Роналдо правел хиџама, популарен метод во арапските земји


Фотографиите од последниот тренинг на Ал Наср покажаа јасни докази дека Кристијано Роналдо има правено хиџама, а како што се очекуваше, трагите на неговата нога привлекоа големо внимание на социјалните мрежи.

Многу фанови го коментираа потегот на Роналдо да се подложи на хиџама, што е популарен метод на лекување во арапските земји, за која Португалецот очигледно се одлучил по пристигнувањето во Саудиска Арабија.

Методот наводно ја ублажува напнатоста, болката и хроничниот замор, а сега Роналдо реши да го тестира овој метод што бележи популарност меѓу спортистите.

Роналдо, исто така, привлече внимание откако неодамна се појави во традиционална саудиска облека за да го прослави Денот на основањето на Кралството, очигледно прифаќајќи многу од тамошните обичаи.

Хиџамата е мал хируршки метод по начинот на кој се изведува, а по механизмот на делување е регулаторен метод што делува на нашиот основен регулаторен систем. Се состои од поставување вакуумски чаши на одредени области и правење мали гребнатини на кожата за да се елиминира содржината слична на крв од тие области.

Модерната медицина ја класифицира хиџамата како регуларен терапевтски метод, а тоа се прави во рамките на традиционална медицина.