Емре Џан заминува од Јувентус


Германскиот играч од среден ред Емре Џан по се изгледа ќе го напушти Јувентус, пишува „Газета дело Спорт“.

Џан планира да замине после само една сезона помината кај италијанскиот шампион, откако стана јасно дека не е во плановите на новиот тренер Маурцио Сари, кој реши да му даде предност на Сами Кедира.

Италијанските медиуми пишуваат дека два клуба се заинтересирани за германскиот репрезентативец, односно Барселона и ПСЖ, кои преговараат со Јуве пред завршување на преодниот рок.

Емре Џан не успеал да се снајде најдобро во Торино, а за тоа придонесоа и проблемите со повредите.