Италија повикува на прекин на сите војни за време на Зимските олимписки игри во Милано


Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани објави дека неговата земја ќе поднесе официјално барање за прекин на огнот во целиот свет за време на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина д’Ампецо, кои се закажани од 6 до 22 февруари следната година. Концептот за глобален прекин на огнот за време на Олимписките игри датира […]

Хамилтон собори рекорд на Михаел Шумахер


По трката во Сингапур, возачот на Ферари Луис Хамилтон успеа да собори рекорд на Михаел Шумахер. Седумкратниот светски шампион не мина најдобро на трката за Големата награда на Сингапур, но успеа да го собори рекордот на Михаел Шумахер. Тој успеа да има најбрз круг на трката и така на 16 години во низа успева барем […]

Ѓоковиќ избори четвртфинале на Мастерсот во Шангај


Шангај – Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ успеа да се пласира во четвртфиналето на Мастерс 1000 турнирот во Шангај. Тој по голема борба го совлада шпанскиот тенисер Жуам Мунар со 2-1 во сетови (6:3; 5:7 и 6:2). Шпанецот откако изедначи на 1-1 во сетови немаше сили за подвиг против искусниот тенисер, кој играше повреден, и кој сега […]

Пет најдобри тенисери според Рожер Федерер


Еден од најдобрите светски тенисери Рожер Федерер својата играчка кариера ја заврши во 2022 година. Швајцарецот ги наброја и петте најдобри играчи според него на сите времиња. На првата позиција го рангираше Стефан Едберг, а во образложението наведе дека шведскиот тенисер секогаш ја напаѓал мрежата и речиси секогаш бил „кул“. На втората позиција е Борис […]

Јашари ја освои петтата титула во снукер


 Берат Јашари триумфираше на третиот турнир од предвидените четири за државното првенство на Македонија и со тоа стекна недостижна предност на табелата, резервирајќи ја петтата титула во низа, објави СФМ. Натпреварувачкиот викенд започна со изненадување, каде што младинскиот шампион Теодор Величковски извојува победа над Јашари во групната фаза. Јашари во полуфиналето каде имаше голем отпор […]

Македонецот Дарио Ивановски и Кенијката Ирене Џеруто најуспешни на Скопскиот маратон 2025


Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски во машка и Кенијката Ирине Џеруто во женска конкуренција победија на годинашниот 21. „Визер скопски маратон“, кое оваа година бележи рекорден одѕив – повеќе од 14.000 тркачи од 58 земји низ светот. Ивановски патеката долга 42 километри ја истрча за 2:14:50 часа, додека Џеруто истата траса ја помина за 2:38:31 часа.Ивановски […]

Македонските одбојкари во група со Бугарија, Полска, Украина, Португалија и Израел


Бари – Европската одбојкарска федерација (ЦЕВ) со жрепка синоќа во италијанскиот град Бари го одреди составот на групите за Европското првенство кое идната година заедно ќе го организираат Бугарија, Италија, Финска и Романија. Македонските одбојкари ќе играат во групата Б во Варна во која за противници ќе ги имаат кодомаќинот и светски вицешампион Бугарија, европскиот првак […]

Ракометен спектакл „Легендите на сцена“ во Скопје


Во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, ќе се одржи ревијалниот ракометен спектакл „Легендите на сцена“. Поводот е одбележувањето 20 години од „Спортско радио 90,3 ФМ“. На едно место ќе бидат најголемите македонски ракометни имиња како: Кирил Лазаров, Борко Ристовски, Стојанче Стоилов, Пепи Манасков, Филип Миркуловски, Иван Марковски, Раде Стојановиќ, Аце Станковски, Наумче Мојсоски, Бранко […]

Нова победа за ракометарите на Прилеп


 Ракометарите на Прилеп ја остварија третата победа во шампионатот. Тие вечерва во првиот дуел од 6.коло од Супер лигата на домашен терен ја совладаа Струга со 34:27. Првиот дел беше неизвесен до 20.минута кога домаќинот водеше со 12:11, а потоа следуваше серија од 6-0 за Прилеп со што беше најавена победата. Во вториот дел домашната […]

Масар Омерагиќ во влијателната HatTrick комисија на УЕФА


Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ е именуван од УЕФА за член на HatTrick комисијата на Европската фудбалска Асоцијација. Првиот човек на македонскиот фудбал е вклучен во работата на една од најбитните комисии на УЕФА која вклучува развој на инфраструктурни проекти во рамки на фудбалските асоцијации членки на УЕФА и едукативни програми за […]

Ѓоковиќ со победа стартуваше во Шангај


Новак Ѓоковиќ успешно стартуваше на Мастерс турнирот во Шангај. Србинот во второто коло го победи Марин Чилиќ со 7:6, 6:4. Мечот траеше еден час и 54 минути.   Првиот сет Ѓоковиќ го реши во тај-брејк, откако ниту еднаш не успеа да дојде до брејк топка, додека Чилиќ пропушти две во 11-от гем. Чилиќ, кој играше […]

Синот на Зидан се врати на корените, ќе брани за Алжир


Голманот на Гранада, Лука Зидан (27), син на француската легенда Зинедин Зидан (53), е повикан во репрезентацијата на Алжир за претстојните квалификациски натпревари за Светското првенство 2026 против Сомалија и Уганда. 🚨 OFFICIEL Luca Zidane, fils de ZINEDINE, est selectionné avec l’équipe d’Algérie 🇩🇿 pic.twitter.com/m1otq7iKOP — JDZ Football (@JDZFootball) October 2, 2025 Иако е роден […]

Претставена топката за Мундијалот 2026, специјални сензори ќе им помагаат на судиите


Новата топка се вика Trionda, што на шпоански значи „три брана“. Веќе привлече големо внимание поради својот иновативен дизајн и технологија. Trionda се издвојува бидејќи е составена од само четири панели, најмалку во мундијалската историја. Токму овој минимализам носи совршена аеродинамична форма и попрецизно движење во воздухот, а во исто време обезбедува стабилност и контрола […]

НБА: Јовиќ уште четири години во Мајами за 62.5 милиони долари


Српскиот кошаркар Никола Јовиќ го продолжи договорот со НБА лигашот Мајами за уште четири години, вреден 62,4 милиони долари, јавија американските медиуми, повикувајќи се на неговите менаџери. Јовиќ беше 27 избор на драфтот во 2022 година и оттогаш одигра 107 од можни 246 натпревари во дресот на мајами. Минатата сезона ја заврши со просек од […]

Шкендија поразена од Рајо Ваљекано во Лигата на конференции


Фудбалерите на Шкендија загубија вечерва на гостувањето во Мадрид од Рајо Ваљекано со 2-0 (2-0) во воведното коло од главната фаза во лигата на конференции. Шпанскиот домаќин ја оправда фаворитската улога и дојде до рутинска победа над македонскиот противник. Шкендија одржуваше резултатска неизвесност во првите половина час на стадионот „Варељас“, кога Унаи Лопез му донесе […]

Барселона ниту следниот натпревар нема да го игра на „Камп Ноу“


Третиот натпревар што Барселона ќе го играа оваа сезона во Лигата на шампиони, на 21 октомври против Олимпијакос, сепак, нема да се игра на „Камп Ноу“, туку на „Естадио Олимпико де Монжуик“, како што беше случај и со вчерашниот натпревар против ПСЖ. „Клубот продолжува да работи на добивање на потребните административни дозволи за повторно отворање […]

Најскапите билети за финалето на СП 2026 година чинат 6.730 долари, најевтините се 2.030 долари


Цирих – Најскапите билети за финалето на Светското фудбалско првенство во 2026 година чинат над 6.000 долари, објави „The Athletic“. ФИФА почнува да продава билети за турнирот што ќе се одржи следното лето во САД, Канада и Мексико. Први што ќе купат билети ќе бидат оние избрани од лотарија. Светската фудбалска асоцијација објави дека добитниците […]

Рекорден број пријавени учесници за „Виз ер“ Скопски маратон 2025


 Повеќе од 14.000 тркачи се пријавени за 21.издание на Виз Ер скопски маратон што ќе се одржи в недела (5 октомври). Генерален покровител на оваа спортска манифестација е Министерството за спот. -Секогаш давам поддршка на манифестации кои промовираат спорт и вистински вредности. Вредности кои треба да ги вратиме како највисоко нешто во нашето општество, вредности […]

Луис Фиго „упадна“ меѓу навивачите на Барселона и предизвика бес: Не му простиле ни по 25 години


Навивачите на Барселона не му простиле на Луис Фиго што се пресели во Реал Мадрид ни по 25 години од неговиот трансфер, а тој го почувствува тоа од прва рака кога се појави меѓу навивачите на каталонскиот клуб синоќа. Фиго го гледаше поразот на Барселона од Пари Сен Жермен во живо од ВИП ложата. Парижаните […]

Тензично полувреме со десетминутен прекин на дербито Вардар – Еурофарм Пелистер


Ракометарите на Вардар 1961 водат против Еурофарм Пелистер со 16-14 по првото полувреме кое го одбележа тензична атмосфера на паркетот и трибините. Натпреварот во салата „Јане Сандански“ во Скопје беше привремено прекинато во 23 минута, кога во салата влегоа навивачите на битолскиот клуб. Кратко потоа на теренот беа фрлени предмети, а кон една од трибините […]