Драган Стојковиќ – Пикси официјално селектор на Србија до 2024


Србија – Поранешниот прославен српски фудбалер и југословенски репрезентативец Драган Стојковиќ – Пикси денеска официјално е назначен за нов селектор на Србија. Пикси потпиша тригодишен договор со Фудбалската федерација на Србија и треба да остане на селекторското место до завршување на квалификациите за Европското првенство во 2024 година. Тој доаѓа на местото на Славиша Тумбаковиќ, кој во декември поднесе оставка како селектор на …

Драган Стојковиќ – Пикси официјално селектор на Србија до 2024 Read More »

Буфон: Дефинитивно ќе престанам да играм во јуни 2023 година, но можеби и порано


Голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон објави дека најмногу што ќе остане активен на терените е до 2023 година. – Го имам зацртано во мојата глава, максимумот. После тоа, дефинитивно нема да играм. Се работи за јуни 2023 година. Ова е максимум, вистински максимум. Но, можам да ја завршам кариерата за четири месеци, соопшти 43-годишниот голман. …

Буфон: Дефинитивно ќе престанам да играм во јуни 2023 година, но можеби и порано Read More »

Попович го критикуваше гувернерот на Тексас за укинувањето на маските


Тренерот на НБА лигашот, Сан Антонио спарс, Грег Попович, изјави дека неговиот тим ќе ја игнорира одлуката на државата Тексас за укинување на задолжителното носење маски, нарекувајќи ја одлуката на гувернерот Грег Абот „несериозна“. Абот денес објави дека става крај на задолжителното носење маски во обид да се отвори Тексас „100%“, и покрај загриженоста на …

Попович го критикуваше гувернерот на Тексас за укинувањето на маските Read More »

Сребреното „порше“ на Марадона на аукција


Франција– Со почетна цена од 200.000 евра денес на аукциска продажба преку интернет ќе биде понуден автомобилот од марката „Порше 911“ кое во минатото го поседуваше аргентинската фудбалска легенда Диего Армандо Марадона. Сребреното „порше“ се поврзува со последната сезона која Марадона ја играше во Европа, како член на шпанската екипа Севиља, откако отслужи 15-месечна забрана …

Сребреното „порше“ на Марадона на аукција Read More »

Првата Иранка со олимписки медал доби статус на бегалец во Германија


Германија– Првата иранска носителка на олимписки медал, „бронзената“ во таеквондо од Игрите во Рио де Женеиро во 2016 година, Кимиа Ализаде, доби статус на бегалец во Германија и најави настап на летната Олимпијада во Токио под знамето со бела боја, кое го симболизира Олимпискиот тим составен од бегалци. Ализаде пребегна во Германија минатата година, а имаше понуди да настапува …

Првата Иранка со олимписки медал доби статус на бегалец во Германија Read More »

Олимпија сака да се игра со моите чевли: Серена Вилијамс во прва заедничка модна кампања со ќерка сѝ


САД– Серена Вилијамс и Стујарт Вајцман повторно се здружија во рекламна кампања, но овојпат Вилијамс го дели центарот на вниманието со мал помошник. Тениската ѕвезда позира за колекцијата на брендот за пролет 2021 година заедно со нејзината ќерка Алексис „Олимпија“ Оханиан Jуниор (3), која носи некои од новите стилови на брендот, кои иако се преголеми, …

Олимпија сака да се игра со моите чевли: Серена Вилијамс во прва заедничка модна кампања со ќерка сѝ Read More »

Почина фудбалската хрватска легенда Златко Крањчар


Хрватска– Легендарниот фудбалер на Динамо и поранешен хрватски тренер, почина денес во Загреб на 65-годишна возраст. Тој бил примен во болницата во Задар на 18 февруари поради проблеми со црниот дроб. По десетдневно лекување, Крањчар беше пренесен во Загреб поради влошената состојба, но лекарите не успеаја да му го спасат животот. Крањчар е роден во Загреб …

Почина фудбалската хрватска легенда Златко Крањчар Read More »

Уапсен поранешниот претседател на Барселона, Бартомеу


Поранешниот претседател на Барселона, Хосеп Марија Бартомеу беше уапсен утрово на 1 март во неговиот дом. Ова го објави на Твитер новинарката на „Каденасер“, Ана Панкси. Денес, канцеларијата во Барселона беше претресена во врска со случајот корупција на Бартомеу. Според истрагата, екс-шефот вршел трансакции во име на клубот со цел да добие личен профит. Бартомеу …

Уапсен поранешниот претседател на Барселона, Бартомеу Read More »

Несторовски донесе победа за Удинезе


Екипата на Удинезе со голот на македонскиот репрезентативец Илија Несторовски триумфираше попладнево на домашен терен над Фиорентина со 1:0 во рамки на 24 коло во Серија А. Несторовски, кој го одигра целиот натпревар, му донесе победа на својот тим со прецизен удар со глава во 86 минута. За Несторовски ова е втор гол сезонава во …

Несторовски донесе победа за Удинезе Read More »

Првиот човек на српскиот фудбал одби полиграф за вмешаност во планирање атентат врз Вучиќ


Србија– Претседателот на Фудбалската федерација на Србија (ФСС) Славиша Кокеза, кој денеска е приведен во рамки на истрагата против криминалната група на Вељко Беливук, одбил во текот на денот да биде подложен на полиграфско тестирање. Агенцијата Танјуг, повикувајќи се на белградскиот весник „Вечерње новости“ пренесе дека Кокеза одбил да одговори на прашање дали учествувал во …

Првиот човек на српскиот фудбал одби полиграф за вмешаност во планирање атентат врз Вучиќ Read More »

Мистериозна болест го нападна Рафаел Надал?


  Шпанскиот тенисер Рафаел Надал во 2021 година не успева да се прикаже во вистинско светло на терен, а во Австралија го мачеше повредата на грбот. Но, шпанските медиуми ја пренесуваат изјавата на тамошните лекари кои сметаат дека Надал има проблем под стручен назив Милер-Вајсова болест. Таа ги напаѓа коските на стапалото, а со време …

Мистериозна болест го нападна Рафаел Надал? Read More »

Хрватски фудбалер постигна победнички гол за Бирмингем и го посвети на Ѓорѓе Балашевиќ


Хрватскиот фудбалски репрезентативец Ален Халиловиќ го посвети победничкиот гол на Бирмингем викендов во англиската Чемпионшип лига на неодамна починатиот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ, Халиловиќ влезе во игра во второто полувреме и во 85. минута беше стрелец на вториот гол во триумфот на неговата екипа над Квинс Парк Ренџерс од 2:1, во рамки на 33. коло во второто по …

Хрватски фудбалер постигна победнички гол за Бирмингем и го посвети на Ѓорѓе Балашевиќ Read More »

Кинескиот фудбалски шампион Џиангсу Сунинг згасна поради финансиски проблеми


Кинескиот фудбал е во шок, откако сопствениците на актуелниот првак Џиангсу Сунинг објавија денеска дека клубот престанува да постои поради финансиски проблеми. Во соопштението се наведува дека сите фудбалски екипи на кинеска територија во сопственост на групацијата „Сунинг“, трговска компанија со седиште во Нанџинг, во чија сопственост е и милански Интер, „од денеска ќе престанат со работа“. Компанијата посочи …

Кинескиот фудбалски шампион Џиангсу Сунинг згасна поради финансиски проблеми Read More »

Роденденска победа на Дончиќ со Далас


Кошаркарите на Далас ставија крај на победничката серија од осум натпревари на Бруклин, триумфирајќи на гостувањето кај „Нетси“ со 115:98. Најефикасен во победничкиот тим беше Словенецот Лука Дончиќ, кој на својот 22 роденден, постигна 27 поени, додавајќи шест скокови и седум асистенции. – Вечерва игравме тимски. Сите бевме инволвирани и сите  придонесувавме во одбраната и …

Роденденска победа на Дончиќ со Далас Read More »

Загубите на Формула 1 во 2020 година изнесуваат речиси 400 милиони долари


Формула 1 обезбеди финансиски извештај за 2020 година, според кој тркачката серија претрпе загуби во износ од 386 милиони долари, објави „Моторспорт“. „Кралските трки“ заработија 1,1 милијарда долари минатата година, за разлика од 2 милијарди во 2019 година. Наградниот фонд се намали од 1 милијарда на 711 милиони долари од 2019 година. Загубите на Формула …

Загубите на Формула 1 во 2020 година изнесуваат речиси 400 милиони долари Read More »

Лазаров го скрати списокот ракометари за квалификацискиот двомеч со Данска


Селекторот и капитен на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров го објави денеска скратениот список со 23 ракометари, кои се повикани на подготовките за претстојните два натпревара против светскиот првак Данска во квалификациите за пласман на Европското првенство. Македонските ракометари ќе ги започнат подготовките на 6 март за кога е закажан првиот собир во Скопје. Според …

Лазаров го скрати списокот ракометари за квалификацискиот двомеч со Данска Read More »

САД: Се самоуби тренерот обвинет за сексуална злоупотреба на гимнастичарки


Џон Гедерт, тренер на американскиот тим за гимнастика што освои злато на Олимписките игри 2012 година, изврши самоубиство откако беше обвинет за сексуална злоупотреба на гимнастичарки во Мичиген. Неговото тело е најдено вчера крај автопат близу Лансинг, Мичиген, САД, соопшти полицијата. Против Џон Гедерт е поднесена тужба за физичко, вербално и сексуално злоставување на 20-тина …

САД: Се самоуби тренерот обвинет за сексуална злоупотреба на гимнастичарки Read More »

Почина првиот светски шампион во традиционално карате Сенсеи Луис Ватанабе 9 дан


На 74 години вчера почина првиот светски шампион во традиционално карате Сенсеи Луис Ватанабе од Бразил. Тажната вест ја објави Интернационалната традиционална карате федерација каде Сенсеи Ватанабе беше претседател на Шихан-Каи комитетот на ИТКФ. Ватанабе во 1972 година на првиот светски шампионат во Париз, Франција стана светски шампион во кумите-борби. По завршување на неговата натпреварувачка …

Почина првиот светски шампион во традиционално карате Сенсеи Луис Ватанабе 9 дан Read More »

За прв пат по седум години, ниту еден германски клуб не се пласираше во осминафиналето од ЛЕ


Ниту еден германски клуб не избори учество во осминафиналето во Лигата на Европа, за прв пат од 2014 година. Баер Леверкузен два пати загуби од Јанг Бојс во 1/16финалната пресметка (3:4, 0:2), додека Хофенхајм беше послаб од Молде (3:3, 0:2). Така, ниту еден клуб од Бундеслигата не се пласираше во 1/8 финалето на турнирот по …

За прв пат по седум години, ниту еден германски клуб не се пласираше во осминафиналето од ЛЕ Read More »

Наполи елиминиран од Лига Европа


Италијанскиот фудбалски прволигаш Наполи доживеа вечерва елиминација во осминафиналето во Лига Европа, откако триумфот од 2:1 над Гранада беше недоволен да ја анулира негативата од првиот натпревар. Наполи, во чиј почетен состав се најде и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, поведе веќе во третата минута со голот на Пјотр Зелински, но шпанскиот тим на средина од полувремето израмни преку Анхел …

Наполи елиминиран од Лига Европа Read More »