Само вакцинирани навивачи на Мундијалот 2022 во Катар 


Катар – Вакцинација против коронавирус ќе биде задолжителен услов за странските навивачи на Светското првенството фудбал што идната година ќе се одржи во Катар, соопштија денеска организаторите. Катарскиот премиер шеик Калид бин Калифа бин Абдулазиз АлТани посочи во изјава за локалните медиуми дека оваа заливска држава ќе се обиде да обезбеди еден милион дози вакцини за навивачите, кои сакаат да присуствуваат на […]

Усеин Болт стана татко на близнаци


Легендарниот спринтер и неколкукратен олимписки победник, Усеин Болт и неговата партнерка Каси Бенет вчера објавија дека станале родители на близнаци. Добиле две момчиња – Тандер Болт и Сент Лео Болт. Атлетичарот од Јамајка ја објави среќната вест на Инстаграм, со семејна фотографија, токму на Денот на таткото, дополнета и со нивната ќерка Олимпија Лајтнинг, која […]

ЕУРО2020: Македонските фудбалери денеска против Холандија за достојно збогување на Пандев


Македонската фудбалска репрезентација за последен пат со капитенот Горан Пандев во составот денеска против домаќинот Холандија во Амстердам во 18 часот го игра завршниот натпревар на ЕУРО2020. Две децении по дебито во националниот дрес, Пандев вчера официјално објави збогување со националниот дрес во кој спроти денешниот натпревар собра рекордни 121 настапи, заминувајќи во историјата и како најдобар […]

Завршен тренинг на македонските фудбалери на Арената „Јохан Кројф“


Македонската фудбалска репрезентација вечерва во комплетен состав го одржа единствениот тренинг на Арената „Јохан Кројф“ во Амстердам, на која утре против домаќинот Холандија ќе го одигра завршниот натпревар на ЕУРО2020. По двата пораза во групата Ц од Австрија (1:2) и Украина (1:3) „црвено – жолтите“ влегуваат дополнително мотивирани во дуелот со Холандија, најавувајќи дека ќе […]

ЕУРО2020: Италија го продолжи победничкиот поход, трет пораз на Турција


Италија триумфираше попладнево над Велс со 1:0 (1:0), додека Швајцарија ја совлада Турција со 3:1 (2:0), во завршното трето коло од групата А на ЕУРО2020. Пласман во осминафиналето обезбедија Италија и Велс, додека Швајцарија ги заврши настапите во групата А како третопласирана со идентичен број на бодови како и Велс (4), но поради послаба гол-разлика […]

Пандев објави крај на репрезентативната кариера


Холандија– Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев објави попладнево дека става крај на репрезентативната кариера по утрешниот натпревар против Холандија на Европското првенство. – Да, ова е мој последен натпревар во дресот на Македонија. Ова е крај на мојата кариера во репрезентативниот дрес. Мислам дека оваа генерација го направи најголемиот успех во историјата на […]

Формула 1: Со брилијантна стратегија Верстапен го совлада Хамилтон


Неверојатна битка се водеше на Гран при на Франција меѓу двајцата најуспешни возачи – Луис Хамилтон и Макс Верстапен, која најпосле заврши со победа на Холанѓанецот. Тимот на Хамилтон, „Мерцедес“ се коцкаше со едно застанување за менување гуми и тоа изгледаше дека најпосле ќе им се исплати, но во претпоследниот круг Верстапен со леснотија го […]

Дрита Ислами истрча 400 метри со пречки со нов македонски рекорд


Македонската атлетичарка Дрита Ислами по втор пат во последните три недели го собори државниот рекорд во дисциплината 400 метри со пречки. Ислами на првиот ден од Европското екипно првенство што викендов се одржува во Лимасол ја истрча патеката во време од нов македонски рекорд од 57,53 секунди. Тоа е подобрување од повеќе од една секунда […]

ЕВРО 2020: Турција може да стане најлошата репрезентација во историјата на ЕП


Турската репрезентација на првите два меча на ЕВРО 2020 загуби од Италијанците (0:3) и Швајцарците (0:2). Денес, тимот на Ченол Гунеш може да стане 12-та репрезентација која претрпе три порази во групната фаза на Европското првенство, и четвртата, која не успеала да постигне гол. Претходно, Турците не постигнаа погодок во 1996 година, Данците во 2000 […]

НБА: Милвоки Бакс во најлудата мајсторка ги исфрли Бруклин Нетс за историско финале на Истокот


Милвоки Бакс го доби Бруклин Нетс со 115-111 по продолженијата во седмиот, решавачки натпревар од полуфиналето на Источната конференција и ќе се бори против победниците од дуелот помеѓу Атланта и Филаделфија за големото финале во НБА. Тоа беше драма без преседан на Бакс и Нетс, која донесе десет изедначувања и дури 20 измени во водството, […]

Енрике по ремито со Полска: Очекував повеќе од Шпанија


Шпанија– Селекторот на шпанската репрезентација, Луис Енрике, ги сумираше впечатоците по синоќешниот натпревар (1:1) со Полска на ЕВРО 2020. – Навистина сакам да го видам натпреварот што е можно побрзо и да анализирам сè. Чувствата не се најдобри. Можеби бевме супериорни во однос на ривалот, но ова не е доволно за победа. Ми се допадна Полска, […]

ЕВРО 2020: Полска одолеа на шпанските напади


 Репрезентациите на Шпанија и Полска ремизираа (1:1) вечерва во Севилја во мечот од 2. коло Е-група на ЕВРО 2020. Шпанците имаа поголем посед на топката, создадоа повеќе шанси, но не го освоија трите бода. Резултатот го отвори Алваро Мората во 26. минута, на почетокот на второто полувреме Роберт Левандовски ги постави конечните 1:1. Во 58. […]

ЕВРО 2020: Португалија со полна мрежа против моќната Германија


Репрезентацијата на Германија ја совлада селекцијата на Португалија со 4:2 во дербито на од второто коло од Ф-групата на ЕВРО 2020. Натпреварот се одигра во Минхен, а Португалците си постигнаа два автогола. За Германија ова се првите три бода на 16. Европско првенство, додека Португалија го забележа првиот пораз. Инаку, ова е прв пат во […]

ЕВРО 2020: Поставен нов рекорд по постигнати автоголови


На Европското првенство 2020 не е завршено ниту второто коло од групната фаза, а поставен е рекорд по постигнати автоголови. Петмина играчи досега ја погодија сопствената мрежа на 16. Европско првенство, а два од нив се дела на фудбалерите на Португалија, Рубен Диас и Рафаел Гереиро на дербито со Германија кое е во тек. Покрај […]

ЕВРО 2020: Унгарија освои бод против фаворитот Франција


Унгарија– Нерешено 1:1 заврши првиот натпревар од деветтиот натпреварувачки ден на Европското фудбалско првенство. Попладнево во Будимпешта, Унгарија се избори за реми против големиот фаворит за највисок пласман, репрезентацијата на Франција. Повеќе од 60 илјади навивачи на „Пушкаш Арена“ во Будимпешта го поздравија водството на Унгарците преку Атила Фиола. Изедначи Антоан Гризман во 66. минута. Со […]

Верстапен се избори за пол-позицијата за Големата награда на Франција


Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен беше најбрз на денешните квалификациите за Големата награда на Франција. Холанѓанецот на патеката „Пол Рикар“ во близина на Марсеј, оствари време 1:29.990 минути. Втор беше Британецот Луис Хамилтон од Мерцедес, додека неговиот клупски колега Валтери Ботас извози трет најбрз круг. Од четвртото до десеттото место ќе стартуваат: Серхио Перез […]

ЕУРО 2020: Турнир со малку победници на економски план


И покрај пандемијата, европското првенство е во тек – со уникатен модел на организација. Во фудбалот на ЕУРО 2020 ќе се промени малку, но во економскиот биланс веројатно многу. И покрај пандемијата, Европското првенство во фудбал започна – со уникатен режим на поставување. Малку ќе се промени во фудбалот, но веројатно многу во економскиот биланс. […]

Пандев го пропушти денешниот тренинг поради проблеми со зглобот


 Македонската фудбалска репрезентација во некомплетен состав тренираше претпладнево во Амстердам спроти завршниот натпревар на ЕУРО2020 против Холандија. Претпладневната сесија на тренингот центарот на холандскиот прволигаш Ајакс ја пропушти капитенот Горан Пандев поради проблеми со зглобот. Дуелот од третото коло во групата Ц меѓу македонската и холандската репрезентација е на програмата в понеделникот со почеток од 18 часот на „Јохан Кројф Арена“ во […]

Соборен светскиот рекорд во фрлање ѓуле


Американскиот атлетичар Рајан Кроузер го собори светскиот рекорд во дисциплината фрлање ѓуле, што од мај 1990 година беше во сопственост на неговиот сонародник Ренди Барнс. На првиот ден од американските олимписки квалификации во сојузната држава Орегон, 28-годишниот Кроузер го фрли ѓулето рекордни 23,37 метри, со што обезбеди настап на Игрите во Токио на кои ќе […]

Еуро 2020: Aнглија и Шкотска одиграа без голови


Репрезентациите на Англија и Шкотска си ги одмерија силите во Лондон по врнежливо време. Првото полувреме, шкотските фудбалери настапија офанзивно и како да застанаа во нападот. Првата голема шанса, Англија ја доби преку корнерот и Стоун кој биеше во левата статива. Само минута одоцна, Маунт пропушти шанса за гол.Тоа како да ги разбуди фудбалерите на […]