет за одбрана. Тој додаде дека „Литванија ќе побара активирање на членот …

Литванија воведува вонредна состојба по инвазијата на Русија врз Украина Read More »

Украина: Загинати повеќе од 40 украински војници и најмалку 10 цивили


   Повеќе од 40 украински војници и околу 10 цивили загинаа во првите часови од руската инвазија на Украина, изјави Олексеј Арестович, член на Кабинетот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски. „Знам дека повеќе од 40 се убиени и неколку десетици ранети. Знам за речиси 10 цивилни загуби“, изјави Арестович.  Украинските власти тврдат дека во …

Украина: Загинати повеќе од 40 украински војници и најмалку 10 цивили Read More »

Украина ги прекина дипломатските односи со Русија


  Украина ги прекина дипломатските односи со Русија откако Москва започна целосна инвазија, објави во четвртокот претседателот Володимир Зеленски. Зеленски ја даде изјавата во телевизиско обраќање во живо, споредувајќи ја Русија со нацистичка Германија. „Украина се брани и ние нема да ја отстапиме нашата слобода“, рече тој. „Русија ја нападна нашата држава на начинот на …

Украина ги прекина дипломатските односи со Русија Read More »

Корумпираните европски политичари бегаат од рускиот срам


Поранешниот фински премиер Еско Ахо ќе поднесе оставка од Надзорниот одбор на руската државна Сбербанк,  објавија финските медиуми. Според нив, Ахо рекол дека презел чекори да ја напушти најголемата руска банка со итен ефект, наведувајќи ја како причина „општата ситуација“.

Навални: Оваа војна мора да се запре!


„Оваа војна мора да се запре“, изјави денеска затворениот руски опозициски лидер Алексеј Навални на четвртиот ден од неговото судење во Москва. „Сметам дека оние кои ја покренаа оваа војна се бандити и крадци… Мислам дека оваа војна е дизајнирана да го одвлече вниманието од проблемите на Русија и само ќе доведе до поголемо осиромашување“, …

Навални: Оваа војна мора да се запре! Read More »

Веќе има мртви и ранети од војната во Украина


Има бројни спротивставени тврдења за повредни, загинати луѓе и за соборувања на авиони неколку часа по воената агресија на Русија врз Украина.  Украинското Министерство за внатрешни работи соопшти дека седум војници загинале во првичните воздушни напади и дека уште 15 биле повредени. Се наведува дека 19 војници се водат за исчезнати и дека е уништен …

Веќе има мртви и ранети од војната во Украина Read More »

Во живо: Војна во Украина


24 февруари 15:20 РАКЕТИ ИСПАЛЕНИ ОД БЕЛОРУСИЈА, А  ТВРДИ ДЕКА НЕ УЧЕСТВУВА ВО ВОЈНАТА Вооружените сили на Украина објавија на Твитер дека четири балистички ракети се лансирани од белоруска територија на Украина. Руските сили утрово ја нападнаа Украина од белоруска почва, каде што беа стационирани за наводни воени вежби. ГОЛЕМИОТ ПЛАН НА ПУТИН  Западните власти …

Во живо: Војна во Украина Read More »

Tрогателни сцени од Харков: Украинци клекнуваат да се молат на градскиот плоштад


Клариса Вард од Си-Ен-Ен известува од Харков, Украина, каде што сведочи дека група луѓе се собираат за да клекнат и да се молат на градскиот плоштад неколку часа по најавата на рускиот претседател Владимир Путин за воена операција во Украина.   Целото видео на следниов ЛИНК. 

(Фото) Мапа на сите руски напади во Украина


Руската агресија буквално се одвива на територијата на целата држава Украина. Се бомбардираат главно воени цели  за да се уништи одбранбената моќ на земјата и за да се отсече командата на воените сили. Нападот се одвива со сите воени сретства – бомбардери, хеликоптери, лансери на ракети … за да се отвори простор за копнена инвазија. …

(Фото) Мапа на сите руски напади во Украина Read More »

Жителите на Лавов советувани да не паничат, редици пред банките за вадење пари


Жителите на Лавов, западна Украина, беа советувани од локалните власти изутринава, да не паничат. Според локалните извештаи, ова следува по рускиот напад врз земјата. Властите во градот им укажаа на граѓаните да ги исклучат светлата и да најдат засолниште, информираше локална телевизија. Тие, исто така, би требало да ги земат со себе поважните документи. Си-Ен-Ен …

Жителите на Лавов советувани да не паничат, редици пред банките за вадење пари Read More »

Од небото над Украина „исчезнаа“ цивилните авиони (фото)


Како изгледа претпладнево небото над Украина, може да се види од апликацијата Флајтрадар, која во реално време ги следи воздухопловите во целиот свет. Фотографијата, направена како скриншот од овој популарен интернет сајт, покажува дека целиот воздушен сообраќај денеска е пренасочен по други рути кои го заобиколуваат воздушниот простор над Украина, но и над делови од …

Од небото над Украина „исчезнаа“ цивилните авиони (фото) Read More »

Лукашенко тврди дека белоруската армија не учествува во руската инвазија врз Украина


Белорускиот лидер Александар Лукашенко изјави денеска дека  војската на државата  не учествува во руската инвазија на Украина, објавија државните медиуми. „Нашите вооружени сили не учествуваат во оваа операција“, рече Лукашенко, сојузник на рускиот претседател Владимир Путин.

Украинскиот министер за одбрана ги повика сите што можат да држат оружје да се приклучат во одбрана на земјата


Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников изјави дека секој кој е подготвен и способен да држи оружје може да се приклучи на редовите на Територијалните одбранбени сили. Украинските гранични сили претходно соопштија дека руски копнени сили утринава од повеќе правци навлегле на украинска територија. – Руски воени возила, вклучително и оклопни возила, навлегоа во регионите …

Украинскиот министер за одбрана ги повика сите што можат да држат оружје да се приклучат во одбрана на земјата Read More »

Украина побара од Анкара да ги затвори Босфорот и Дарданелите за руските бродови


Украина побара од Анкара да го ограничи минувањето на руските воени бродови низ Босфорот и Дарданелите. „Ги повикуваме турските власти да и помогнат на Украина. Бараме Босфорот и Дарданелите да бидат затворени за руските воени бродови“, изјави украинскиот амбасадор во Анкара Вадили Боднар, пренесува ТАСС. Украинскиот парламент, Врховната рада, денеска го потврди указот на претседателот …

Украина побара од Анкара да ги затвори Босфорот и Дарданелите за руските бродови Read More »