Кампана: Меси не се става себеси над другите, тој се грижи за нас


Фудбалерот на Интер Мајами, Леонардо Кампана го сподели своето мислење за неговиот соиграч Лионел Меси.

– Колку што е одличен играч, толку тој се грижи за нас. Прв ни праќа пораки, ни посакува среќа и тоа не мотивира. Неговото влијание во соблекувалната е огромно, како зборува со нас, како се однесува со најмладите и најстарите. Не се става себеси над другите иако е способен да направи толку многу. Тој ни влева психолошка стабилност дава совети на теренот, зборува пред натпреварите, изјави Кампана за „TyC Sports“.

 

Ноќеска, без повредениот Меси во тимот, Интер Мајами загуби од Атланта со 5:2. Интер Мајами е на 14. место во Источната конференција со 28 бодови.

 

Триесет и шестгодишниот Меси оваа сезона одигра 11 натпревари за клубот во сите натпреварувања, постигнувајќи 11 голови и пет асистенции. Има договор со клубот до летото 2025 година. Меси го освои Лига купот со Интер Мајами.