По руската инвазија, Молдавија го затвора воздушниот простор, Белорусија само „дел“


Молдавија соопшти денеска дека го затвора својот воздушен простор, како одговор на руската инвазија во Украина. Од друга страна, Белорусија информираше дека ќе затвори само „дел“ од својот воздушен простор.

„Набљудувајќи ја ситуацијата во регионот, Врховниот совет за безбедност препорача да се затвори воздушниот простор на Молдавија“, напиша на Телеграм, заменик премиерот Андреј Спину.

Тој додаде дека воздушниот простор ќе биде затворен од 12 часот по средноевропско време, како и дека „сите летови ќе бидат пренасочени кон други аеродроми“.

Белоруското Министерство за одбрана соопшти дека „затвора дел од својот воздушен простор за цивилни авиони“.