Федерер: Не одам во пензија


Кина – Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер го загуби полуфиналето на Мастерсот во Шангај од Хрватот Борна Чориќ со 2-0. По натпреварот, Федерер беше запрашан од новинарите за евентуално негово пензионирање.

– Дали ќе играм тенис и следната сезона? Да! – потенцира се уште вториот светски рекет кој од понеделник ќе падне на третата позиција.

Триесет и седум годишниот Федерер го призна поразот од Чориќ и рече дека противникот подобро сервирал и го удирал топчето.

– Беше подобар. Јас лошо ги започнав двата сета, него му одеше сервисот и тоа пресуди на брзата подлога во Шангај, истакна Федерер.

Чориќ утре во финалето ќе се сретне со Новак Ѓоковиќ.