Матија Перин нов голман на Јувентус


Италијанскиот голман Матија Перин е новиот член на Јувентус со кого потпиша договор до 2022 година.

За трансферот на досегашниот голман на Џенова, актуелниот италијански шампион ќе треба да издвои 15 милиони евра.

– Не можев да го одбијам Јувентус. Ваква понуда се добива еднаш во животот. Подготвен сум и мислам дека во вистински период доаѓам во голем клуб, истакна 25-годишниот голман.

Тој денеска ги помина лекарските прегледи и ја официјализираше соработката.

Перин во Торино пристигна како замена за легендарниот голман Џанлуиџи Буфон, кој по 17 години го напушти Јувентус.