Во поморска несреќа загина поранешен фудбалер на Тотенхем


САД– Дефанзивецот на американскиот фудбалски прволигаш Шарлот, Антон Вокс, загина на 25-годишна возраст во поморска несреќа во Мајами, соопшти неговиот клуб. Вокс настрадал вчера во судир на два чамци во водите пред стадион во Мајами. Весникот „Мајами Хералд“ објави дека Вокс бил пронајден во бесознание и веднаш бил пренесен во болница, каде му била пружена […]

Шпанската полиција подготвува апсење на Дани Алвеш


Фудбалерот на мексикански Унам и бразилски репрезентативец Дани Алвеш ќе биде уапсен денеска под обвинение за сексуален напад, објави каталонскиот весник „Спорт“. Шпанскиот суд соопшти пред две недели дека е отворена истрага против Алвеш, откако жена го обвини бразилскиот фудбалер за сексуален напад во ноќен клуб во Барселона кон крајот на декември лани. Алвеш (39) тогаш ги […]

Барселона со три хеликоптери пристигна на осминафиналниот натпревар во Купот на Шпанија


Откако во неделата во Ријад го победија Реал Мадрид со 3-1 и го освоија првиот трофеј сезонава, фудбалерите на Барселона немаа многу време за одмор по враќањето во Каталонија, бидејќи ги чекаше уште едно гостување, овој пат на северот на Африка во рамки на осминафиналето на Купот на Шпанија. Противник на Барселона беше третолигашот Сеута […]

Уште еден епски меч на Мареј – го победи Кокинакис во пет сета во 4 часот наутро


  Направен од гранит, но со метал во колкот, Енди Мареј направи уште еден неверојатен настап за да стигне до третото коло на Австралија опен. 35-годишниот Шкотланѓанец го заврши својот втор неделен маратон, и најдолгиот меч во кариерата во однос на физичкиот напор, победувајќи го Танаси Кокинакис со 4-6 6-7 7-6 6-3 7-5 за 5 […]

Роналдо двоен стрелец, Меси и Маркињос погодија по еднаш во ефикасното прво полувреме на дуелот ПСЖ – Ѕвездите на Ал-Наср и Ал-Хилал


Четири гола се постигнати на ревијалниот натпревар во Ријад (Саудиска Арабија) меѓу Ол стар тимот составен од фудбалери на Ал-Наср и Ал-Хилал против Пари Сен-Жермен. За парижаните игра Лионел Меси, а Кристијано Роналдо е капитен на тимот на ѕвездите на Ал-Наср и Ал-Хилал. По првото полувреме е 2:2. Двоен стрелец за домаќините беше Роналдо, додека […]

„Сега се зависи од Господ“: Ѓоковиќ се пласираше во третото коло, но повторно ги загрижи сите


Австралија– Новак Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на Австралија опен, но уште еднаш ги загрижи сите. И во првото и во второто коло беше очигледно дека има повреда на грбот. Тој денес го совлада Французинот Енцо Куако и за време на тој меч побара и лекарска помош во вториот сет. По тој дуел во […]

За прв пат од 2002 година, третото коло на Австралија опен без ниту еден од најдобрите тројца на АТП


Австралија – Светскиот рекет број 2 Рафаел Надал и број 3 Каспер Руд се елиминирани во второто коло на Австралија Опен. Шпанецот вчера загуби од Мекензи Мекдоналд (4:6, 4:6, 5:7), а Норвежанецот денес загуби од Џенсон Бруксби (3:6, 5:7, 7:6(4), 2:6). Така, за прв пат по 2002 година, во третото коло во Мелбурн нема да има […]

Зверев го претрпе најраниот пораз на Грен слем во последните четири години


Австралија – Поранешниот светски рекет број 2 Александар Зверев е елиминиран во второто коло на Австралија Опен. Тој загуби од среќниот губитник Мајкл Ммо – 7:6 (1), 4:6, 3:6, 3:6. Германецот е елиминиран од Грен слем турнирите толку рано за прв пат по Вимблдон 2019 година, каде што не победи ниту еден натпревар. Ммо се соочи […]

Кој е Мекензи Мекдоналд, 65. на АТП листата, кој го исфрли Надал од Австралија опен?


Австралија– Повредата што ја заработи при крајот на вториот сет навистина влијаеше на Рафаел Надал да го загуби мечот од 2. коло на Австралија Опен, но не смее да ја засени одличната игра на неговиот ривал Мекензи Мекдоналд! Американецот беше нерешлива енигма за Рафа, поведе со 1-0 во сетови и 5-3 по прекинот во вториот […]

Влезница за дуелот меѓу Роналдо и Меси продадена за 2.6 милиона долари


Саудиска Арабија– Саудискиот мултимилијардер Мушреф ал – Гамди плати на хуманитарна аукција 2.6 милиони долари за ВИП влезница за утрешниот ревијален натпревар во Ријад на кој ќе настапат Кристијано Роналдо и Лионел Меси. Португалецот Роналдо ќе го предводи тимот составен од играчи од саудиските прволигаши Ал Наср и Ал Хилал во хуманитарен натпревар против францускиот […]

Надал е „ментално уништен“ по поразот на Австралија опен, и поради играта и од повредата


  Рафаел Надал се врати на Отвореното првенство на Австралија оваа година во средината на еден од најслабите периоди на форма во неговата кариера, додека беше во трка со времето за да најде доверба и чувство против ривалите решени да искористат ретка можност против ранливиот шампион. И покрај неговите максимални напори да одговори на предизвикот, […]

Најрана елиминација на Надал на Австралија опен од 2016 година


Австралија– Бранителот на трофејот и рекордер според бројот на освоени грен – слем турнири, Шпанецот Рафаел Надал, претрпе пораз денеска во 2. коло на Австралија опен од американскиот тенисер Мекензи Мекдоналд со 4-6, 4-6, 5-7. Надал се повреди во завршницата на вториот сет по што побара лекарска помош. Во продолжение на дуелот имаше проблеми со движењето, но […]

Македонските ракометари со три порази завршија на последното место во Ф-групата


Македонската ракометна репрезентација без ниту еден освоен бод го заврши учеството во Ф-групата на Светското првенство 2023. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров вечерва во Краков загубија од Аргентина со 26:35. Ова беше натпревар кој директно одлучуваше која ќе биде третата репрезентација од Ф-групата која ќе продолжи во Главната групна фаза. И покрај најавите дека „црвено-жолтите“ […]

Аргентина води убедливо на полувреме, македонските ракометари со слаба игра


На македонскиот национален тим му треба чудо за да се пласира во главната групна фаза. По првите триесет минути нашите најдобри ракометари заостануваат зад Аргентина со 11-18 и пак скапо ги чини лошиот прв дел од полувремето. Нашиот стручен штаб се одлучи за Петров на местото на Младеновиќ за разлика од дуелот против Холандија, а […]

Лука Дончиќ загуби од мајка си на суд


    Лука Дончиќ го повлече барањето испратено до Канцеларијата за патенти и марки во САД и со тоа ја заврши правната битка со неговата мајка Мирјам Потербин, која остана сопственик на правата на неговиот бренд. Словенечката кошаркарска ѕвезда сакаше да го регистрира својот бренд под името „Лука Дончиќ“, но регистрацијата одби бидејќи веќе постои […]

Енди Мареј (35) ги врати годините наназад за неверојатна победа во пет сета против Беретини


  На теренот каде што толку многу пати му беше скршено срцето, Енди Мареј постигна една од најнеобичните победи во кариерата кога го совлада Матео Беретини во возбудливото прво коло на Австралија опен. Арената „Род Лејвер“, на која тој загуби пет финалиња во Мелбурн, стана на нозе за да го награди 35-годишниот Шкотланѓанец откако ги […]

Македонските ракометари вечерва против Аргентина, победата е единствена опција


  Македонската ракометна репрезентација вечерва со почеток од 18 часот во „Таурон арена“ во Краков ќе ја има последната шанса со победа над директниот конкурент Аргентина да обезбеди пласман во втората фаза на Светското првенство во Полска и Шведска. Победата е единствена опцијата за македонските ракометари откако во двете воведни кола во рамки на групата Ф претрпеа […]

Роналдо капитен на дуелот против ПСЖ 


  Португалецот Кристијано Роналдо со капитенската лента ќе го предводи „Ол Стар“ тимот на Ријад, составен од фудбалери на саудиските прволигаши Ал Наср и Ал Хилал, на пријателскиот натпревар против француски ПСЖ, на 19 овој месец во Ријад, јавија синоќа локалните медиуми.  Роналдо на крајот од минатата година потпиша договор со Ал Наср до јуни 2025 […]

АБА: МЗТ Скопје катастрофално поразен од Партизан во Белград


Кошаркарите на МЗТ Скопје вечерва загубија на гостувањето во Белград од фаворитот Партизан со 120-67 (54-34) во рамки на 15. коло во регионалното АБА натпреварување. Најефикасен на натпреварот беше кошаркарот на Партизан, Смаилагиќ со 24 поени, додека најистакнат во редовите на МЗТ Скопје беше Војдан Стојановски со 16 поени. МЗТ Скопје со овој пораз остана на последното место на […]

Лазаров и Митревски: Имаме шанси против Аргентина


По двата воведни убедливи порази од Норвешка и Холандија, македонската ракометна репрезентација утревечер (18 часот) во Краков е пред императив да ја совлада Аргентина во последното коло од групата Ф и со победа да избори пласман во главната рунда од групната фаза на Светското првенство во Полска и Шведска. – Дојдовме тука со цел да ја […]