Две деца пронајдени починати во стан во Германија: уапсена е жена


Две деца се пронајдени починати во стан во Хокенхајм и германската покраина Баден-Виртемберг.

43-годишна жена е уапсена под сомнение за убиство, пренесува „БИЛД“.

Засега не се знае каков однос имала уапсената со децата, ниту дали е мајка или роднина.

Децата се на возраст од седум и девет години, соопштија од државното обвинителство и полицијата во Манхајм.

Причината за смртта на децата не е објавена, а властите наредија обдукција на двете тела.