Ернандез: Би сакал да кажам дека оваа сезона ќе постигнам 70 гола


Новиот фудбалер на Севилја, Хавиер Ернандез Чичарито, кој во Шпанија дојде од Вест Хем, ги сподели своите очекувања за играње за новиот тим.  Мексиканецот потпиша договор на три години.

– Би сакал да кажам дека оваа сезона ќе постигнам 70 гола и ќе станеме шампиони. Но, фудбалот ќе покаже се. Јас ќе дадам се од себе за да му помогнам на тимот да оствари што подобри резултати – изјави Ернандез.

Тој претходно играше за Чивас, Манчестер јунајтед, Баер и Реал Мадрид во сезоната 2014/15. Според британските медиуми, износот на трансферот на Хернандез изнесува околу 8 милиони фунти.