Ред Бул не успеа да победи за прв пат во 2023 година, прекинувајќи ја рекордната серија од 15 последователни први места


Тимот на Ред Бул не успеа да победи за прв пат во сезоната 2023 во Формула 1 шампионатот.

На крајот од Големата награда на Сингапур, најдобриот резултат на тимот го покажа Макс Верстапен, кој заврши на петтото место. Другиот возач на Ред Бул, Серхио Перез, заврши на осмото место.

Победничката серија на Ред Бул траеше од Големата награда на Абу Даби, што се одржа во ноември 2022 година. Тимот победи на 15 трки по ред – ова е рекорд во историјата на Формула 1.

 Возачот на Ферари, Карлос Саинц е победник на денешната трка од Формула 1 шампионатот возена за Големата награда на Сингапур. Ова е втора победа за Шпанецот во неговата кариера.

Воедно ова е прва победа за Ферари во Формула 1 по една година и два месеца.

Второто место му припадна на Ландо Норис од Мекларен, додека трет заврши Луис Хамилтон од Мерцедес кој го искористи излетувањето на Џорџ Расел во последниот круг.

Следната трка во Ф1 ќе се вози на 24 септември во Јапонија.