Во Лондон меѓународна конференција за воени злосторства во Украина


Англија – Министрите за правда од целиот свет ќе се сретнат денеска во Лондон за да разговараат за зголемување на поддршката за Меѓународниот кривичен суд (МКС) откако минатата недела издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин.   МКС го обвини Путин за воено злосторство за незаконско депортирање стотици деца од Украина. Москва ги отфрла […]

Која е жената што Хаг ја стави на потерницата со Путин?


Меѓународниот кривичен суд  во Хаг издаде налог за апсење на претседателот Владимир Путин и Марија Лвова-Белова. Таа е клучна фигура во системот на депортација на украински деца во Русија. Лвова-Белова е претседателски омбудсман за правата на децата, а нејзината улога беше опишана пред неколку дена во извештајот на Лабораторијата за хуманитарни студии на Универзитетот Јеил […]

Путин бил спонтано во Мариупол, Украина ја осудува посетата


Рускиот претседател Владимир Путин во последен момент одлучи да замине во Мариупол, украинскиот град уништен со бомбардирање, соопшти денеска Кремљ, додека украинските власти ја осудија посетата на рускиот лидер кого го нарекоа „меѓународен злосторник“. „Сето тоа беше многу спонтано“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој додаде дека не била планирана ниту обиколка на градот, […]

Берлин ќе го уапси Путин ако стапне во Германија


Германскиот министер за правда, Марко Бушман за весникот „Цајт“ изјави дека доколку рускиот претсеадтел стапне на германска територија, тие веднаш ќе го уапсат. -Очекувам дека Меѓународниот кривичен суд наскоро ќе стапи во контакт со Интерпол, како и со земјите-членки, и ќе побара од нив да ја спроведат (наредбата). Тогаш Германија ќе има обврска да го […]

(Видео) Путин во ненадејна посета на Мариупол


Претседателот Владимир Путин дојде во ненадејна посета на Мариупол, објавија руските државни медиуми , што ќе биде прво патување на лидерот на Кремљ на териториите окупирани од Русија на украинскиот регион Донбас од почетокот на војната. Посетата дојде откако Путин во саботата отпатува на Крим во ненајавена посета на одбележувањето на деветгодишнината од руската анексија […]

19 март во историјата – Почна војната во Ирак


На 19 март 2003 година, САД, заедно со коалициските сили првенствено од Обединетото Кралство, иницираа војна против Ирак. Веднаш откако експлозиите почнаа да го потресуваат Багдад, главниот град на Ирак, американскиот претседател Џорџ В. Буш во телевизиско обраќање објави: „Во овој час, американските и коалициските сили се во раните фази на воените операции за разоружување […]

(Видео) Најмалку шест жртви во земјотресот во Еквадор, паника меѓу луѓето


Најмалку шест лица го загубија животот во силен земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди областа околу Гвајакил, вториот по големина град во Еквадор. Од потресот има урнатини и оштетени зградите, а жителите во паника излегоа на улиците. #Earthquake Ecuador 🔴 Daños importantes en #Machala pic.twitter.com/Ebzog75W37 — 🅸🅽🅵🅾🆂🅸🆂🅼🅾🅻🅾🅶🅸🅲 (@EarthquakeChil1) March […]

Московјанин уапсен во метро затоа што имал антивоени слики во телефонот


  Жителот на Москва, Јуриј Самоилов, беше ставен во притвор на 14 поради сликите во неговиот телефон. Ова за „Нова газета Европа“ го изјави братот на уапсениот Николај Лунченков. Самоилов бил приведен утрото на 17 март во метрото, кога еден од патниците видел слики на неговиот телефон што ја „дискредитирале руската армија“ и повикал полиција. […]

Трамп шири тревога – ќе бил уапсен во вторник


  Доналд Трамп објави на сопствената платформа за социјални медиуми Truth Social дека очекува да биде уапсен во вторник во кривичниот случај во Њујорк, кој вклучува прикриени исплати на порно ѕвездата Сторми Даниелс. Претходно оваа година, поранешниот американски претседател повика на протести од своите поддржувачи доколку е обвинет во некоја од бројните криминални истраги во […]

Русија: До 15 години затвор за „лажни“ вести за платениците од „Вагнер“


  Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон за казнување за дискредитација и „фалсификување“ против доброволци и платеници. Сега, оние што шират лажни информации за нив, може да добијат и до 15 години затвор. Се прават нови измени во членот 207.3 од Кривичниот законик на Руската Федерација, кој претходно се занимаваше само со ширење на „лажни […]

Потерницата за Путин дојде во незгодно време за Ши Џинпинг


  Плановите на кинескиот претседател Ши Џинпинг да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во Москва следната недела ги истакнаа аспирациите на Кина за поголема улога на светската сцена. Но, тие, исто така, ги открија опасностите на глобалната дипломатија: неколку часа по објавувањето на патувањето во петокот, беше издадена меѓународна потерница за Путин под […]

Нови судири меѓу полицијата и демонстрантите во Париз поради пензиската реформа на Макрон


Полицијата вечерва се судри со демонстрантите во Париз за време на новиот протест против планот на француската влада за зголемување на старосната граница за пензионирање. Зголемените тензии кои резултираа со серија штрајкови од почетокот на оваа година, и купиштата ѓубре на париските улици, претставуваат најголем предизвик за претседателот Емануел Макрон од таканаречените протести на „жолтите […]

На Путин веројатно нема да му се суди, но тој стана меѓународен отпадник


  Меѓународниот кривичен суд (МКС) го направи претседателот Владимир Путин човек од потерница. Русија не е членка на МКС и не се очекува дека некој осомничен ќе биде предаден. Но, налогот ќе го направи рускиот претседател меѓународен отпадник и ќе му го отежне патувањето, особено во која било земја што е приклучена кон МКС. Членовите […]

Малцински јазици: Во Германија не се зборува само германски


Во Германија не се зборува само германски јазик. Седум регионални и малцински јазици во земјата се под посебна заштита. Весници, радио и телевизиски емисии, дури и сопствени училишта и образование – признатите национални малцинства во Германија се обидуваат да ги одржат во живот своите разнолики јазици. Во Германија има вкупно четири признати малцинства: данското малцинство, […]

Кремљ по налогот за апсење на Путин: „Ова е срамота и неприфатливо“


Русија не ја признава јурисдикцијата на Меѓународниот кривичен суд (МКС), откако тоа тело издаде налог за апсење на претседателот на земјата, Владимир Путин, соопшти денеска Кремљ. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Русија ги смета одлуките на судот „ништовни и неважечки“ и дека прашањата што ги поставува судот се „срамота и неприфатливи“. На прашањето […]

Билетот од 49 евра во Германија доби зелено светло


Од 1 мај граѓаните треба да можат да го користат локалниот превоз низ Германија за 49 евра месечно. Бундестагот сега одобри делумно финансирање на билетот наречен Deutschlandticket, пренесуваат германските медиуми. Членовите на „Семафор-коалицијата“ го одобрија предлог-законот на министерот за транспорт Волкер Висинг (FDP), левицата беше воздржана, а Унијата и AfD гласаа против. Според донесената одлука, […]

Во Париз повеќе од 10.000 тони ѓубре на улиците


Над 10.000 тони ѓубре има на улиците на Париз поради штрајкот на градските работници за собирање смет, соопштија денеска градските власти. Властите на социјалистичката градоначалничка на Париз, Ан Идалго, посочија дека ниту еден камион за собирање ѓубре не излегол на улиците. Тие 12 дена штрајкуваат против реформата на пензискиот систем со која се предвидува пензионирање […]

Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на Путин поради воени злосторства во Украина


Меѓународниот кривичен суд во Хаг денеска соопшти дека издал налог за апсење на претседателот на Русија, Владимир Путин, под обвинение за воени злосторства поради неговата можна вмешаност во киднапирањето деца од Украина. Судот наведе дека Путин е осомничен за „воено злосторство илегална депортација на население (деца) и нелегално преселување на население (деца) од окупираните територии […]

СЗО: Корона вирусот наскоро ќе биде споредлив со сезонскиот грип


Корона вирусот наскоро ќе биде споредлив со заканата од сезонски грип, соопшти денеска Светската здравствена организација, која се надева дека повторно ќе го намали максималното ниво на предупредување оваа година. „Мислам дека доаѓаме до точка каде што можеме да гледаме на коронавирусот на ист начин како што гледаме на сезонскиот грип, кој е здравствена закана, […]

Турција се согласи Финска да влезе во НАТО, објави Ердоган


  Турција одлучи да го започне процесот на ратификација на пристапот на Финска во НАТО, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на прес-конференција во петокот во Анкара. „Одлучивме да го започнеме парламентарниот процес на ратификација на протоколот за пристапување на Финска во НАТО“, рече Ердоган. Финска и Шведска ја објавија својата намера да се приклучат […]