Ричардсон победи на 100 метри на СП со рекорд шампионатите


Американката Шакери Ричардсон синоќа победи на трката на 100 метри на Светското првенство во Будимпешта со рекорд на Мундијалите. До победата во спринтерската трка, Американката дојде со резултат 10,65. Таа го надмина достигнувањето на јамајканската тркачка Шели-Ен Фрејзер-Прајс (10,67), кое беше поставено на Светското првенство во 2022 година во Јуџин. САД по три натпреварувачки дена […]

Од пилула до титула: Какви апчиња зема Ѓоковиќ во финалето против Алкараз


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го совлада Карлос Алкараз по пресвртот во финалето на Синсинати со резултат 2:1, по сетови 5:7, 7:6 (7), 7:6 (4). Ова без сомнение беше финале на годината, секако заедно со она што овие двајца тенисери го играа во Лондон, на Вимблдон. Покрај нереалната ментална сила која повторно ја покажа Новак Ѓоковиќ, […]

Алкараз: Не знам зошто плачев, изгубив од најдобриот на сите времиња


Синсинати- Карлос Алкараз истакна дека синоќа било исклучитело тешко да се игра против Ѓоковиќ во финалето на Мастерсот во Синсинати кое заврши со триумф на српскиот тенисер. Ѓоковиќ во еден спектакуларен меч победи во три сета со 7:5, 6:7 и 6:7. „Уморен сум, но и горд на себе. Навистина не знам зошто плачев, се борев […]

Антологиско финале во Синсинати: Ѓоковиќ по четиричасовен трилер го „скрши“ Алкараз


Синсинати- Новак Ѓоковиќ е победник на Мастерсот во Синсинати, кој е последен тест пред УС Опен. Србинот синоќа го победи Карлос Алкараз со 2-1 во сетгови (5-7, 7-6/7, 7-6/4), во антологиски дуел кој траеше четири часа. Љубителите на тенисот видоа неверојатен меч, можеби и најдобар годинава. Алкараз одлично влезе во мечот и со одземањето на […]

Гауф во Синсинати ја освои највредната титула во досегашната нејзина кариера


Синсинати – Тенисерката од САД, Коко Гауф вечерва ја победи Каролина Мухова со 6:3 и 6:4 во финалето во ВТА-турнирот во Синсинат и. Американката ја освои петтата титула во кариерата и прва ниво на ВТА 1000. Во понеделник Гауф ќе стане шести рекет на светот. Наградниот фонд на женскиот дел од турнирот во Синсинати изнесуваше […]

Шпанија го освои трофејот на женскиот фудбалски Мундијал


Сиднеј – Женската репрезентација на Шпанија попладнево ја победи Англија со 1:0 во финалето на Светското првенство во Австралија и Нов Зеланд и го освои Светското првенство за фудбалерки. Ова е прв трофеј за Шпанија во својата историја Стрелец на единствениот гол во 29. минута беше Олга Кармона. Во 70. минута Џенифер Хермосо пропушти можност […]

УЕФА го казни Динамо, му забрани гостински навивачи цела сезона


Динамо Загреб беше пред победа во Атина, а доживеа шокантна елиминација од АЕК, а  дополнително УЕФА му забрани да има свои навивачи на гостинските мечеви од Европа. Хрватскиот гигант синоќа имаше кошмарна ноќ, беше елиминиран од АЕК со два гола во судиското продолжение од натпреварот. Тоа не беше единствената лоша вест за Динамо, брзо по […]

Шведска по четврти пат во историјата освои бронза на Светските првенства за фудбалерки


Бризбејн- Репрезентацијата на Шведска го освои бронзениот медал на Светското првенство за жени кое се одржува во Нов Зеланд и Австралија. Во мечот за третото место, шведските фудбалерки денес во Бризбејн ја победија репрезентацијата на Австралија со резултат 2:0.  Головите ги постигнаа Фридолина Ролфево 30. минута и Косоваре Аслани во 62. минута.  Репрезентацијата на Шведска по […]

ФК Вардар: Грнчаров и Бејевски поднесоа оставки, Хаџиевски ќе го води тимот против Воска


Tренерот на екипата Бобан Грнчаров, спортскиот директор Александар Бајевски, заедно со членовите на стручниот штаб Орхан Абди, Игор Тасевски и Стево Митревски поднесоа оставки на функциите и повеќе не се дел од ФК Вардар, објави раководството на „црвено-црните“. Екипата денес, по планот заминува во карантин, каде што под водство на вардаровата легенда Ѓоко Хаџиевски и […]

Ван Бастен: Да играв до 38 години, ќе бев подобар од Роналдо


Амстердам – Поранешниот холандски фудбалер, Марко ван Бастен се спореди со напаѓачот на Ал Насра, Кристијано Роналдо. – Кристијано Роналдо, мислам дека сум блиску до него. Освен што е физички посилен од мене. Има 38 години и уште игра. Би сакал да видам како е, кога би можел да играм до 38 години, мислам дека […]

Ѓоковиќ го „збриша“ Фриц за полуфинале против Зверев во Синсинати


Синсинати- Новак Ѓоковиќ, синоќа, помина само еден час на теренот пред да стигне до 6:0/6:4 победа над Американецот Тејлор Фриц во четврт-финалето на Мастерсот во Синсинати и сега го очекува дуел со 16. носител, Александер Зверев за место во финалето.   23-кратниот гренд слем шампион беше посебно импресивен во првиот сет, освојувајќи го за само […]

ФК Тетекс бара достапност до стадионите, ќе поведат постапки за дискриминација до институциите


 Фудбалскиот клуб Тетекс почнува институционална битка за докажување на дискриминација затоа што не им се дозволува користење на новиот и стариот градски стадион. Тие велат дека од март попусто ги чекаат општинските власти за спроведување на договорот дека ќе добијат терен со природна терен во селото Сараќино. – Од денес почнуваме со борба преку нашите […]

Циципас ќе испадне од топ 5, Руне ќе стане број 4


Синсинати – Четвртиот светски рекет Стефанос Циципас загуби од Хуберт Хуркач во третото коло на Мастерсот во Синсинати со 3:6 и 4:6. Гркот не го одбрани минатогодишното финале и на следната АТП ранг-листа ќе падне на седмото место на ВТА, додека Холгер Руне сега ќе стане четврти светски рекет. Хуркач победи противник во топ-10 за […]

Меси, Халанд и Де Брујне номинирани за наградата на УЕФА за играч на годината


Европската фудбалска асоцијација на својата официјална веб-страница ги објави номинираните за наградата најдобар играч на годината сезона 2022/23. Тројца номинирани се напаѓачот на Интер Мајами, Лионел Меси, кој играше минатата сезона за ПСЖ, напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд и неговиот соиграч Кевин де Брујне. Номинираните тројца се одредени со гласање на главните тренери на […]

Црквата се вклучи во спорот за тетовскиот стадион


 Владиката на Тетовско-гостиварската епархија при Македонската православна црква г. Јосиф испрати соопштение до јавноста со кое изразува целосна и безрезервна поддршка на јавниот апел за рамноправен третман на фудбалските клубови Тетекс и Љуботен од Тетово. – Примајќи ја грижата на својот верен народ и истакнувајќи ја својата посветеност за мир, соработка и соживот Митрополитот Тетовско-гостиварски […]

Реакција на Општина Тетово: Градскиот стадион да се користи само за фудбалски натпревари во Првата лига


Општина Тетово испрати реакција по вчерашното соопштение на ФК Тетекс во кое клубот посочи дека не им е дозволено користење на двата фудбалски стадиони и немањето резултати од повеќемесечни безуспешни обиди за договор со општината. Општина Тетово смета дека досега имале коректен однос со клубовите и нивната медиумска реакција била непотребна. За користење на стадионот […]

Ѓоковиќ: Тешко се контролираат топчињата на централниот терен на Синсинати


  Вториот светски рекет, Новак Ѓоковиќ е изненаден од подлогата на централниот терен на Синсинати. Србинот ноќеска го забележа победа над Алехандро Давидович-Фокина кој го предаде мечот по првиот сет.  За Ѓоковиќ ова беше прв натпревар во САД од 2021 година.  „Тешко е да се суди по само еден одигран сет. Немаше многу размени од основната […]

Влатко Андоновски поднесе оставка од селекторското место на САД


Селекторот на женската фудбалска репрезентација на САД Влатко Андоновски поднесе оставка, јави Асошиетед прес повикувајќи се на лице запознаено со одлуката. Македонецот реши да ја напушти функцијата поради раната елиминација на Светското првенство кое е во тек. Американките кои ја бранеа титулата, на Мундијалот во Австралија и Нов Зеланд беа елиминирани во осминафиналето, порано од […]

Гвардиола го достигна рекордот на Анчелоти по освоени Суперкуп трофеи


 Тренерот на Манчестер сити синоќа со својот тим го освои Суперкупот на УЕФА, откако во Атина ја победи Севилја на пенали со 5:4. За шпанскиот фудбалски стручњак ова е четврти трофеј во ова натпреварување израмнувајќи се со рекордерот на Карло Анчелоти. Двајцата тренери никогаш не загубиле финале на УЕФА Суперкупот. Гвардиола победи со Барселона во […]

Манчестер сити го освои Суперкупот на УЕФА по пенал-серијата против Севилја


Во натпреварот за Суперкупот на Европа, Манчестер сити вечерва во Атина ја совлада Севилја со 5:4 на пенали.  Основните 90 минути завршија нерешено 1:1. Јусеф Ен-Незири и донесе водство на Севилја во 25. минута. Кол Палмер во 63. минута го изедначи резултатот. Во пенал-серијата сите играчи шутираа прецизно, со исклучок на Немања Гудељ кој шутираше […]