Чориќ го надигра Федерер и се погрижи за балканско финале во Шангај


Кина–  Хрватскиот тенисер Борна Чориќ за прв пат ќе игра во финале на еден Мастерс турнир, откако денеска во Шангај го изненади Швајцарецот Федерер Роџер со 2-0. Двата сета Чориќ ги доби со по 6:4.

Ова е втора победа по ред за Чориќ во дуелите со Федерер кој го бранеше трофејот во кинески Шангај.

Противник на Хрватот во големото финале ќе биде Србинот Новак Ѓоковиќ.

Досега, Ѓоковиќ и Чориќ играа двапати, и во двата наврата славеше Србинот, оваа година во Монте Карло и минатата во Мадрид.

Финалето во Шангај е утре со почеток во 10:30 часот.