Меси: Трофејот им го посветувам на 45 милиони Аргентинци и на Марадона


Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси ги сподели своите емоции по освојувањето на Купот на Америка.

– Победата сакам да ја посветам на моето семејство, кое секогаш ми дава сила да продолжам, моите пријатели кои многу ги сакам, сите што не поддржуваат, 45-те милиони Аргентинци кои имаа тешки моменти поради проклетиот коронавирус, особено оние кои директно ги допре. И, секако, оваа победа му ја посветувам на Диего Марадона, кој секогаш навиваше за нас.

Додека славиме, да не заборавиме дека има уште многу да се вратиме во нормалниот живот. Дозволете ни да извлечеме сила од оваа победа за да продолжиме заедно да се бориме против вирусот.

Фала му на Бога за сè што ми даде, благодарам што ме направи Аргентинец! – напиша Меси.

Аргентина, вчера го победи Бразил со 1:0 на „Маракана“ во Рио де Жанеиро и го освои трофејот во Купот на Америка. Ова беше прв трофеј за Меси со аргентинската репрезентација.