Рускиот амбасадор во САД повикан во Стејт департментот по инцидентот над Црното Море


 Портпаролот на американскиот Стејт департмент, Нед Прајс изјави дека амбасадорот на Русија во САД, Анатолиј Антонов денеска е повикан во Стејт департментот по инцидентот со американскиот дрон кој се урна во Црното Море. „Го повикавме рускиот амбасадор, очекуваме состанок подоцна денеска“, рече тој. Додаде дека САД директно комуницираат со руската страна на високо ниво за […]

Бајден: Ќе има задолжителна проверка на минатото при купување оружје


Американскиот претседател Џо Бајден се очекува денеска да соопшти одлука што ќе значи дека идните купувачи на оружје во САД ќе бидат предмет на проверки на потеклото и минатото, соопшти Белата куќа. Бајден се очекува да ја потпише наредбата за време на патувањето во паркот Монтереј, Калифорнија, каде ќе се сретне со семејствата и заедниците […]

Небензја: Германија, Данска и Шведска го отфрлија предлогот на Русија за соработка во истрагата за саботажата на Северен тек


Германија, Данска и Шведска го отфрлија предлогот на Русија за соработка во истрагата за саботажа на гасоводите „Северен тек“, се вели во писмото на постојаниот претставник на Руската Федерација во Обединетите нации, Василиј Небензја, упатено до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, Советот за безбедност на ОН и Генералното собрание на светската организација. Според Небензја, […]

Париз затрупан во ѓубре поради штрајкот на јавната служба


Околу шест тони ѓубре се насобрани на улиците на француската престолнина Париз, поради штрајкот на работниците во јавната градска служба кои се приклучија на масовните протести против реформата на пензискиот систем, пишува во вторникот весникот Midi Libre. На париските улици, поради штрајкот на вработените во градската служба кој започна на 7-ми март, веќе се насобрале […]

Руските фабрики за оружје префрлени во работа на воен режим


  Руските фабрики за оружје ја префрлија својата работа на воен режим со цел да ги задоволат потребите за муниција на војниците кои се борат во Украина. Како што објави РИА Новости во државната корпорација „Ростек“, производството на муниција порасна многу пати, а за некои видови производи – десетици пати. „Индустријата испорачува муниција од сите […]

Финска ќе влезе во НАТО без нас, изјави премиерот на Шведска


  Неподготвеноста на Турција да ја одобри шведската кандидатура за НАТО ги попречува шансите Стокхолм и Хелсинки заедно да се приклучат на воената алијанса, изјави во вторникот шведскиот премиер. „Не е исклучено Шведска и Финска да ратификуваат во различни чекори“, рече Улф Кристерсон на брифинг со новинарите, според јавниот радиодифузен сервис СВТ. Веројатноста за ова […]

ЕУ ги зголемува средствата за воена помош на речиси осум милијарди евра


Советот на ЕУ објави дека одлучил да ги зголеми средствата од Европскиот механизам за поддршка на мирот на 7,979 милијарди евра до 2027 година за да ги покрие дополнителните трошоци. ЕУ ги користи тие средства за вооружување на Украина. Во декември минатата година беше одлучено да се додадат две милијарди евра на овие средства во 2023 […]

На Русите забрзано им снемува тенкови


  Недостигот од тенкови во Русија е полош отколку што претходно мислеа некои набљудувачи, бидејќи залихите на најбројниот руски тенк, Т-72 од времето на студената војна, брзо се намалуваат. Растечкиот недостиг на Т-72 објаснува зошто Русите сѐ повеќе ги пополнат своите новомобилизирани баталјони со застарени тенкови Т-62 и Т-80Б, анализира „Форбс“, главно врз основа на […]

Мексиканскиот претседател изјави дека Мексико е побезбедна земја од САД


Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор изјави дека неговата земја е побезбедна од САД одговарајќи на критиките за безбедноста во Мексико, откако четворица Американци беа киднапирани во северниот дел на земјата претходно овој месец, а двајца од нив загинаа. – Мексико е побезбедна земја од САД. Нема проблем безбедно да се патува низ Мексико, рече […]

Германски авиони 27 пати интервенирале како одговор на руски авиони над Балтикот


Германските борбени авиони стационирани во источното крило на НАТО од август минатата година интервенирале 27 пати откако биле предупредени за непознати авиони во балтичкиот регион, соопштија германските воздухопловни сили Луфтвафе. Портпарол за ДПА изјавил дека германските сили идентификувале руски воени авиони над Балтичкото Море. „Еурофајтер тајфуните“ на германскиот Луфтвафе се предупредуваат кога непознати авиони се […]

Во Квебек комбе влета во група пешаци, двајца загинати, деветмина повредени


Две лица загинаа, а девет се повредени кога комбе влета во пешаци во источен Квебек, соопшти канадската полиција. Возачот на комбето е уапсен на местото на настанот, а истрагата е во тек, изјави портпаролката на локалната полиција. Таа додаде дека се верува дека станува збор за изолиран инцидент. Несреќата се случила околу 15 часот по […]

Како руската инвазија ги откри недостатоците на НАТО


Руската инвазија на Украина првично се чинеше дека ги поттикна сојузниците на НАТО да преземат поенергични улога во одбраната на Европа. Но, неодамна, некои аналитичари забележаа дека се чини дека војната всушност имала спротивен ефект врз зависноста на Европа од Вашингтон, пишува Кристофер МекКалион во написот објавен во „Нејшенл интерест“ (National Interest). Тоа, според МекКалион, […]

Саливан: Бајден и Си наскоро ќе остварат телефонски разговор


Американскиот претседател Џо Бајден во наредниот период ќе разговара со кинескиот лидер Си Џинпинг, изјави денеска американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан. -Не можам да ви дадам датум. Бидејќи датумот не е одреден, но претседателот Бајден изрази подготвеност да има телефонски разговор со претседателот Си, рече Саливан по завршувањето на годишната парламентарна сесија во […]

Русија ќе го обнови договорот за извоз на жито, но за 60 дена, остри реакции од Киев


Договорот што овозможува безбеден извоз на жито од пристаништата на Украина во Црното Море автоматски ќе биде продолжен по 18 март доколку нема забелешки од вклучените страни, објави руската државна новинска агенција ТАСС, пренесе Хина. Повикувајќи се на неименуван извор запознаен со деталите од преговорите за договорот, ТАСС објави дека ниту една од инволвираните страни […]

Кина ги отвора границите за странски туристи за првпат по 2020 година


Кина најави дека од утре ќе продолжи со издавање на сите видови визи и ќе ги отвори своите граници за странските туристи, за првпат после три години од избувнувањето на пандемијата на коронавирусот. Последната мерка за прекугранична контрола за Ковид-19 беше укината минатиот месец откако властите прогласија победа над пандемијата. Поттикнувањето на туристичкиот сектор треба […]

Зеленски: Иднината на Украина се одлучува на истокот од земјата каде се водат тешки борби


Украинскиот претседател Володимир Зеленски, ноќеска, во своето редовно обраќање до сонародниците, изјави дека иднината на неговата земја се решава во источна Украина, каде борбите се многу тешки. -Ситуацијата на исток е многу тешка и многу болна. Мораме да ја уништиме воената моќ на непријателот и ќе го направиме тоа, рече Зеленски во ноќното видео обраќање. […]

Павел: Украина полесно ќе влезе во ЕУ, отколку во НАТО


 Чешкиот претседател, Петр Павел, денеска, за време на неговата посета на Словачка, изјави дека полесно ќе биде да се оправда влезот на Украина во Европската унија како економски, социјален и културен потег отколку воен, кога би била примена во НАТО. -Многу земји се согласуваат дека Украина треба да биде поканета во западниот блок што е […]

Во Швајцарија се појави болеста „кравјо лудило“


Канцеларијата за безбедност на храна и ветеринарство на Швајцарија пријави случај на атипична говедска спонгиформна енцефалопатија (БСЕ), по два случаи во Шпанија и Холандија. Случајот бил откриен при рутинска проверка на БСЕ во кантонот Граубинден, кај 12-годишно животно. БСЕ го напаѓа мозокот на добитокот. Животните се разболуваат со типична БСЕ поради потрошувачката на добиточна храна […]

ФБИ: Злосторствата од омраза во САД се зголемени за 11,6 отсто во 2021 година


Злосторствата од омраза во САД се зголемени за 11,6 отсто во 2021 година во споредба со 2020 година, а најчесто се мотивирани од расни и етнички предрасуди, соопшти денеска ФБИ. Во извештајот, ФБИ посочи дека пријавените случаи на злосторства од омраза се зголемиле на 9.065 во 2021 година од 8.120 во 2020 година. Според објавените […]

Лондон ги означи Кина за предизвик на светскиот поредок, а Русија за акутна закана


Велика Британија денеска ја означи Кина како предизвик за светскиот поредок што ја дефинира епохата, наведувајќи дека Русија и натаму останува „најакутна закана“. Официјален Лондон во најновата надворешнополитичка рамка наведе дека безбедноста на Обединетото Кралство зависи од исходот на војната во Украина. Британските медиуми наведуваат дека британската Влада во најновиот документ  предупредува на продлабочувањето на партнерството […]