(ФОТО) Европскиот шампион е главна атракција на аеродромот во Келн


Ракометарите на Вардар се подготвуваат за враќање во Скопје, а поради малото одложување на летот, времето го искористија за да се фотографираат со фановите на аеродромот во Келн. Вардарци се главната атракција на аеродромот и сите посакуваат заедничка фотографија со хероите кои се издигнаа над сите проблеми и повторно го донесоа најценетиот европски ракометен трофеј […]

Камчев во живо го следеше Вардар во Келн, а од СЈО дознаа преку ТВ


Македонскиот бизнисмен Орце Камчев, вчера беше виден во Келн за време на фајнал-фор турнирот од Лигата на шампионите и заедно со ракометарите на Вардар ја славеше втората европска шампионска титула, иако неговиот пасош беше одземен како мерка на претпазливост, како еден од осомничените во случајот „Империја“. Според информациите, од Основниот суд Скопје 1 по одлука […]

Објавени детали за трагичната смрт на Рејес


 Мерцедесот Брабус С550, со кој управуваше Хозе Антонио Рејес, непосредно пред сообраќајната несреќа се движело со брзина од 237 километри на час. Во податоците од полицискиот записник за сообраќајката кои ги објави „Ел Мундо Депортиво“ се  додава дека при толку голема брзина Рејес нагло свртел и удрил на заштитната награда на патот, притоа му пукнала гумата […]

Караванот со навивачите на Вардар тргна кон скопскиот аеродром


Колоната возила со навивачи на евроспкиот ракометен шампион Вардар тргна од Спортскиот центар „Јане Сандански“ кон аеродромот каде за околу еден час се очекува да слета авионот од Келн. Навивачи и од другите делови на градот тргнаа да ги пречекаат своите миленици кои викеднот стигнаа до втората европска титула. Од аеродромот „црвено-црните“ ќе се упатат […]

Авионот со ракометарите на Вардар ќе доцни, во Скопје ќе слета во 20.30 часот


Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов преку Фејсбук соопшти дека поради административни причини авионот со ракометарите на „Вардар“ од Келн ќе доцни и во Скопје ќе слета во 20:30 часот. -Почитувани, поради административни причини (пасоши, документи и сл.) авионот од Келн ќе полета во 18 часот. Слетувањето во Скопје е најавено во 20:30 часот. Останатото останува […]

Брестовац го објави списокот за квалификациските мечеви против Турција и Грција


Македонската ракометна репрезентација ќе ги одигра последните два меча од квалификациите против репрезентациите на Турција и Грција. За таа цел, селекторот Данило Брестовац го објави списокот на ракометари кои ќе настапат на овие два меча. На листата на селекторот се најдоа 28 играчи, кои беа дел и од претходните натпревари, па не се очекуваат поголеми […]

Навивач на Голден Стејт платил 100.000 долари за две влезници за финалето во НБА


Сто илјади долари за две влезници во паркетот за финалето, платил еден навивач на Голден Стејт Вариорс, со што го соборил рекордот на НБА. Таа информација на Твитер ја објави Дарен Равел од „Екшн нетворк“, кој не го откри идентитетот на купувачот, туку само дека влезниците ги платил преку службената страница на Вариорс и дека […]

Навивач на Голден Стејт платил 100.000 долари за две влезници за финалето во НБА


Сто илјади долари за две влезници во паркетот за финалето, платил еден навивач на Голден Стејт Вариорс, со што го соборил рекордот на НБА. Таа информација на Твитер ја објави Дарен Равел од „Екшн нетворк“, кој не го откри идентитетот на купувачот, туку само дека влезниците ги платил преку службената страница на Вариорс и дека […]

Ангеловски и Николов: Полска е фаворит во групата, но многу работи ќе зависат само од нас


Македонската фудбалска репрезентација денеска го започна официјалниот подготвителен период за квалификациските натпревари за ЕУРО 2020. против Полска (7. јуни, 20:45) и Австрија (10. јуни, 20:45) на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Селекторот на нашата репрезентација, Игор Ангеловски на денешниот брифинг изрази задоволство од одработениот, прв дел од подготовките и поради фактот дека здравствениот билтен […]

Град Скопје ќе го награди Вардар со 6 милиони денари


По предлог на градоначалникот Шилегов, Советот на Град Скопје донесе одлука за доделување награда во висина од 6 милиони денари, како и средства за организирање  пречек на ракометната екипа Вардар по вчерашната победа на Ф4 турнирот во Келн и освојувањето на титулата во ЕХФ Лигата на шампионите. Со оваа одлука, покрај наградата, се обезбедуваат средства […]

Град Скопје повика на спортско однесување и прослава при пречекот на Вардарци


Град Скопје, градоначалникот Петре Шилегов и координаторите на сите советнички групи во Советот го поздравуваат огромното постигнување и европската ракометна шампионска титула на „Вардар“. Тие сите заедно повикаа на достоинствен пречек и славење на успехот на ракометарите, а изразија и несогласување со изолираните случаи кои, како што се наведува, сакаат да стават дамка на прославата. […]

Вардарци со чартер лет попладнево пристигнуваат во Скопје


Европскиот шампион Вардар, попладнево околу 16 часот и 15 минути треба да слета на аеродромот во Скопје. Според првичната агенда „црвено-црните“ требаше околу полноќ да се вратат од Келн со редовна линија, но плановите се променија и тие ќе летаат назад со чартер . Пречек ќе има прво на аеродромот, а потоа и на плоштадот […]

Навивач на Ливерпул исчезна по финалето на Лигата на шампионите


Младиот навивач на Ливерпул, Маколи Нигас исчезна по финалниот натпревар во Лигата на шампионите во Мадрид со Тотенхем (2:0), објави новинарката Џени Кирхам. Натпреварот се одигра во саботата на стадионот на Атлетико. Според Кирхам, навивачот требаше денес да лета дома (Англија), но тоа не се случило, а семејството не добило никакви пораки од него.

Дибиров: Ако сега некој не му помогне на Вардар, треба сите да завршиме со кариерите


Ракометарот на Вардар, Тимур Дибиров по вечерашното освојување на титулата во Лигата на шампионите изјави дека сега е временекој даизлезе во пресрет и даму помогне на клубот. Вардарци имаа исклучително тешка сезона, откако ракометарите немаат земено плата со месеци, но и покрај тоа „црвено-црните“ се искачија на европскиот ракометен трон. Според него оваа титула е […]

Парондо: Немам зборови за моите момци и за нивниот подвиг


Тренерот на Вардар, Роберто Парондо по победата над Веспрем вечерва во финалето на „Фајнал фор“ турнирот во Келн изјави дека ова е неверојатен резултат за клубот и се заблагодари на играчите и раководството. – За секој кој се разбира од ракомет, можам да кажам дека ова беше одличен турнир. Им честитам на Веспрем, играа многу […]

(ФОТО) Еуфорична прослава во Скопје на победата на Вардар


Навивачите ширум државава ја прославуваат втората шампионска титула на ракометниот клуб Вардар по вечерашната победа во Келн. Голем број граѓани се собраа на Градскиот плоштад во Скопје да го проследат дуелот, каде сега се прославува големиот успех на македонскиот ракомет. Веднаш по завршувањето на мечот колони возила се упатија во центарот на главниот град, каде […]

Карачиќ е МВП на фајнал-форот во Келн


Ракометарот на Вардар, Игор Карачиќ е прогласен за најкорисен играч на завршниот турнир во Лигата на шампионите. Хрватскиот репрезентативец одигра одлично во дуелите против Барселона вчера и денеска во финалето против Веспрем и сосема заслужено го доби ова признание. Ова беше и најдобар начин за простување на Хрватот од дресот на македонскиот првак. Десното крило […]

(ФОТО) Стинг му честиташе на Вардар за европската титула


Светската музичка ѕвезда Стинг, во пресрет на вечерашниот концерт на Националната арена „Тодор Проески“, му испрати честитка на Вардар за новата европска шампионска титула. Од „Авалон Продукција“ преку својот фејсбук профил објави фотографија од Стинг со дрес од Вардар пред самиот почеток на концертот, кој беше поместен за половина час, токму поради финалниот натпревар на […]

Европскиот ракометен трон повторно е „црвено-црн“: Вардар до втора титула во ЛШ!


Македонскиот шампион Вардар е нов европски ракометен шампион. Екипата на Роберто Гарсија Парондо забележа победа во финалето на „Ф4“ во Келн против Веспрем со 27:24 (16:11). Играчите на Роберто Парондо играа одлично во првото полувреме, сосема спротивно од вчерашниот прв дел против Барселона кога „црвено-црните“ губеа со седум гола, но на крајот сепак успеа да […]

УЕФА го објави тимот на сезоната во ЛШ, Салах го нема


УЕФА вклучи 20 играчи во тимот на сезоната во Лигата на шампиони. Во објавениот состав, прави впечаток недостатокот на ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах, но пак во листата се најдоа шест други играчи на Ливерпул. Ливерпул ја освои титулата во престижниот турнир оваа сезона по успех со 2:0 над Тотенхем во финалето. Најдобрите во турнирот […]