(Видео) Англиски репрезентативец колабира на плажа


Англискиот репрезентативец Деле Али колабира на плажа за време на неговиот одмор на грчкиот остров Миконос, пренесе таблоидот „Сан“.

 

Ѕвездата на Тотенхем се почувствувал лошо и се онесвестил од топлото време. Првично девојката на играчот – Руби Меј, не обрнувала внимание, но потоа морало да повика двајца мажи кои помогнале на Али да се врати во хотелот.

Дваесет и три-годишниот играч е на Миконос на романтичен одмор по повод роденденот на својата атратктивна девојка, а според очевидци, играчот употребил солидно количество алкохол за време на прославата.

 

https://www.youtube.com/watch?v=dWjK2vst4K0