Фернандо Јеро опција за Реал Мадрид


Легендата на Реал Мадрид, Фернандо Јеро изненадувачки може да го преземе тимот, тврдат медиумите во Шпанија. Во моментов, тренерскиот пост на „кралевите“ е испразнет откако Зинедин Зидан изненадувачки реши да поднесе оставка само неколку дена по третиот последователен триумф во Лигата на шампионите. Според последните информации, Јеро влегол во листата со кандидати, откако тимот во …

Фернандо Јеро опција за Реал Мадрид Read More »

Здравко Мамиќ осуден на 6,5 години затвор


Најмоќната фигура на хрватскиот и на балканскиот фудбал, Здравко Мамиќ е осуден на 6.5 години затвор поради малверзации при продажба на фудбалери од Динамо Загреб. Одлуката на судот во Осиек е неправосилна, односно странките имаат право на жалба, но потпретседателот на загрепскиот клуб уште вчера ја напушти Хрватска и замина во својата вила во Херцеговина. …

Здравко Мамиќ осуден на 6,5 години затвор Read More »

Меси: На теренот сме сите еднакви


Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси наведе дека на неговата репрезентација многу малку и недостасува да биде на нивото на Франција, Германија, Бразил и Шпанија. Меси со Барселона ги има освоено сите титули, но според познавачите на фудбалот му недостига трофејот од Светското првенство за легитимно да биде прогласен за најдобар фудбалер во светот. – Не сметам …

Меси: На теренот сме сите еднакви Read More »

Ѓоковиќ: Не знам дали ќе играм во сезоната на трева


Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ по поразот во четвртфиналето на „Ролан Гарос“ изјави дека размислува дали да игра во сезоната на трева. Ѓоковиќ денеска со 3:1 во сетови беше совладан од италијанскиот тенисер Марко Чекинато. –  Му честитам! Играше одлично од самиот почеток, а мене ми требаше време да се разиграм. Откако се загреав беше …

Ѓоковиќ: Не знам дали ќе играм во сезоната на трева Read More »

Чекинато го исфрли Ѓоковиќ од „Ролан Гарос“


Италијанскиот тенисер Марко Чекинато се пласираше во полуфиналето на „Ролан Гарос“, откако со 3:1 во сетови го совлада најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ. Чекинато, кој се наоѓа на 72-та позиција на АТП листата го направи најголемото изненадување на турнирот елиминирајќи го поранешниот најдобар тенисер во светот, кој во моментот е на 22-то место. Италијанскиот тенисер …

Чекинато го исфрли Ѓоковиќ од „Ролан Гарос“ Read More »

Лихштајнер нов фудбалер на Арсенал


Швајцарскиот репрезентативец Стефан Лихштајнер е нов фудбалер на Арсенал, откако денеска  официјално потпиша договор. Тој по седум години поминати во Јувентус како слободен играч доаѓа на „Емирати“. – Стефан ни носи искуство и лидерство во тимот. Има огромен квалитет, но и многу позитивен став. Сигурен сум дека ќе ја унапреди нашата екипа на теренот, но и надвор …

Лихштајнер нов фудбалер на Арсенал Read More »

Гвардиола одби да ги коментира обвинувањата на Туре


Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола одби да ги коментира изјавите на Јаја Туре, кој меѓу другото го обвини и за расизам. Поранешниот фудбалер на Сити изнесе серија обвинувања на сметка на Гвардиола, потенцирајќи дека тренерот намерно му ја уништил последната сезона и дека му бил љубоморен. Според Туре, тој „не ги сака африканските фудбалери“. …

Гвардиола одби да ги коментира обвинувањата на Туре Read More »

Погба: Зошто не го критикуваат Меси кога шета по теренот?


Францускиот фудбалски репрезентативец Пол Погба е многу критикуван од навивачите во пресрет на Светското првенство во Русија. Тој на пријателскиот натпревар со Италија одигран пред неколку дена беше исвиркан од навивачите поради слабата игра. Набргу потоа во анкетата на навивачите беше заклучено дека играчот на Манчестер Јунајтед не заслужува да патува на Мундијалот. На ваквите …

Погба: Зошто не го критикуваат Меси кога шета по теренот? Read More »

Роналдо бара 75 милиони евра годишно да остане во Реал


Најдобриот фудбалер на светот Кристијано Роналдо побара шестгодишен договор со Реал Мадрид и зголемување на приходите на 75 милиони евра по сезона како услов за останување во клубот, објави шпанска „Кадена Копе“. Португалецот има договор со тројниот европски шампион до 2021 година, но веднаш по победата над Ливерпул (3: 1) во финалето на Лигата на …

Роналдо бара 75 милиони евра годишно да остане во Реал Read More »

Нејмар посочи четири легенди од кои никогаш нема да биде подобар


Лидерот на бразилската репрезентација Нејмар ги именуваше четворицата играчи од блиското и подалечното минато, кои, според него, никогаш нема да ги надмине. Неј Џуниор ги посочи имињата на Ромарио, Зико, Роналдо (Феноменот) и Пеле. – Тие ми беа идоли од моето детство. Никогаш нема да бидам подобар од нив, рече капитенот на „Селесао“ за новинарите. …

Нејмар посочи четири легенди од кои никогаш нема да биде подобар Read More »

Туре за нарушените односи со Гвардиола: Можеби бојата на мојата кожа е причината


Африканскиот играч од средниот ред, Јаја Туре го обвини менторот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, за расизам. Поранешниот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска објави една интересна случка, во која се почувствувал како предмет на расистички напади од шпанскиот тренер, во интервју за „Францс фудбал“. Минатата сезона, Туре играше за „граѓаните“, но неговиот договор со …

Туре за нарушените односи со Гвардиола: Можеби бојата на мојата кожа е причината Read More »

УЕФА го казни Зенит за расизмот на неговите навивачите


Дисциплинската комисија на УЕФА го казни Зенит Санкт Петербург да го игра следниот натпревар од eвротурнирите зад затворени врати поради манифестација на расизам. Рускиот клуб доби санкција поради навредливите скандирања на навивачите на тимот кон темнокожите фудбалери од РБ Лајпциг при ремито 1:1 во натпревар од осминафиналето на Лигата на Европа на 15-ти март. Зенит, …

УЕФА го казни Зенит за расизмот на неговите навивачите Read More »

Лазаров: Не очекува неатрактивен, но многу сериозен меч


Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров денеска по првиот собир во „Александар палас“ изјави дека баражот против Романија е „круцијален“ за „жолто-црвените“, откако претстојниот Мундијал во 2019-та ќе биде квалификациски за Олимписки игри во 2020 година. Тој изјави дека иако Романија нема настапи на големи натпреварувања последниве години, сепак имаат квалитетна репрезентација. – Овој …

Лазаров: Не очекува неатрактивен, но многу сериозен меч Read More »

Гонзалес: Не е важно што сме фаворити, мора да одиграме добро против Романија


Селекторот на сениорската ракометна репрезентација Раул Гонзалес во пресрет на бараж двомечот за пласман на СП 2019 против Романија, денеска изјави дека противникот е квалитетен и располага со одличен селектор. Тој очекува тежок двомеч, со оглед и на тоа дека реваншот се игра во Романија. – Не е важно тоа што Македонија важи за фаворит …

Гонзалес: Не е важно што сме фаворити, мора да одиграме добро против Романија Read More »

Силва: Вратите за Руни секогаш ќе бидат отворени


Новиот менаџер на Евертон, Марко Силва на својата прва прес-конференција изјави дека не е исклучено Вејн Руни да остане во клубот. Триесет и двегодишниот поранешен напаѓач на Манчестер Јунајтед преговара со тимот од МЛС, Ди Си Јунајтед, но има договор со „карамелите“ за уште една година. Силва додаде дека има мала листа на големи имиња, …

Силва: Вратите за Руни секогаш ќе бидат отворени Read More »

Марсијал, Лаказет и Бензема не се најдоа во составот на Франција за Светското првенство


Селекторот на репрезентацијата на Франција, Дидие Дешамп денеска го објави конечниот состав од 23 фудбалери на кои ќе смета за Светското првенство во Русија, кое започнува по 10 дена. Неколку врвни ѕвезди не успеаја да се најдат на конечниот список, откако Антони Марсијал (Манчестер Јунајтед), Александер Лаказет (Арсенал) и Карим Бензема (Реал Мадрид) ќе го …

Марсијал, Лаказет и Бензема не се најдоа во составот на Франција за Светското првенство Read More »

Салах оди на Мундијалот, но сигурно нема да игра на почетокот


Најдобриот египетски фудбалер, Мохамед Салах, е на листата на репрезентацијата за Мундијалот во Русија и покрај повредата на неговото рамо здобиена во финалето на Лигата на шампионите. Напаѓачот на Ливерпул на репрезентацијата ќе и се приклучи на 9 јуни, а дотогаш ќе закрепнува во Шпанија. Салах сигурно ќе го пропушти првиот натпревар против Уругвај на …

Салах оди на Мундијалот, но сигурно нема да игра на почетокот Read More »

Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на „Ролан Гарос“


Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на „Ролан Гарос“. Ѓоковиќ по три одиграни сета со 3:0 (6:3, 6:4, 6:2) успеа да го совлада шпанскиот тенисер Фернандо Вердаско. Српскиот тенисер против Вердаско релативно лесно победи и прикажа сигурна игра, што наговестува дека се враќа во старата препознатлива форма. За Ѓоковиќ ова е деветто …

Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на „Ролан Гарос“ Read More »

Шумуликоски се повлече од фудбалската кариера


Поранешниот македонски репрезентативец Величе Шумуликоски одлучи да се повлече од активната фудбалска кариера на 37-годишна возраст. Негов последен клуб е Словачко за кој настапуваше од 2013 година. Тој во богатата меѓународна кариера смени повеќе клубови, но најголемиот успех го постигна во 2008 година кога потпиша за англиски Ипсвич. Шумуликоски е трет фудбалер по бројот на …

Шумуликоски се повлече од фудбалската кариера Read More »

Нејмар по три месеци пауза се врaти со гол против Хрватска (ВИДЕО)


Бразил ја совлада Хрватска со 2:0 на денешната пријателска средба која се одигра на стадионот „Енфилд“ во Ливерпул. Во фокусот на вниманието на средбата беше Нејмар, кој по три месеци пауза заради повреда го одигра првиот натпревар. Тој влезе во вториот дел, а во 69 минута постигна атрактивен гол минувајќи со леснотија неколку играчи на …

Нејмар по три месеци пауза се врaти со гол против Хрватска (ВИДЕО) Read More »