Нејмар сака Реал да го почека една година


Напаѓачот на ПСЖ, Нејмар побарал Реал Мадрид да го почека една година, бидејќи сака да се пресели во Мадрид, но не и да ги остави парижаните на цедило во сезоната што следува.

Тој, според изворот „Ас“, им кажал на претставниците на „Кралскиот клуб“ дека се согласува да премине во Мадрид, но после една година бидејќи планира да игра во ПСЖ и сезоната 2018/19 и не сака да се конфронтира со раководството на клубот кое во многу случаи имало разбирање и било коректно кон него.