Србија остана без бодови и без селектор по поразот од Албанија


Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ, поднесе оставка по синоќешниот пораз (0:1) од Албанија во квалификацискиот натпревар за Светското првенство во 2026 година. -Разговарав со претседателот и генералниот секретар и поднесов оставка. Јас лично не го очекував овој пораз. Преземам целосна одговорност и прифаќам целосна вина за овој пораз, изјави Стојковиќ на прес-конференцијата по натпреварот во […]

Вашеро приреди уште една сензација во Шангај – го победи и Ѓоковиќ


  Во неверојатната недела на уште поневеројатни успеси тенисерот од Монако Валентан Вашеро (204. на ранг листата) во саботата утрината на Мастерсот во Шангај го исфрли и Новак Ѓоковиќ со победа во два сета 6:3 и 6:4. Иако Ѓоковиќ постигна брејк предност во првиот гем од натпреварот, 26-годишникот веднаш возврати со брејк во вториот гем […]

Македонија до бод против Белгија – Димитриевски херој на натпреварот


Фудбалската репрезентација на Македонија ја задржа првата позиција во квалификациската група за Светското првенство 2026, откако во Брисел одигра 0-0 против фаворизираната Белгија. Со овој бод, избраниците на селекторот Благоја Милевски потврдија дека сериозно конкурираат за историски пласман на Мундијалот во САД, Канада и Мексико. Белгија доминираше од првата до последната минута, со над 25 […]

Евролига: Соработка со НБА е можна само ако се почитуваат нашите основни принципи


Меѓународното клупско кошаркарско натпреварување Евролига објави денеска дека соработка со американската професионална кошаркарска НБА лига на подрачјето на Европа е можна само ако се почитуваат нејзините основни принципи. Овие принципи вклучуваат сите акционери и европската кошарка како целина да имаат корист, да се зачуваат традицијата, навивачките бази и идентитетот на европската кошарка, да се подобрат […]

Медведев полуфиналист во Шангај


Данил Медведев успеа да се пласира во полуфиналето на Мастерс 1000 турнирот што се игра во Шангај. Тој во последниот четвртфинален меч го победи Алекс Де Минаур од Австралија со 2:0 во сетови (6:4 и 6:4). Негов противник во полуфиналето ќе му биде Французинот Артур Риндернех, кој со 2:0 во сетови (6:3 и 6:3), беше […]

РФМ ја одреди цената за дуелот на ракометарките со Словенија во Битола


Македонската женската ракометна репрезентација на 19.октомври го игра натпреварот против Словенија од квалификациите за ЕП 2026. Дуелот ќе се игра во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола со почеток во 18 часот. РФМ објави дека денеска почна продажбата на влезници за натпреварот и тоа online на интернет-страницата на МК Тикетс (https://mktickets.mk). Влезници можат да се […]

Милевски: Ќе сториме се за да ја оствариме нашата цел


Најдобрата македонска фудбалска репрезентација вечерва од 20:45 во Гент го игра дуелот против фаворитот во групата селекцијата на Белгија. По одработените мини-подготовки нашата репрезентација ја очекува тежок натпревар. –  Можам да кажам дека сум горд на моите фудбалери, и тоа не само во овие квалификации, туку и во претходните години. Со настапот во Лигата на […]

Македонската фудбалска репрезентација на мегдан со Белгија за првото место во групата


Репрезентацијата на Белгија е вечерашниот ривал на најдобрата македонска фудбалска репрезентација. Дуелот се игра во Гент, а воедно е натпревар од групата Ј. Македонската репрезентација како првопласирана влегува во пресрет на последните три натпревари, додека втората Белгија има бод помалку, но и натпревар повеќе за одигрување. Избраниците на селекторот Благоја Милевски од среда се во […]

Еспањол има нови газди


Шпанскиот фудбалски клуб Еспањол од Барселона има нови сопственици. Од четвртокot, каталонскиот клуб официјално е во рацете на американската компанија Velocity Sports Partners (VSP), која пак е дел од поголемата група ALK Capital, во сопственост на Американецот Алан Пејс. VSP го купи поголемиот дел од пакетот акции (99,66%) по цена од 130 милиони евра, според […]

Ѓоковиќ 10-ти пат во кариерата ќе игра полуфинале на Мастерсот во Шангај


Новак Ѓоковиќ избори пласман во полуфиналето на Мастерсот во Шангај. На задоволство на кинеската публика, Ѓоковиќ во четвртфиналето, за еден час и 50 минути, го победи Белгиецот Зизу Бергс со 6:3, 7:5. Ѓоковиќ го подобри рекордот поставен во вторникот, стана највозрасниот полуфиналист во историјата на тутнирите од Мастерс серијата. Десетти пат во кариерата ќе игра […]

УЕФА потврди неформални разговори со Суперлигата


УЕФА објави денеска дека одржала неформални разговори со компанијата „А22 Спортс Менаџмент“, која стои зад плановите за оживување на европската Суперлига, но нагласи дека не се разгледуваат какви и да е промени во форматот на нејзиното елитно клупско натпреварување, Лигата на шампиони. „Можеме да потврдиме дека генералниот секретар на УЕФА, Теодор Теодоридис, неколку пати јавно […]

Верстапен за битката со Мерцедес во Првенството на конструктори: Разлика од 35 поени е многу, ќе се обидеме


Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, изјави дека ќе направи сè што е можно за да му помогне на тимот да ги победи Ферари и Мерцедес во борбата за второто место во Првенството на конструктори во Формула 1. По Гран При на Сингапур, водството на Мерцедес порасна на 35 поени. – Да, разлика од 35 […]

Шок во Аргентина: Ненадејно почина тренерот на Бока Јуниорс, Мигел Анхел Русо


Аргентинскиот фудбалски гигант Бока Јуниорс ја објави ненадејната смрт на својот тренер Мигел Анхел Русо. Русо почина ненадејно на 69-годишна возраст, само три месеци откако стана тренер на Бока Јуниорс по трет пат. Тој ја водеше Бока двапати претходно, во 2007 година, кога го освои Копа Либертадорес, и од 2020 до 2021 година, кога освои […]

Фудбалерите на Египет се пласираа на СП 2026


Фудбалската репрезентација на Египет обезбеди место на Светското првенство 2026, откако вечерва го победи Џибути со 3-0 во африканските квалификации. На едно коло пред крајот во квалификациската група А, Египет на првото место има недостижни пет бодови повеќе од второпласираната Буркина Фасо. Египет во 1934 година стана првата африканска земја која настапи на мундијалскиот турнир, […]

Бразил отфрли можност за пријателски натпревар со Русија


Директорот за комуникации на Бразилската фудбалска конфедерација, Фабио Сеишас објави дека оваа јужноамериканска репрезентацијата нема планови да игра против руската репрезентација во 2026 година. „Таков натпревар не е во нашата програма, бидејќи веќе имаме закажано пријателски натпревари со европски репрезентации на стадионите во САД во март и јуни следната година, што ќе биде дел од […]

Арсенал привремено ќе се пресели на Вембли


Раководството на Арсенал размислува за зголемување на капацитетот на нивниот стадион „Емирејтс“. Пред 20 години популарните „топџии“ се преселија и заминаа од култниот стадион „Хајбери“. Според британските медиуми, во Арсенал имаат план да бидат во чекор со најголемите стадиони во земјата и затоа им е потребно зголемување на капацитетот. Во моментов „Емирејтс“ имаат капацитет од […]

Две македонски судиски двојки на Европското првенство во ракомет 2026


Виена – Европската ракометна федерација номинираше 18 судиски двојки за претстојното машко Европско првенство што од 15.јануари до 1.февруари ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка. Меѓу 18-те двојки за првпат ќе има и две македонски двојки. Своето деби на Европско првенство ќе го имаат Димитар Митревски и Благојче Тодоровски. Секако очекувано на шампионатот […]

Роналдо стана првиот фудбалер милијардер


Португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо (40) стана првиот фудбалски милијардер во историјата, според податоците од бизнис и маркетинг порталот „Блумберг“. 40-годишниот Роналдо ја сруши границата од милијарда евра со неговото последно продолжување на договорот со саудискиот „Ал Наср“, во вредност од нешто помалку од 360 милиони евра. „Блумберг“ го проценува богатството на Роналдо на нешто […]

Роналдо за учеството на СП 2026: Мојата филозофија е да живеам ден за ден, без долгорочни планови


Фудбалерот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо, на церемонијата на доделувањето на „Португалски фудбалски глобуси 2025“ изјави дека нема долгорочни планови и сè уште не знае дали ќе игра на Светското првенство во 2026 година. – Благодарен сум на сите мои соиграчи за сè што научив од нив, па дури и од помладата генерација. Нашата цел е […]

Победа на стартот од АБА 2 лигата за МЗТ Скопје Аеродром


Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром со победа ја стартуваше сезоната во АБА 2 лигата. Вечерва на домашен терен МЗТ Скопје Аеродром славеше победа над српската екипа Вршац со 75:63 (14:15; 20:22; 22:11 и 19:15). По првото полувреме кое им припадна на гостите со 37:34, македонскиот првак третиот период одигра најдобро и ги казнуваше грешките […]