Милан создаде женскиот тим


Италијанскиот фудбалски прволигаш Милан на својата официјална веб-страница го објави создавањето на женски фудбалски тим. За оваа цел „росо-нерите“ ја купија лиценцата на клубот Бреша и со тоа се стекнаа со право за настап во женската серија А. Бреша во својата историја два пати ја освои Серија А, а три пати победи на Купот на […]

СП во Русија според платите: Бразилците најплатени, Панамците на дното


Како би изгледало Светското првенство доколку наместо фудбалери би се бореле нивните плати? „Дејли мејл“ направи симулација по групи, така што сите репрезентации ги распредели според просечната годишна плата на 23. играчи што дошле на Светското првенство. Платите се изразени во евра. Група А 1. Уругвај 2.800.000 2. Русија 1.600.000 3. Египет 966.000 4. Саудиска […]

Бејли ќе навива за Франција, Мукаетов за Англија…


Германија и Англија имаат најмногу навивачи меѓу познатите личности во Македонија. Актуелниот бранител на светскиот трон, заедно со Бразил, Шпанија, Франција и Аргентина важи за фаворит и на овој мундијалот, од Англија се очекува конечно да ја пробие бариерата наречена четвртфинале, а Белгија и Хрватска се потенцијални мини од кои може да настрадаат и најмоќните. […]

Бабунски: Ова е почеток на нов проект


Вардар денеска почна со летните подготовки, при што главен акцент ќе биде ставен на квалификациите за Лига Европа, кои според распоредот ова лето стартуваат кон средината на јули. „Црвено-црните“ се собраа во тренинг кампот во Хиподром, а потоа следуваше прозивката на шефот на стручниот штаб Бобан Бабунски. – Би сакал најпрво да се заблагодарам на […]

Зголемена казната на Сара Ерани поради допинг


Италијанската тенисерка Сара Ерани, по првобитната суспензија од два месеца, е казнета со дополнителни осум месеци, откако на тест направен во февруари 2017 година беше утврдено дека е позитивна на летрозол. Тенисерката резултатите ги добила во април, а двомесечната суспензија ја отслужи во август и септември минатата сезона. Меѓутоа, на барање на Италијанската антидопинг агенција, која поднесе жалба против […]

Бразил ја победи Австрија цо 3-0 во последниот меч пред Светското


Бразилската фудбалска репрезентација имаше успешна контрола пред заминувањето на Мундијалот во Русија. „Кариоките“ денеска на гостувањето кај Австрија во Виена славеа победа со 3:0. Габриел Жезус, Нејмар и Кутињо ги постигнаа головите за фаворитот на овој натпревар и воопшто на Светското првенство. Домашните фудбалери се обидоа со груба игра да ги деконцентрираат Бразилците кои на […]

Македонија со една нога е на СП


Македонската ракометна репрезентација ја победи Романија со 32:24 во првиот дуел од баражот за Светското првенство 2019 година во Германија и Данска. Натпреварот лошо почна за Македонија со водство на гостите од 2:0. Потоа следуваше серија на „црвено-жолтите“ од 6:0 и водство од четири гола разлика во 12.минута. Во првиот дел Македонија имаше и плус […]

Формула 1: Фетел ја освои Канада


Германецот Себастијан Фетел е победник на денешната трка од шампионатот во Формула 1 возена на патеката „Жил Вилнев“ за Големата награда на Канада. Пилотот на Ферари на најдобар можен начин ја искористи пол-позицијата што ја имаше пред почетокот на трката и на својот тим му го донесе првиот триумф во Монтреал по пауза од 14 […]

Надал по 11. пат го освои Ролан Гарос


Најдобриот светски тенисер Рафаел Надал е победник на годинашното издание на Грен слемот во Париз. Тој попладнево на терените на „Ролан Гарос“ во финалето го победи Доминик Тим со убедливи 3-0. На Шпанецот му беа потребни два часа и 44 минути игра да стигне до 11.трофеј на престижниот турнир во француската престолнина. Надал уште еднаш […]

Српска делегација на погребот на Фадиљ Вокри во Приштина


Легендата на косовскиот фудбал Фадиљ Вокри, кој почина вчера од срцев удар на 58-годишна возраст, ќе биде погребан денеска со високи државни почести, а меѓу оние кои ќе присуствуаат на погребот во Приштина ќе има и делегација од Србија. За оддавање почест на некогашната фудбалска ѕвезда на Приштина, белградски Партизан и на тогашната репрезентација на […]

„Срамен ден за боксот“: Гостиварецот Сефери се откажа пред Фјури


Поранешниот светски шампион во тешка категорија Тајсон Фјури се врати на рингот со убедлива победа по 2,5 години отсуство. Тој успеа да го победи гостиварецот Сефер Сефери за време на спектакуларна гала вечер во неговиот роден Манчестер. Средбата, според планот, требаше да трае 10 рунди, но по првите четири, Сефери се откажа и на крајот […]

Меси не го вклучи Роналдо на листата на најдобрите играчи на СП


Најголемата аргентинска фудбалска ѕвезда Лионел Меси, не го вклучи најдобриот светски фудбалер Кристијано Роналдо, на листата на најдобрите играчи на Светското првенство 2018 година. – Бразил ги има Нејмар и Филип Кутињо. Шпанија ги има Андрес Иниеста и Дејвид Силва. Германија нема играчи-ѕвезди, но сите тие се силни. Белгија може да смета на Еден Азар […]

Помалиот брат на Карачиќ ќе брани за Хајдук


По заминувањето на Данте Стипица во ЦСК „Софија“ останува празна голманската позиција на „Хајдук“. Како што пишуваат хрватски „24 сата“, белите покажале интерес за Горан Карачиќ, помлад брат на Игор Карачиќ, среден бек на нашиот ракометен шампион „Вардар“. Горан е голман на германскиот „Сандхаузен“ и најдобар голман на босанско-херцеговското првенство во 2016 година. Инаку, од […]

Роналдо и соиграчите пристигнаа во Русија


Репрезентацијата на Португалија денеска пристигна во Москва, главниот град на Русија каде за пет дена почнува Светското фудбалско првенство. Предводени од најголемата ѕвезда во своите редови, португалските фудбалери слетаа на аеродромот „Жуковски“ во близина на Москва. Актуелните европските првенства на Мундијалот се во Б-групата каде што ќе играат против Шпанија (15 јуни), Мароко (20 јуни) […]

Халеп го освои „Ролан Гарос“


Најдобрата светска тенисерка, Симона Халеп е победничка на Грен слемот во Париз. Таа попладнево по голема борба во три сета ја победи Американката Слоан Стивенс со 2-1, по сетови 3:6, 6:4 и 6:1. Мечот траеше 2 часа 4 минути. За 26-годишната романската тенисерка Симона Халеп ова беше прв триумф на еден Грен слем. Таа по четврти […]

Нејмар сака Реал да го почека една година


Напаѓачот на ПСЖ, Нејмар побарал Реал Мадрид да го почека една година, бидејќи сака да се пресели во Мадрид, но не и да ги остави парижаните на цедило во сезоната што следува. Тој, според изворот „Ас“, им кажал на претставниците на „Кралскиот клуб“ дека се согласува да премине во Мадрид, но после една година бидејќи планира […]

Почина претседателот на Фудбалската федерација на Косово


Фадиљ Вокри, претседателот на Косовската фудбалска федерација, почина на возраст од 57 години од срцев удар. Токму во негово време, пред две години, Косово влезе во УЕФА и ФИФА. Како што објавија медиумите од Косово, Вокри умрел во 9 часот и 30 минути за време на тренинг. Познатиот напаѓач е роден на 23 јуни 1960 […]

Матија Перин нов голман на Јувентус


Италијанскиот голман Матија Перин е новиот член на Јувентус со кого потпиша договор до 2022 година. За трансферот на досегашниот голман на Џенова, актуелниот италијански шампион ќе треба да издвои 15 милиони евра. – Не можев да го одбијам Јувентус. Ваква понуда се добива еднаш во животот. Подготвен сум и мислам дека во вистински период […]

Надал против Тим во финалето на „Ролан Гарос“


Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се пласираше во своето 11-то финале на „Ролан Гарос“. Надал во полуфиналето по два часа и 17 минути игра го совлада во три сетови аргентинскиот тенисер Хуан Мартин дел Потро. Шпанскиот тенисер полесно од очекувањата извојува убедлива победа од 3:0, односно по сетови 6:4, 6:1, 6:2. Надал во финалето ќе соочи […]

Кејн останува во Тотенхем до 2024 годин


Тотенхем потпиша нов шестгодишен договор со својот најдобар стрелец, Хари Кејн, кој ќе остане во лондонскиот клуб до 2024 година. Според договорот, 24-годишниот фудбалер ќе заработува по 200.000 фунти неделно, односно годишната плата ќе му биде околу 15 милиони фунти. Кејн минатата сезона постигна 41 гол на 48 натпревари.