ЛШ: Феенорд го победи Милан, Баерн со гол предност пред реваншот против Селтик


Ротердам – Фудбалерите на Феенорд синоќа  го совладаа Милан на домашен терен со 1-0 во првиот натпревар од плеј-офот за пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите.  „Најзаслужен“ за овој резултат беше голманот и капитен на „росонерите“, Мајк Мењон, кој со катастрофална реакција го дозволи единствениот гол на натпреварот. Феенорд поведе во Ротердам во третата …

ЛШ: Феенорд го победи Милан, Баерн со гол предност пред реваншот против Селтик Read More »

Дијаз: Способни сме да го победиме Реал Мадрид во реваншот


Дефанзивецот на Манчестер Сити, Рубен Дијаз го коментираше претстојниот реванш натпревар против Реал Мадрид во Лигата на шампионите. Во првиот натпревар „граѓаните“ загубија од Шпанците со резултат 2:3. Реваншот меѓу екипите ќе се одигра на 19 февруари. -Сега е прашање на верба. Колку веруваме во себе, колку веруваме дека можеме да одиме понатаму. Се разбира, …

Дијаз: Способни сме да го победиме Реал Мадрид во реваншот Read More »

Нема алкохол на Светското првенство во 2034 година


Џеда – На Светското првенство во фудбал во 2034 година во Саудиска Арабија воопшто нема да има продажба на алкохол, потврди амбасадорот на земјата што ќе го организира натпреварувањето. Принцот Калид бин Бандар Ал Сауд рече дека навивачите кои планираат да ја посетат Саудиска Арабија во тоа време ќе мора да се помират со фактот …

Нема алкохол на Светското првенство во 2034 година Read More »

Дончиќ донира половина милион долари на Лос Анџелес


Лос Анџелес – Новата суперѕвезда на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ, направи голем гест на благодарност откако даде донација од 500.000 долари, наменети за хуманитарна помош по шумските пожари кои ја опустошија Јужна Калифорнија и особено Лос Анџелес. -Беше толку тажно да се види и да се дознае за разорната штета што шумските пожари ја …

Дончиќ донира половина милион долари на Лос Анџелес Read More »

Реал Мадрид го победи Манчестер Сити, Јувентус и Борусија Дортмунд ги добија првите натпревари од плејофот во ЛШ


Манчестер – Спектакуларен натпревар одиграа синоќа Манчестер Сити и Реал Мадрид.  „Граѓаните“ двапати водеа на „Етихад“, но европскиот првак дојде до пресврт во последните минути од натпреварот.  Победи остварија и Јувентус и Борусија Дортмунд, како и Пари Сен Жермен во првиот дуел од 18 часот и 45 минути. Резултати од првиот натпревар од плеј-офот во …

Реал Мадрид го победи Манчестер Сити, Јувентус и Борусија Дортмунд ги добија првите натпревари од плејофот во ЛШ Read More »

Потпишан договор за стипендирање на тројца македонски олимпијци


 „Sport Life“ обложувалници, потпишаa договор за стипендирање на тројца врвни македонски спортисти, учесници на последните Олимписки игри во Париз (2024). Маратонецот Дарио Ивановски, тaеквондистката Милјана Релјиќ и пливачот Никола Ѓуретановиќ, се тројцата млади спортисти кои ќе добијат по едногодишна стипендија од „Sport Life“, во вредност од 3000 евра, коишто ќе се исплаќаат во месечни рати …

Потпишан договор за стипендирање на тројца македонски олимпијци Read More »

Почнува нокаут фазата од Лигата на шампионите: Реал Мадрид му гостува на Манчестер Сити, Јувентус го пречекува ПСВ


Манчестер Сити вечерва од 21 часот ќе му гостува на Реал Мадрид во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите. Манчестер Сити групната фаза во Лигата на шампионите ја заврши на 22. место на табелата со 11 бодови, додека Реал ја освои 11. позиција со 15. -Играњето на плеј-офот за осминафиналето против Сити е …

Почнува нокаут фазата од Лигата на шампионите: Реал Мадрид му гостува на Манчестер Сити, Јувентус го пречекува ПСВ Read More »

Дончиќ дебитираше за Лејкерс: Одамна не сум имал толкава трема


Лука Дончиќ заврши со 14 поени, 5 скока и 4 асистенции, а Леброн Џејмс додаде 24 поени, 7 скока и 8 асистенции во победата на Лос Анџелес Лејкерс над Јута Џез со 132-113 во дебито на словенечката ѕвезда за тимот. Дончиќ одигра 24 минути. Остин Ривс постигна 22 и забележа 9 скока, а Руи Хачимура …

Дончиќ дебитираше за Лејкерс: Одамна не сум имал толкава трема Read More »

Мареј ќе продолжи да го тренира Ѓоковиќ


Лондон – Светскиот рекет број седум, Новак Ѓоковиќ ќе продолжи да работи со својот тренер Енди Мареј барем до Вимблдон, пишува „Тајмс“. Во ноември, стана познато дека Британецот се приклучил на тимот на Ѓоковиќ. Тие првично се согласиле да играат одреден период од сезоната пред Австралија Опен. На Отвореното првенство на Австралија во 2025 година, …

Мареј ќе продолжи да го тренира Ѓоковиќ Read More »

Ракометарите на Алкалоид кои настапија на Мундијалот на прием кај Мукаетов


Членовите на РК Алкалоид кои настапија за македонската репрезентација на Светското првенство во ракомет денес беа на прием кај генералниот директор и претседател на УО на Алкалоид АД Скопје, Живко Мукаетов. На средбата, Мукаетов им честиташе на ракометарите и на стручниот штаб за одличното претставување на Македонија на светската ракометна сцена, за нивното професионално однесување …

Ракометарите на Алкалоид кои настапија на Мундијалот на прием кај Мукаетов Read More »

Леброн му возврати на сопственикот на Маверикс по вербалниот напад на Дончиќ


Сопственикот на Далас Маверикс, Патрик Думон ги наведе причините поради кои решил да се ослободи од Лука Дончиќ и да го испрати во ЛА Лејкерс во шокантен трејд за шестгодишниот Ентони Дејвис, кој е подложен на повреди. Думон индиректно го обвини Словенецот за мрзеливост, а неговиот нов соиграч Леброн Џејмс жестоко реагираше на зборовите на …

Леброн му возврати на сопственикот на Маверикс по вербалниот напад на Дончиќ Read More »

Роналдо го продолжи договорот со Ал-Наср до 2026 година


Ријад – Португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо го продолжи договорот со Ал Наср, објави новинарот Николо Шира на своите социјални мрежи. Според Шира, новиот договор на 40-годишниот фудбалер со саудискиот клуб е до 2026 година. Роналдо му се приклучи на Ал Наср на крајот на декември 2022 година. Заедно со тимот од Ријад, Португалецот стана победник на …

Роналдо го продолжи договорот со Ал-Наср до 2026 година Read More »

УЕФА го претстави дизајнот на топката за финалето на Лигата на шампионите


Нион – Официјалната веб-страница на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) ја претстави топката што ќе се користи во плејофот од Лигата на шампионите, вклучувајќи го и финалниот натпревар. Топката содржи бели ѕвезди на позадината на златно-зелени шестоаголници, кои ги симболизираат покривите и зградите на Минхен. Внатре во шестоаголниците има графички елементи посветени на познатите знаменитости на Баварија. …

УЕФА го претстави дизајнот на топката за финалето на Лигата на шампионите Read More »

Том Брејди носeше часовник од 740 илјади долари како коментатор на Супербоулот


  Том Брејди се појави со стил! Поранешниот квотербек на НФЛ, 47, пристигна на своето деби со коментари на Суперболот 2025 година во Њу Орлеанс, викендов, со големо сјајно парче на зглобот. Брејди се насмеа додека излезе на теренот во уредно сиво одело за да се пробие до спортскиот штанд на Фокс. Дополнително на својот …

Том Брејди носeше часовник од 740 илјади долари како коментатор на Супербоулот Read More »

Филаделфија го декласира Канзас Сити и го освои Супербоулот


Тимот на Филаделфија Иглс, синоќа, го победи бранителот на титулата Канзас Сити Чифс со 40:22 и го освои 59.Супербоул со што станаа НФЛ шампиони, по седум години пауза. Во спектаклот кој се одржа во Њу Орлеанс, најгледниот и најважниот спортски настан во текот на годината во САД, Иглси едноставно го декласираа доегашниот шампион. Патрик Махомс …

Филаделфија го декласира Канзас Сити и го освои Супербоулот Read More »

Дончиќ ќе дебитира за Лејкерси против Јута


Лос Анџелес – Тренерот на Лејкерс Џеј Џеј Редик го објави датумот за дебито на новодојденецот во тимот, Лука Дончиќ. – Лука најверојатно ќе дебитира како играч за нашиот тим во вторник против Јута. Договор за ова прашање нема, но најверојатно тој се очекува во вторник. Сите сакаме да го видиме Дончиќ во дресот на …

Дончиќ ќе дебитира за Лејкерси против Јута Read More »

Алкараз го победи Де Минаур во финалето на АТП Ротердам


Ротердам – Шпанецот Карлос Алкараз попладнево го победи Австралиецот Алекс Де Минаур во финалето на АТП турнирот во Ротердам (Холандија). Мечот траеше безмалку два часа и заврши со резултат 2:1, по сетови 6:4, 3:6 и 6:2. Алкараз сервираше два аса, направи една двојна грешка и реализира четири од осум брејк топки.  Де Минаур имаше еден ас, …

Алкараз го победи Де Минаур во финалето на АТП Ротердам Read More »

Станиќ: Мораме да бидеме позитивни и покрај исклучително тешката група


Селекторот на репрезентацијата до 21 година, Горан Станиќ, ги даде првите импресии од денешната квалификациска жрепка во која Македонија се најде во икслучително тешка група. Станиќ од неодамна е на селекторското столче и допрва ќе го има дебито на клупата. Фортуната денеска во Нион не беше на негова страна, сместувајќи ја нашата репрезентација во група …

Станиќ: Мораме да бидеме позитивни и покрај исклучително тешката група Read More »

Батлер кариерата ќе ја продолжи во Голден Стејт


 Најдобриот играч на Мајами хит ќе ги напушти „жешките“ и кариерата ќе ја продолжи во Голден Стејт вориорс. Според НБА-инсајдерот Шамс Чаранија, Мајами го финализира договорот за трансфер на нивниот напаѓач. Во замена, Хит ќе ги добие Ендрју Вигинс (од Голден Стејт) и Пи Џеј Такер (од Јута), како и пик од топ-10 од првата …

Батлер кариерата ќе ја продолжи во Голден Стејт Read More »

Романската тенисерка Симона Халеп објави крај на кариерата


Романската тенисерка Симона Халеп објави крај на кариерата. 33-годишната тенисерка загуби од Италијанката Лусија Бронзети во првото коло на домашниот турнир во Клуж – 1:6, 1:6. По натпреварот Халеп ја соопшти својата одлука. Халеп се врати на турнејата во март 2024 година. по дисквалификацијата за допинг во есента 2022 година. Романката беше суспендирана на четири …

Романската тенисерка Симона Халеп објави крај на кариерата Read More »