Путин се закани со контроверзното оружје по потегот на САД, најави и контраофанзива во Украина


Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека неговата армија има „добра резерва“ на касетна муниција, заканувајќи се дека ќе ја употреби на линијата на фронтот против Украина, доколку Киев ги употреби. Вашингтон најави претстојна испорака во Украина на овој тип муниција, чија употреба е контроверзна бидејќи може да предизвика колатерални цивилни жртви. „Русија има добра резерва […]

Министрите за финансии на Г-7 потврдија дека поддршката на нивните земји за Украина останува непроменета


 Министрите за финансии на земјите од Г-7 денеска изјавија дека поддршката на нивните земји за Украина останува непроменета, јави јапонската новинска агенција Кјодо, повикувајќи се на јапонскиот министер за финансии Шуничи Сузуки. Минатата недела, лидерите на Г7 изјавија дека ќе продолжат да и помагаат на Украина со обезбедување оружје, обука и разузнавачки информации како дел […]

Во Неапол се урна стара зграда, спасувачите трагаат по преживеани


Најмалку три лица се спасени од урнатините откако денеска се урна трикатна станбена зграда во предградие на Неапол. Спасувачите ја продолжуваат потрагата по преживеани, а не е познато колку луѓе имало во зградата во моментот на уривањето, објавија италијанските медиуми. Две лица се полесно повредени при уривањето, кои биле погодени од парчиња од урнатините во […]

Изборите во Шпанија и Холандија може да ги загрозат планираните фискални реформи во ЕУ


Предвремените парламентaрни избори во Шпанија и Холандија, чии досегашни влади беа поддржувачи на предлозите за промeни во Пактот за стабилност и раст на ЕУ, би можеле да го загрозат процесот на фискални реформи во ЕУ, чиј предлог беше усогласен по долготрајни и тешки преговори. Како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, евентуалната промена […]

Силен земјотрес од 7,4 степени на Алјаска, дадено предупредување за цунами


Земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала го погоди рано утринава полуостровот Алјаска, објави Американскиот геолошки институт. По земјотресот, што беше на длабочина од 9,3 километри, беше издадено предупредување за цунами.

Најпогодени постарите и жените: Лани горештините во Европа одзеле речиси 62.000 животи


61.672 луѓе починале од болести поврзани со горештини во Европа во периодот од 30 мај до 4 септември минатата година, според студијата објавена во списанието Nature Medicine. Италија беше најтешко погодена земја со околу 18.000 смртни случаи, следи Шпанија со нешто повеќе од 11.000 и Германија со околу 8.000. Истражувачите откриле и дека екстремната жештина […]

Британскиот министер за одбрана Бен Вoлас се повлекува од политиката


Британскиот министер за одбрана Бен Вoлас соопшти дека се повлекува од политиката и нема да се кандидира за пратеник на следните општи избори во Велика Британија, како и дека ќе се повлече од министерската функција и ќе го напушти кабинетот по следната реконструкција на владата на премиерот Риши Сунак. Во интервју за „Тајмс“, тој рече […]

Разрешен уште еден висок генерал на руската армија


  Министерот за одбрана на Руусија, Сергеј Шојгу го разреши командантот на 106-та дивизија на Воздухопловните сили (ВДВ), генерал-мајор Владимир Селиверстов. Оваа информација повеќе провоени Z-канали во Русија. Генерал-мајор Селиверстов командуваше со дивизија која се бореше во Бахмут од јануари оваа година. Причините за смената на генералот од командата сè уште се непознати, но, според […]

Нетанјаху итно примен во болница, му се слошило


  Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во саботата беше итно пренесен во собата за итни случаи во медицинскиот центар „Шеба“ во Рамат Ган. Тој беше подложен на „дополнителен рутински преглед“ во саботата вечерта, откако болницата рече дека се верува дека страда од дехидрација и „ништо не е пронајдено“ во првичните тестови. „Неговата состојба е добра и […]

Дипломатска кавга меѓу Иран и Русија за острови во Персискиот Залив


  Техеран побара од Москва да ја преиспита својата позиција за сопственоста на островите во Ормутскиот теснец, на кои претендираат Иран и Обединетите Арапски Емирати. Според „Иран интернешенел“, Москва, по стратешкиот дијалог со Советот за соработка за арапските земји од Персискиот залив, ја поддржа иницијативата на ОАЕ за преговори за островите Абу Муса, Големата тумба […]

Европа под вршник: Екстремните температури го направија животот пекол (галерија)


  Во шеснаесет градови ширум Италија се издадени со црвени аларми додека јужна Европа продолжува да доживува жестоки горештини и се соочува со можност за рекордни температури. Рим, Фиренца и Болоња се меѓу областите погодени од топлотниот бран, а синоптичарите сугерираат дека температурите на Сицилија и Сардинија би можеле да се искачат до 49 степени […]

Утврдување зад утврдување: Како руските сили ги бранат позициите


  Додека се обидуваше да заземе руска позиција со своите војници, полковникот Виктор Сикоза доби вознемирувачки вести – Русите изградиле уште едно утврдување зад неа. Седумте дена од војувањето како да беа потрошени. „Тие сè уште градат утврдувања “, рече Сикоза. Токму овие одбранбени структури го забавуваат напредокот на украинските војници на југот на земјата. […]

Украина објави дека ги потиснува руските трупи на југот


  Врвен украински генерал објави нов напредок на јужниот фронт на војната, велејќи дека неговите војници „систематски го поместуваат непријателот од нивните позиции“. Ројтерс известува дека генералот Олександер Тарнавски, командант на украинските сили на југот, на Телеграм во саботата рекол дека непријателските загуби во текот на претходните 24 часа биле еднакви на најмалку 200. Неговите […]

Кој е „Седокосиот“, кого Путин го предлага за нов шеф на платениците на „Вагнер“


  Според коментарите на рускиот лидер за весникот „Комерсант“ објавени во петокот, Владимир Путин им предложил на борците на „Вагнер“, високопозициониран платеник по име Андреј Трошев сега да командува со приватната воена група. Се чини дека Путин создаде раздор меѓу високите борци од платеничката група и нејзиниот водач Евгениј Пригожин – чие место на живеење […]

Бајден го укина студентскиот долг за повеќе од 800.000 Американци


Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ќе укине студентски заеми во вредност од 39 милијарди долари за повеќе од 804 илјади кредитори, објави денеска американското Министерство за образование. Простувањето на долгот ќе биде достапно за оние кои најмалку 20 години плаќаат месечни рати под отплата според приходите (ИДР). Програмата ИДР го ограничува износот на отплата […]

Украина го поместува православниот Божиќ од 7 јануари на 25 декември


 Украинскиот Парламент денеска гласаше за промена на датумот на православниот празник Божиќ од 7 јануари на 25 декември. Целта на предлог-законот поднесен од претседателот Володимир Зеленски е „одвојување од руското наследство“. Две од трите големи цркви со православен статус веќе одлучија да се сменат на Грегоријанскиот календар. Во 2017 година 25 декември е прогласен за […]

Пакистан почна да гради нуклеарна централа во соработка со Кина


 Пакистанскиот премиер Шехабаз Шариф денеска ја започна изградбата на кинескиот проект за нуклеарна енергија од 1.200 мегавати, кој ќе биде изграден по цена од 3,5 милијарди долари, како дел од напорите на Владата да создаде што е можно повеќе чиста енергија, јавија американските медиуми. Церемонијата за одбележување на почетокот на проектот дојде помалку од еден […]

Уапсен сериски убиец на жени. Телата ги оставил на плажите во Њујорк


Еден осомничен е уапсен за серија убиства на жени во близина на плажата Гилго на јужниот брег на Лонг Ајленд, Њујорк, изјавија за Њујорк Тајмс три лица запознаени со случајот. Полицајците опколија блок згради на Првата авенија во паркот Масапеква, а на местото на настанот беа видени повеќе полициски возила и полицајци. Окружниот обвинител Рејмонд […]

ЕК ги тужи Шведска, Естонија и Луксембург пред Судот на правдата поради неусогласување со регулативите на ЕУ


 Европската комисија денеска донесе одлуки да поднесе тужби против Шведска, Естонија и Луксембург пред Судот на правдата на ЕУ поради неусогласување со регулативите на Европската Унија. Шведска се товари дека не неуспеала во целст да ги примени правилата на ЕУ за техничките спецификации за алармно и сигнално оружје, Естонија поради неусогласување на националното законодавство со […]

Земјата во колапс: Се евакуираат луѓе, нема струја, летовите откажани ФОТО/ВИДЕО


Обилните врнежи во Јужна Кореја доведоа до откажување на повеќе од сто летови, а илјадници домови останаа без електрична енергија. Прекини на струја се регистрирани во повеќе од 4.000 домаќинства во главниот град Сеул, а повеќе од 130 луѓе се евакуирани низ целата земја, соопшти полицијата, пренесува Ројтерс. Heavy rain triggers power cuts and evacuations […]