Икарди побарал 8 милиони на сезона, за да го облече дресот на Наполи


Напаѓачот на Интер, Мауро Икарди постави високи финансиски услови на Наполи, тврди „Калчомеркато“. Аргентинецот побарал плата од 8 милиони евра годишно, што е проблем за вицешампионот на Италија. Тренерот на „нероазурите“, Антонио Конте веќе изјави дека нема да смета на 26-годишниот Аргентинец во новата сезона. Во минатата 2018/19, Икарди зеде учество во 37 натпревари во […]

ФК Брегалница ја презеде бизнисменот Кирил Гогов


Успешно е завршена продажбата на 51 отсто од акциите на Фудбалскиот клуб Брегалница, соопшти на денешната прес-конференција, градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски. Сопственикот на ланецот супер маркети „Кит –Го“-Штип и спортски работник Кирил Гогов на јавниот повик единствен пројавил интерес за преземање на фудбалскиот клуб, којшто постои 98 години. Минатиот месец, на седница на […]

Започна изградбата на новата трибина на стадионот во Чаир


Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска заедно со општина Чаир официјално ги започна градежните активности за изградба на нова трибина на стадионот во Чаир со капацитет од 1.792 места на која е предвиден покриен дел во чии рамки ќе бидат изградени технички и лекарски простории, ВИП простор, застаклена кабина за ТВ коментаторски позиции и платформи […]

УЕФА негираше дека ја поканиле Аргентина во Лигата на нациите


Претставниците на УЕФА силно ги отфрлија информациите дека европската централа ја поканила Аргентина да се приклучи на Лигата на нациите. – Објавата дека Аргентина е поканета да учествува на турнирите под покровителство на УЕФА и која беше предложена да стане членка на организацијата не одговара на реалноста. Никогаш не сме разговарале за ова прашање. Во […]

Леброн го отстапи бр.23 на Ентони Дејвис


Суперѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс го исполни ветувањето и се откажа од бр.23 во корист на новото засилување на тимот од Калифорнија – Ентони Дејвис. „Кралот“ закачи слика во Инстаграм, на која позира заедно со Дејвис, а двајцата држат дрес на „езерџиите“ со името на поранешната ѕвезда на Њу Орлеанс и досегашниот број […]

Бразил ја освои Копа Америка


Бразил  – Фудбалската репрезентација на Бразил ја освои Копа Америка, девети пат во нејзината историја, откако ноќеска во финалето го совлада Перу со 3:1 (2:1). На славната „Маракана“ во центарот на вниманието беше Габриел Жезус, кој му асистираше на Евертон при првиот гол  во 15. минута, беше стрелец на вториот во 45+3, а потоа и исклучен […]

Конмебол со одговор до Меси


По обвинувања на Меси до Фудбалска федерација на Јужна Америка во однос на организација на годинешната Копа Америка, од оваа организација излегоа со реакција преку соопштение до јавноста. – Воопшто не е прифатливо, врз основа на поедини инциденти во натпреварувањето, во кое под истите услови учествуваат 12 екипи, да се изнесат тешки, неосновани и лажни […]

Мурињо одбил договор од 100 милиони евра


Англија – Поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо кој се уште од крајот на 2018 година е невработен, одбил понуда од богат кинески клуб во износ од 100 милиони евра. Како што пишува „Скај спортс“, Португалецот одбил понуда од Кина, а со тоа и можноста да се испише во историјата на фудбалот како најплатен […]

Шкендија со нов дрес и со засилување


Шампионската екипа на Северна Македонија, Шкендија, ги претстави новите дресови, со кои ќе настапува на натпреварите од сезоната 2019/2020. Во новиот дизајн на дресот со кој шампионите ќе играат на домашен терен повторно преовладуваат традиционалните „црвено и црни“ на Шкендија. Од Шкендија најавија дека екипата ќе има уште еден модел на кој ќе доминира белата […]

Ленард ќе потпише договор со Лос Анџелес Клиперс


Шампионот на НБА со тимот на Торонто, Каваи Ленард, кој е слободен агент, се подготвува да потпише договор со Лос Анџелес Клиперс, пренесе „ЕСПН“. Дваесет и осумгодишниот кошаркар минатото лето се пресели во Торонто од Сан Антонио и за втор пат беше избран за МВП во финалето. Пол Џорџ, исто така, ќе ја продолжи кариерата […]

(Видео) Ѓоковиќ ја пееше „Македонско девојче“ и побара фотографии од Охрид


Светскиот тенисер број еден, Новак Ѓоковиќ во специјално видео обраќање до неговите фанови ја поздрави и Македонија. Популарниот Ноле преку својот Инстаграм профил исполнуваше желби на фановите, а во чест на Македонците ја запеа „Македонско девојче“, а потоа побара и да му се испратат фотографии од Охрид и преубавото Охридско езеро. Ѓоковиќ во моментов се […]

Почнува Тур де Франс


  Тур де Франс, најпрестижната велосипедска трка на светот, почнува во сабота со бриселската етапа во должина од 194,5 километри. Ова е 106. издание на трката низ Франција, која оваа година почнува од Белгија каде велосипедистите ќе возат три дена. По долга низа години на трката нема да го видиме четирикратниот шамниот Крис Фрум, кој […]

Северна Македонија со најдобар свој рејтинг во ЕХФ


Северна Македонија во машка категорија, според најновата клупска ранкинг листа на ЕХФ, го оствари својот најдобар рејтинг на клупски план во ракомет, со што обезбеди загарантиран пласман во Лига на шампиони за 2020/21 година. Клупскиот ранкинг на Македонија е на третата позиција со 115 бодови, пред Македонија се Германија со 132 бода и Франција со 139 бодови. Македонија во сезоната 2020/21 загаратирано ќе има […]

Барса го жртвува Кутињо за Нејмар


Барселона и ПСЖ ги продолжуваат преговорите за враќање на Нејмар во Камп Ноу, а за да ја намали цената на трансферот на францускиот клуб ќе му го понуди Филип Кутињо. Каталонскиот клуб се обидува да ја намали цената за бразилскиот фудбалер и негова цел е да испрати дел од своите играчи наместо пари од ПСЖ, […]

Икарди веќе мисли за Наполи


Наполи сериозно интервенирал во борбата за напаѓачот на Интер, Мауро Икарди. До неодамна, се веруваше дека најверојатно негов иден клуб ќе биде Јувентус. Новиот тренер на „нероазурите“, Антонио Конте нема намера да смета на Аргентинецот и клубот сака да се раздели со него и да го земе Ромелу Лукаку за оваа позиција. Изборот на самиот […]

(Видео) Англиски репрезентативец колабира на плажа


Англискиот репрезентативец Деле Али колабира на плажа за време на неговиот одмор на грчкиот остров Миконос, пренесе таблоидот „Сан“.   Ѕвездата на Тотенхем се почувствувал лошо и се онесвестил од топлото време. Првично девојката на играчот – Руби Меј, не обрнувала внимание, но потоа морало да повика двајца мажи кои помогнале на Али да се […]

Мурињо: Италија е опција за мене


Едно од големите имиња во тренерската професија, Жозе Мурињо, планира наскоро да се врати на теренот. Специјалниот објави уште пред време дека има намера да ја обнови својата кариера од јули и сега откри дека италијанската Серија „А“ е една од опциите пред него. Поголемиот дел од големите тимови на Апенините веќе ги сменија тренерите, […]

Барселона отпуштила тренери преку „ВатсАп“


Скандалите во Барселона продолжуваат со целосна сила. По оставката на потпретседателот на клубот, Жорди Местре, поради недоразбирањата околу трансфер политиката, веќе се појавија други детали. Шпанскиот шампион ја сменил формата за тренинзи во младинските екипи, а сите досегашни тренери ги отпуштиле преку … „ВатсАп“. Сите промени биле под влијание токму од оставката на Местре. Неколку […]

Буфон: Се враќам во Јувентус затоа што ова е мојот дом


Италијанскиот легендарен голман Џанлуиџи Буфон, рече дека не можел да ја отфрли поканата на Јувентус. Денеска 41-годишниот Буфон потпиша едногодишен договор со актуелниот шампион во Серија А. – Се враќам бидејќи поканата на „дамата“ не може да се одбие”. Се враќам, бидејќи ова е мојот дом! – напиша Буфон на својот Твитер. Тој играше за […]

Робен стави крај на професионалната кариера


Поранешниот фудбалер на Баерн, Арјен Робен, одлучи да ја заврши својата кариера, објави прес-службата на холандскиот национален тим. Холанѓанецот на 30 јуни ги заврши обврските кон Баерн по што можеше да си бара друг клуб како слободен играч. Сепак, Робен се одлучи за фудбалска пензија. Во сезоната 2018/19, 35-годишниот фудбалер настапи на 19 натпревари, постигна […]