Гоце Седлоски нов тренер на Широки Бриег


Македонскиот фудбалски стручњак Гоце Седлоски кариерата ќе ја продолжи во Босна и Херцеговина каде ќе го води тимот на Широки Бриег. Седлоски потпиша двегодишен договор, а на тренерската позиција ќе го замени Борис Павиќ, кој само по два и пол месеци си заминува од клубот. Тренерската кариера Седлоски ја започна како асистент во Матерсбург, а […]

Роналдо е незадоволен од изборот за најдобар играч


Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, изјави дека Кристијано Роналдо е незадоволен од изборот за најдобар играч и дека самиот донел одлука да не присутвува на свеченото доделување на наградите. Португалскиот фудбалер ја доби наградата за најубав гол и за најдобар напаѓач, но не му припадна најзначаната наградата за најдобар играч, која ја доби Лука Модриќ. […]

Мурињо: И без трофејот ќе бидам меѓу најдобрите тренери


Тренерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, ја продолжи „војната“ со медиумите, откако во изминатиов период е цел на постојани критики поради лошите резултати на неговиот тим. Минатото коло Јунајтед беше поразен со убедливи 3:0 од Тотенхем, а на денешната прес-конференција пред натпреварот со Барнли португалскиот фудбалски стручњак ги наведе своите успеси и нагласи дека без […]

Модриќ: Среќен сум во Реал


Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ истакна дека е среќен во Реал Мадрид и дека ќе продолжи да настапува за шпанскиот клуб. Капитенот на хрватската репрезентација синоќа за првпат во кариерата беше избран за најдобар фудбалер во Лигата на шампионите, а летово беше во фокусот на јавноста поради сагата со неговиот трансфер во Интер. Наводно Модриќ инсистирал […]

ПСЖ го испрати Ло Селсо во Бетис


Фудбалерот на ПСЖ, Џовани ло Селсо, следната сезона ќе настапува за Бетис како позајмен играч. Ло Селсо веќе се наоѓа во Севиља, а по лекарските прегледи ќе ја официјализира соработката со новиот клуб. Засега не е објавена сумата која Бетис ќе ја плати за позајмицата, но се знае дека следното лето за 30 милиони евра […]

Менаџерот на Роналдо: Модриќ најдобар? Смешно!


Монако– Изборот на Лука Модриќ за најдобар фудбалер на годината од страна на УЕФА, предизвика негодување кај менаџерот на Кристијано Роналдо, Жорж Мендеш. – Модриќ најдобар? Тоа е смешно. оналдо го предводеше Реал. Постигна 15 гола во Лигата на шампионите. Цел овој избор е срамен. Фактите на теренот кажуваат се, изјави Мендеш. Хрватскиот репрезентативец покрај наградата […]

Розенборг по втор пат ја победи Шкендија во плејофот за Лига Европа


Норвешкиот тим Розенборг ја елиминираше Шкендија од Лига Европа, откако со 2:0 го совлада македонскиот првак на реванш натпреварот од плејоф колото за пласман во групната фаза од ова европско натпреварување. Претходно, Розенборг ја победи Шкендија со 3:1 на првиот натпревар, кој се одигра во Норвешка. Во првото полувреме Шкендија испушти шанса да поведе, откако […]

Поранешен потпретседател на ФИФА осуден на девет години затвор


Поранешниот потпретседател на ФИФА, Хуан Анхел Напуд, е осуден на деветгодишна затворска казна заради  рекетирање и корупција во текот на неговиот мандат. Тој е еден од функционерите на ФИФА кои беа обвинети во рамките на големиот корупциски скандал во Светската фудбалска федерација.  Напут за време на скандалот беше претседател на Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ), а […]

Лука Модриќ избран за најдобар играч во Лигата на шампионите за минатата сезона


Фудбалерот на Реал и капитенот на хрватската репрезентација, Лука Модриќ,  за првпат во кариерата беше избран за најдобар играч во Лигата на шампионите за минатата сезона. Модриќ престижната награда ја доби во конкуренција со доскорешниот соиграч Кристијано Роналдо и напаѓачот на Ливерпул Мохамед Салах. – Ние сме едно големо семејство. Дали ќе се обидеме да […]

Фудбалерите на Реал Мадрид ги освоија речиси сите наградите на УЕФА


Ждрепката во Монако за групната фаза на Лигата на шампионите, УЕФА ја искористи да ги прогласи и најдобрите поединци за минатата сезона во елитното натпреварување. Она што е на прв поглед може да се забележи е дека играчите на Реал Мадрид по освоената трета титула во низа во Лигата на шампионите заслужено ги добија речиси […]

Реал во група со Рома, Црвена Звезда со ПСЖ и Ливерпул


УЕФА денеска во Монако ја направи ждрепката за групната фаза од Лигата на шампионите, а клубовите кои изборија пласман во групите ги дознаа имињата на своите противници. Бранителот на трофејот Реал Мадрид е во групата Г заедно со Рома, ЦСКА Москва и чешки Плзењ, а дебитантот Црвена ѕвезда е во група Ц со Наполи, Ливерпул […]

За Платини трансферот на Роналдо во Јувентус е чуден


Легендарниот фудбалер на Јувентус и поранешен претседател на УЕФА, Мишел Платини, изјави дека не го сфаќа трансферот на Кристијано Роналдо и го смета за чуден. Роналдо летово со трансфер во висина од 112 милиони евра премина од Реал Мадрид во Јувентус, а навивачите на клубот од Торино не ја криеја радоста за неговото доаѓање. – […]

АМС ќе му додели 100 илјади денари и стипендија на Марко Пејчиновски


На иницијатива на директорот Дарко Каевски, Агенцијата за млади и спорт донесе одлука да му додели на Марко Пејчиновски еднократна парична награда во висина од 100.000 и стипендија „Спортска надеж“. – За подвигот што го направи Марко Пејчиновски кој на 12 години го преплива Охридското Езеро, како директор на АМС, побарав од Советот да му […]

Адеми ги пропушта Гибралтар и Ерменија


Аријан Адеми најверојатно ќе ги прескокне престојните два натпревари на македонската фудбалска репрезентација во Лигата на нации против Гибралтар (на гости на 6 септември) и Ерменија (дома на 9 септември). Како што пишуваат хрватските медиуми, капитенот на Динамо има помала руптура (кинење) на мускулот, поради што го напушти теренот во 32. минута од мечот против […]

Вардар подобар од Металург во македонското дерби во СЕХА лигата


Вардар го совлада Металург со 34:28 на првиот натпревар во новата сезона од ракометната СЕХА лига. „Црвено-црните“ ја оправдаа фаворитската улога, иако Металург беше рамноправен противник во македонското дерби од регионалната лига. Во почетните дваесетина минути од натпреварот воглавно се играше гол за гол. Од средината на првото полувреме Вардар успеа да направи предност, која […]

Ангеловски: Не бегаме од фаворитската улога, но ги респектираме противниците


Селекторот на македонската фудбалска федерација Игор Ангеловски ги искажа своите очекувања за претстојните натпревари со Гибралтар и со Ерменија во Лига на Нации. – Не бегаме од фаворитската улога, но го имаме задолжителниот респект за Гибралтар. Не е лесно да се победува, очекувам максимално издание на моите фудбалери и заедно да ја почнеме Лигата на […]

Нико Ковач тренер на годината во Германија


Германија-Хрватскиот фудбалски стручњак Нико Ковач доби најмногу гласови во изборот за најдобар тренер во Германија спроведен од магазинот „Билд“. Ковач го предводеше Ајнтрахт Франкфурт до трофејот во Купот на Германија. – Ова признание не ми припаѓа само мене туку на целиот тим и стручен штаб на Ајнтрахт, изјави хрватскиот тренер на церемонијата на доделувањето на […]

Ѓоковиќ: Условите брутални, само играчите знаат колку им е тешко


САД-Шестиот носител Новак Ѓоковиќ кој успешно го мина првото коло на Грен слемот УС Опен се пожали на условите во кои се играат најголемиот број од мечевите. – На почетокот сме, а веќе имаме десетина откажувања поради бруталните услови. Температурите се екстремно високи и колку и да се подготвуваш за такви услови на теренот, тешко […]

Ванче Шиков е нов фудбалер на Академија Пандев


Поранешниот македонски репрезентативец Ванче Шиков е нов фудбалер на Академија Пандев. Тој веќе тренира со тимот, а во тек е и комплетирањето на потребната документација за добивање на правото за настап во ПМФЛ. Шиков е играч со богата меѓународна кариера, а во домашното првенство играше за Тиквеш, Победа и Работнички. За македонската репрезентација настапи на […]

Тренерот на Рома ја скрши дланката радувајќи се на израмнувачки гол


Тренерот на Рома, Еузебио ди Франческо, се повреди на натпреварот против Аталанта од второто коло во италијанското првенство, кој заврши со реми 3:3. Ди Франческо на стадионот „Олимпико“, при постигнувањето на израмнувачкиот гол на Костас Манолас во 82-та минута за 3:3, удирал со раката во пластичната заштита на клупата за резерви и скршил неколку коски […]