Федерер поразен во Синсинати


САД- Роже Федерер беше шокиран во осминафиналето од Мастерс-турнирот во Синсинати, губејќи од квалификантот Андреј Рубљев со максимални 0-2 во сетови. Ова беше прв дуел на Швајцарецот во кариерата против младиот Русин, а Рубљев го искористи тоа за од самиот почеток да го изненади Федерер, да го диктира темпото на мечот и на крајот заслужено […]

Ѓоковиќ избори четвртфинале во Синсинати


САД – Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ стигна до четвртфиналето на турнирот во Синсинати, САД. Србинот ноќеска го совлада Шпанецот Пабло Карено Бусто со 2-0, по сетови 6:3 и 6:4. Следен противник на Ѓоковиќ ќе биде Лук Пуи од Франција. Наградниот фонд на престижниот турнир во Синсинати изнесува шест милиони долари.

Валверде потврди: Меси го пропушта почетокот на сезоната во Ла Лига


Капитенот на Барселона, Лионел Меси нема да игра против Атлетик Билбао утре во натпревар помеѓу двете екипи од првото коло од сезоната во шпанската Ла Лига. Ова го објави тренерот на Каталонците, Ернесто Валверде. Според стручњакот, Меси сè уште не се опоравил целосно од повредата на мускулот која ја добил пред неколку недели и нема […]

Судијката од финалето во Истанбул доби високи оценки


Стефани Фрапар, која стана првата жена што водеше дуел од европски клупски турнир за мажи, беше пофалена од фудбалските експерти на Островот. Французинката имаше чест и одговорност да го предводи судирот за Суперкупот на Европа меѓу европскиот клупски шампион Ливерпул и освојувачот на Лигата на Европа, Челзи. Натпреварот мина низ ВАР интервенција, досуден пенал, протести […]

УЕФА бира Играч на годината меѓу Меси, Роналдо и Ван Дајк


УЕФА ги објави имињата на тројцата кандидати за Играч на годината за сезоната 2018/2019. Церемонијата на доделување на наградите ќе се одржи на 29 август во Монако. Жири од 80 тренери на екипи кои учествуваа во групната фаза од Лигата на шампиони и Лига Европа минатата година, како и 55 новинари, ги избраа тројцата играчи […]

МЗТ потврди за смртта на нивниот поранешен кошаркар


Кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје на својот Фејсбук профил потврди дека синоќа убиеното 17-годишно момче бил нивен доскорешен член. Тие изразија сочуство до семејството на Никола Христовски за нивната голема загуба со надеж дека вакви немили настани нема да се случуваат во иднина. „Со голема тага и неверување утринава ја примивме веста за трагичната смрт на […]

Најдобри кога е најпотребно, кадетите со победа над БиХ обезбедија опстанок во А Дивизија


Кадетските репрезентативци на Северна Македонија против Босна и Херцеговина го запишаа вториот триумф на Европското првенство за кошаркари до 16 години кое се игра во Удине, Италија со 76-64 (19-20, 14-14, 30-14, и 13-16). Со оваа победа, кадетите обезбедија опстанок во А дивизија. Последните три рангирани земји идното лето ќе настапуваат во дивизија Б. Андреј […]

Виничиус влегува во договорот за Нејмар


Претседателот на Реал Мадрид има неочекуван адут во рацете за привлекување на Нејмар од Пари Сен Жермен – Виничиус Жуниор, пишува „АС“. Според мадридското издание, младиот Бразилец е исклучително посакуван од спортскиот директор на парижаните, Леонардо. Виничиус имаше одлични настапи минатата сезона и покажа одлични квалитети. Сепак, Зинедин Зидан не е убеден дека Бразилецот има […]

Зидан си заминува од Реал


Зинедин Зидан многу сериозно размислува за заминување од Реал Мадрид, доколку клубот не успее да го донесе играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба во Мадрид ова лето. Францускиот стратег ги напушти „Лос Бланкос“ минатото лето и беше повторно назначен, откако Хулен Лопетеги и Сантијаго Солари не успеаја во обидот да го направат […]

Сала и пилотот пред несреќата биле затруени со јаглероден моноксид?


Аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала и пилотот Дејвид Иботсон пред авионската несреќа на 21 јануари што се случи над Ламанш биле изложени на поголеми количини јаглероден моноксид. Новите информации по повод смртта на Сала се наведени во извештајот на Британската агенција за истражување авионски несреќи. Како што пренесе Би-би-си обдукцијата покажала дека во крвта на Сала […]

Манчестер Јунајтед ја откри судбината на Пол Погба


Манчестер јунајтед нема да прифати понуди за Пол Погба до крајот на трансфер прозорецот во Европа, објави „ЕСПН“. „Црвените ѓаволи“ имаат вербален договор со францускиот играч од средниот ред, кој го уверил раководството дека нема намера да го напушти клубот ова лето. Сепак, од „Олд Трафорд“ се загрижени дека Реал Мадрид може да направи офанзива […]

Јунајтед нема да дозволи Погба да замине во Реал Мадрид дури и за 200 милиони евра


Играчот од средниот ред Пол Погба нема да оди од Манчестер јунајтед во Реал Мадрид дури и за 200 милиони евра. Според шпански „АС“ Манчестер јунајтед е категоричен против трансферот. Поради тоа, Погба ќе мора да помине најмалку уште една сезона во англискиот клуб. Минатата сезона, 26-годишнито Французин настапи на 47 натпревари за Манчестер јунајтед, […]

Рома и Ливерпул се договорија за Ловрен


Дефанзивецот Дејан Ловрен ќе се пресели од Ливерпул во Рома, објави „Лондонскиот вечерен стандард“. Клубовите се согласиле за трансфер на Хрватот ова лето. Претходно, тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп го изостави Ловрен од составот за Суперкупот на УЕФА против Челзи. Ловрен игра за Ливерпул од 2014 година. Досега има настапено на над 100 натпревари за […]

Манџукиќ пред напуштање на Јувентус


Напаѓачот на Јувентус, Марио Манџукиќ, може да го напушти италијанскиот клуб во текот на летото, објави Николо Шира, новинар на „Ла Газета дело спорт“. Според изворот, 33-годишниот Хрват може да ја продолжи кариерата во германскиот шампионат. Претходно беше објавено дека Монако е заинтересиран за Манџукиќ, но самиот напаѓач сака да се врати во Баерн и […]

Бенитез објасни зошто го напушти Њукасл


Поранешниот менаџер на Њукасл, Рафаел Бенитез ги обвини сопственикот на клубот Мајк Ешли и одборот на директори за неисполнети ветувања, што е главната причина за губење на довербата меѓу нив. Бенитез одби да го продолжи договорот, кој истече на крајот на јуни и се реши да започне со работа во Кина. – Директорите на Њукасл […]

Јувентус го претстави Данило


Јувентус официјално го промовираше бразилскиот репрезентативец Данило, кој минатата недела беше привлечен во Манчестер Сити. Жоао Кансело замина во спротивна насока. Дваесет и осум-годишниот Данило смета дека ова е вистинското време тој да му се придружи на италијанскиот шампион. – Моите први впечатоци се многу добри. Бев многу топло примен и се чувствувам одлично за […]

Лампард: Не сакам изговори против Ливерпул


Менаџерот на Челзи, Френк Лампард, објави дека очекува правилен одговор од неговите играчи во утрешното финале на Европскиот суперкуп против Ливерпул. „Сините“ веќе пристигнаа во Истанбул за натпреварот, во кој ќе се обидат да го заборават тешкиот пораз од 0-4 од Манчестер Јунајтед на почетокот од сезоната во Премиер лигата. – Ова е финале и […]

Максимов потпиша тригодишен договор со Работнички


Работнички потпиша професионален договор со младиот и талентиран фудбалер Методи Максимов. Тој стави потпис за тригодишна соработка со нашиот клуб, објавија „романтичарите“ на клупскиот сајт. Младиот офанзивец беше еден од најдобрите во младинската школа, репрезентативец во селекциите до 18 и до 19 години и оваа сезона доби шанса да биде дел од сениорскиот состав што […]

Меси го убедува Нејмар да не оди во Реал


Капитенот и напаѓач на Барселона, Лионел Меси прави се што е можно за да го убеди Нејмар да се врати во каталонскиот клуб. Тој го повика Бразилецот и го замоли да ја одбие поповолна понуда на Реал Мадрид, пренесува „Марка“. Реал се насочи кон Нејмар, откако не успеа со трансферот на фудбалерот од средниот ред […]

Одбојкарите Милков и Стошиќ нема да патуваат на пријателскиот двомеч со Романија


По две недели силни физички тренинзи и потоа уште две на тактичко-технички план, македонската одбојкарска репрезентација има само уште три дена работа во Маврово. На собир се петнаесетмина играчи, а од списокот на селекторот Никола Матијашевиќ сега недостасува само Марко Јуниор Стошиќ. Повредата на стомачните мускули значи дека тој не само што нема да работи […]