Макрон пристигна во тридневна посета на Кина


Францускиот претседател Емануел Макрон денеска пристигна во Пекинг во тридневна државна посета на Кина.

Тоа е прва посета на шеф на француската држава на Кина од 2019 година.

Во попладневните часови Макрон се очекува да се сретне со француската заедница во Пекинг . За утре е планирана средба на францускиот претседател со неговиот кинески колега Си Џинпинг, а в петок Макрон ќе го посети градот Гуангжу, во Југоисточна Кина.