Де Лихт пристигна во Торино на прегледи


Матаис де Лихт пристигна во Торино за да го комплетира трансферот од Ајакс Амстердам во Јувентус. Италијанскиот шампион се очекува да плати 75 милиони евра за фудбалерот кој веќе поминува лекарски прегледи.

– Многу сум среќен што сум тука, беа првите зборови на дефнзивецот на италијанска земја.

Репортери и фанови го забележаа Де Лихт на аеродромот „Каселе“ во Торино, кој користеше приватен авион за своето патување.

„Здраво, „бјанконери“. Тука е Матаис, јас сум среќен што сум тука“, додаде тој во видеото.

Медицинските прегледи се одржуваат во „Ју-Центарот“ во Торино, а тој ќе остане во „Ју-Хотел“ до вечерта, кој е базиран во „Континаса“.

Холандски Де Телеграф вели дека трансферот е одложен за 24 часа поради Јувентус. Причината е дека „старата дама“ сакаше да плати 15 милиони евра од 75 како бонуси, но Ајакс инсистираше на целосниот износ што на крајот и се случи.