Баерн М. во минус од 85 милиони евра


Баерн Минхен бележи голема финансиска загуба по разделбата со Хамес Родригез, Франк Рибери, Арјен Робен, Матс Хумелс и Рафиња. Станува збор за придонесот што ѕвездите на Баварците го имаа за клубот преку социјалните мрежи. Анализа на „Спортбазер“ покажа дека напуштањето на овие играчи довело до минус од 89 милиони евра за најуспешниот германски клуб.

Баерн М. не загуби само фудбалери туку и амбасадори бидејќи наведените ја исполнуваат и таа функција на социјалните мрежи Фејсбук, Твитер и Инстаграм преку милионите следбеници на нивните профили.

Заминувањето на Хамес Родригез, кој важи за исклучително популарен меѓу навивачите на социјалните мрежи, го чини Баерн М. 68 милиони евра, додека Матс Хумелс (се врати во Борусија Дортмунд) генерирал 8,8 милиони евра годишно.

Рибери и Рафиња носеле вкупно 11,9 милиони евра во клупската каса, а губитоци не бележи само Ариен Робен бидејќи Холанѓанецот не користи социјални. Така вкупните загуби на Баварците се проценуваат на 88,7 милиони евра.

Во извештајот се вели дека трите нови засилувања на Баерн, Лука Ернандез, Бенжамин Павар и Јан-Фите Арп воопшто ја немаат истата тежина во интернет просторот. Проценките се дека тие ќе донесат само 1,9 милиони евра во клубот.

Сè може брзо да се промени ако тимот од Минхен го купи Лерој Сане од Манчестер Сити, бидејќи репрезентативецот на Германија е магнет за навивачите.