Украина: Русите го нападнаа Киев со ракетите Кинжал, сите ги соборивме


Во најновиот руски напад врз Киев беа соборени 12 проектили и двe беспилотни летала, соопшти украинското воздухопловство. Според нив прелиминарните информации покажуваат дека се уништени шест воздушни балистички ракети Кинжал и шест крстосувачки ракети Калибр. Кинжал или Кх-47 се балистички ракети кои се лансираат од воздух и имаат дострел од околу две илјади километри, а […]

Вработен на аеродром почина откако бил вовлечен од моторот на авион


Вработен во „Делта ерлајнс“ почина откако бил вовлечен во мотор од авион на пистата на меѓународниот аеродром во Сан Антонио. Националниот одбор за безбедност на транспортот (NTSB) потврди дека член на копнениот екипаж на авиокомпанија починал откако бил вовлечен во моторот на летот на „Делта ерлајнс“. Агенцијата опишува дека работникот бил „проголтан“ во моторот. Властите […]

Мајка го оставила бебето дома и отишла на одмор 10 дена, обвинета е за убиство


Кристел Канделарио (31) од Охајо е обвинета дека ја убила својата 16-месечна ќерка Џејлин, која 10 дена ја оставила сама дома и заминала на одмор. Кога се вратила од патување во Детроит и Порторико, го нашла девојчето мртво, пишува Дејли Меил. Таа пред судот под заклетва изјавила дека на 6 јуни го оставила малото девојче […]

Во Москва и регионот Воронеж укинат режимот на антитерористичката операција


Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин денеска соопшти дека се укинува режимот на антитерористичката операција воведен во руската престолнина во врска со акциите на приватната воена компанија „Вагнер“ во саботата. Собјанин ја објави својата одлука на социјалната мрежа Телеграм. Руските медиуми го цитираа локалното седиште на Федералната служба за безбедност во регионите Воронеж и Москва, кои […]

Принцот Вилијам почна да спроведува петгодишна програма за помош на бездомниците


Британскиот престолонаследник, принцот Вилијам почна да спроведува петгодишна програма за помош на бездомници „Homewards“ во која планира да обезбеди средства и стручни совети на шест локации со цел да се намали бројот на бездомници.   „Цврсто сум убеден дека со заедничка работа можеме да го направиме бездомништвото ретка појава. Со нетрпение очекувам да работам на […]

Трамп: Конфликтот на Москва со Вагнер е „голем хаос“


Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го коментираше конфликтот меѓу Русија и платеничката група Вагнер во објава на социјалната мрежа што ја создаде самиот „Truth Social“. Тој го нарече вооружениот бунт организиран од лидерот на Вагнер Евгениј Пригожин  „голем хаос“. „Голем хаос во Русија, но внимавајте што посакувате. Следниот може да биде многу полош!“, напиша Трамп. […]

Апсења во Истанбул при обидот за организирање Парада на гордоста


Турската полиција уапси демонстранти од ЛГБТ+ заедницата во Истанбул кои денеска се обидоа да одржат Парада на гордоста и покрај забраната на властите, објави турското издание „Дувар“, не прецизирајќи го бројот на уапсени. Во рамките на денешниот 21. Прајд во Истанбул, полициски екипи со бариери ги блокираа сите улици кои водат кон булеварот Истиклал и […]

За Блинкен заканата од Вагнер не е завршена


Државниот секретар на САД,  Антони Блинкен, изјави дека Вашингтон претпоставува дека потенцијалната закана за рускиот претседател Владимир Путин можеби не е завршена. „Ова е приказна што се развива“, рече Блинкен во неделата за време на интервјуто за „Соочи се со нацијата“ на CBS. „Не го видовме последниот чин. Ние набљудуваме многу внимателно“. Актуелната криза во […]

НАТО на линија со Шојгу додека траеше бунтот на Вагнер


Поради стравот на НАТО од можен нуклеарен инцидент, имало „неформални контакти“ меѓу Алијансата и руското Министерство за одбрана во врска со обидот за бунт „Вагнер“, соопшти денеска римска „Република“.   Според италијанскиот весник, вниманието на НАТО било насочено кон повеќе од 1.400 нуклеарни боеви глави кои можат веднаш да се употребат. Соговорник бил рускиот министер за […]

Најмалку 13 руски војници загинале за време на бунтот на „Вагнер“


  Најмалку 13 руски војници се убиени за време на бунтот на паравоената група Вагнер, вклучително и пилоти, соопштија проруски воени блогери. Бројот на жртви може да надмине 20, посочија денеска независни коментатори, со оглед на соборувањето на шест хеликоптери и извидувачки авион од страна на ловците на Евгениј Пригожин, шефот на Вагнер. Засега нема […]

Поранешен премиер на Русија: Ова е почетокот на крајот на Путин


Поранешниот руски премиер Михаил Касјанов во изјава за Би-Би-Си оцени дека бунтот на платеничката група Вагнер го означил „почетокот на крајот“ за рускиот претседател Владимир Путин. Касјанов, кој беше премиер на Русија од 2000 до 2004 година и кој е гласен критичар на Путин, вели дека рускиот претседател е во „многу голема неволја“ во моментов. […]

„Вагнеровци“ се вратија во своите бази, но никаде го нема нивниот шеф – Пригожин


Никој во моментов не знае каде се наоѓа лидерот на побунетата платеничка војска „Вагнер“, Евгениј Пригожин, кој синоќа со посредство на белорускиот претседател Алексдандар Лукашенко го прекина походот на „Москва“, и се договори неговите војници да се вратат во своите теренски бази, а тој да се префрли во Белорусија, со добиени безбедносни гаранции. Откако доцна […]

Британското разузнавање: Украина постојано напредува во контраофанзивата


  Британското Министерство за одбрана во својот редовен дневен брифинг за случувањата во војната во Украина денеска извести дека украинската армија „постепено, но тактички напредува“ во делови од земјата под контрола на Русија. „Украинските сили се позиционираа и продолжуваат со големите офанзивни операции на три главни оски во јужна и источна Украина“, јави министерството на […]

Британски генерал предупредува: Вагнер може да го нападне Киев од Белорусија


Британскиот генерал Ричард Данат предупреди дека украинските лидери мора да внимаваат на шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин, оти би можел да го нападне Киев од Белорусија. „Ако Пригожин задржал ефективна борбена сила околу себе, тогаш тој повторно претставува закана за украинското крило најблиску до Киев, каде што започна војната“, изјави Данат. Тој тврди дека е […]

Лавров: Русија ја задржува контролата врз нуклеарното оружје во Белорусија


Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, изјави дека неговата земја ја задржува контролата врз тактичкото нуклеарно оружје што ќе биде распоредено во Белорусија, во согласност со меѓународните обврски. -Ова распоредување на нуклеарно оружје на ниту еден начин не прекршува какви било меѓународни обврски на Белорусија или на Руската Федерација, вклучително и обврските од Договорот за […]

Американските разузнувачи не знаат се уште од каде дојде корона вирусот


Администрацијата на Бајден објави разузнавачки информации за лабораторијата во Вухан Документот од 10 страници не открива никаков доказ ниту за истекување на вирусот Ковид-19 од  лабораторијата, ниту дека негов извор било животно. Американските разузнавачки агенции не знаат како започна пандемијата Ковид-19, велат декласифицираните разузнавачки служби. Канцеларијата на директорот на националното разузнавање  рече дека сите владини […]

„Њујорк тајмс“: САД знаеле за бунтот на Пригожин уште во средата


Уште во средата високи функционери за национална безбедност на САД имаа докази дека основачот на приватната воена компанија „Вагнер“, Евгениј Пригожин, се подготвува да преземе воена акција против руското Министерство за одбрана. Ова го пишува „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на извори запознаени со ова прашање. „Информациите се сметаат за сигурни  и загрижувачки поради можноста големиот […]

„Путин е понижен“: Светскиот печат за бунтот на Вагнер


Светот вчера се тркаше да ги покрие настаните што брзо се одвиваа во Русија, при што многумина  се прашуваат што може да значи ова за рускиот претседател Владимир Путин. Невообичаеното востание на платениците на Вагнер, кои се пресудни за воената машина на Путин во Украина, доминира во насловите ширум светот  доведувајќи ја во прашање моќта […]

Вагнеровци беа испратени со скандирања, заврши ли драмата во Русија?


  Една од најсериозните безбедносни кризи во Русија почна да се решава со договорот за заминување на лидерот на побунетите платенички сили „Вагнер“ од Русија, кој нема да се соочи со обвиненија, а неговите сили се повлекуваат од градовите на југот на Русија и застанува маршот кон Москва. Евгениј Пригожин го прекина движењето на своите сили […]

Пригожин доби амнестија, Путин му се заблагодари на Лукашенко за договорот со „Вагнер“


  Рускиот претседател Владимир Путин  синоќа телефонски му се заблагодарил на својот белоруски колега Александар Лукашенко за сработеното за решавање на ситуацијата околу приватната воена компанија Вагнер. „Денеска во 21 часот повторно телефонски разговараа претседателите на Белорусија и Русија. Претседателот на Белорусија детално го информираше претседателот на Русија за резултатите од преговорите со раководството на […]