Клоп: Германскиот фудбал не е во најдобра форма во која некогаш бил


Репрезентацијата на Германија вчера доживеа непријатно изненадување во дуелот од Лигата на Нациите и загуби на домашен терен од Грција со 1:0. По дуелот новиот селектор Јирген Клоп, кој на првите два натпревара нема победа (нерешено со Холандија) изјави: –   Се соочивме со многу тактички дисциплиниран противник кој сакаше да освои бодови тука на специфичен […]

Фудбалер на Манчестер Сити исфрлен од репрезентацијата


Фудбалерот на Манчестер Сити, Рајан Аит-Нури е исфрлен од редовите на својата репрезентација откако имаше инцидент за време на победата на неговата селекција во победата против Замбија со 3:1. Фудбалската федерација на Алжир потврди дека селекторот Брахим Хемдани донел одлука играчот да биде вратен во својот клуб Манчестер Сити, без објаснување. Локалните медиуми се повикуваат […]

Македонските тенисери ќе играат на домашен терен против Јужна Африка во Дејвис купот


Македонската Дејвис куп репрезентација новата сезона 2027 ќе ја стартува со меч на домашен терен против репрезентацијата на Јужна Африка во рамки на Светската група II од дејвис купот. Тоа е резултат на денешното извлекување одржано во Лондон.  Минатата година Јужна Африка постигна победа од 3:2 против Црна Гора на домашен терен, а загуби од […]

Промоција на „Качувачки водич Матка – Отмарова карпа“ во Скопје


Македонската алпинистичка федерација вечерва во МКЦ – Скопје ќе ја промовира книгата „Качувачки водич Матка – Отмарова карпа“ од алпинистот Радован Џепароски. Станува збор за прво издание од ваков тип посветено конкретно на Отмаровата карпа на Матка, еден од значајните локалитети за алпинизам и качување во Македонија. Водичот е резултат на долгогодишно качување, истражување и […]

Португалија без Роналдо ја победи Норвешка


Осло – Португалија ја победи Норвешка со 2:1 во второто коло од групната фаза на Лигата на нации. Натпреварот се одигра синоќа на стадионот „Улевал“ во Осло. Жоао Феликс и Гонсало Рамош постигнаа голови за Португалија. Еден гол на Рамош ВАР го поништи поради минимален офсајд. Ерлинг Халанд го постигна единствениот гол за Норвешка. Капитенот […]

Батлер и Грин изразија желба да се пензионираат во Голден Стејт


Кошаркарите Џими Батлер и Дрејмонд Грин, изразија желба да се пензионираат во Голден Стејт. Сепак, задржувањето на двајцата ветерани во составот на Вориорс би можело да бара од нив да прифатат „значително намалени“ плати. Батлер, кој продолжува да се закрепнува од скинат преден лигамент, влегува во последната година од неговиот договор, кој ќе му донесе […]

Македонија од очај во очај. Пет меча нема постигнато гол. Вечерва прими три од Швајцарија


  Објективно, Швајцарија е далеку посилна од фудбалската репрезентација на Македонија. Но македонските фудбалери од меч во меч со новиот селектор Гоце Седлоски покажуваат анемична, дури и очајна игра. Тие не можат да постигнат гол веќе пет мечеви по ред. Уште пострашно, фудбалерите не ни создаваат шанси за гол. Вечерва на арената „Тодор Проевски“ од […]

Потрес во англискиот фудбал: Манчестер Сити е прогласен за виновен за прекршување на правилата на Премиер лигата за финансиски фер-плеј


  Манчестер Сити е прогласен за виновен по огромното мнозинство од над стоте обвиненија поврзани со прекршување на финансиските правила на Премиер лигата, што предизвика вистински потрес во англискиот фудбал. Клубот, кој доминираше со титули во изминатиот период, сега се соочува со можност за испаѓање од Премиер лигата или дури и за целосно исклучување од […]

Синер го откажа настапот во Пекинг


Најдобриот светски тенисер Јаник Синер се повлече од претстојниот АТП тениски турнир во Пекинг поради повреда. Италијанскиот тенисер претходно најави враќање на тенискиот терен со настап, но го одложи враќање во Пекинг, бидејќи сè уште се рехабилитира од повредата на коленото. „Сакам да им испратам топли поздрави на кинеските навивачи, морам да објавам дека нема […]

Распродадени сите билети за последниот натпревар на Меси за Аргентина


Аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси пред полн стадион ќе се збогува со националниот дрес, откако сите билети за дуелот против Бенин експресно се распродадени, објави денеска Фудбалската федерација на Аргентина. Меси ќе го одигра својот последен натпревар за репрезентацијата на 6. октомври против Бенин во Буенос Аирес на стадионот „Монументал“, со капацитет од 85.000 гледачи. […]

„Формула 1“ повторно во Истанбул во 2027 година, Фелипе Маса на патеката каде испиша историја


По шестгодишна пауза, Формула 1 повторно се враќа во Истанбул, а во пресрет на Турскиот Гран при во 2027 година, градот го пречека Фелипе Маса, трикратниот победник и најуспешниот возач во историјата на трката. Бразилскиот возач престојуваше во Истанбул во рамките на повеќедневна програма организирана од Турската агенција за промоција и развој на туризмот (TGA), […]

Елмас очекува тежок натпревар, утре против Швајцарија


Со капитенот Енис Барди и селекторот Гоце Седлоски на денешната прес-конференција присуствуваше и еден од нашите најдобри фубдалери Елиф Елмас. Фудбалерот на Аталанта очекува тежок натпревар, но верува во позитивен резултат. „Очекувам тежок натпревар играме со силна репреентација, знаеме кај стигна ова лето на Мундијалот, но ние сме максимално спремни и ќе дадеме се од […]

Ракометните суперлигаши го почнуваат четвртото коло


 Со двата натпревара што се играат попладнево и вечерва во Битола и во Охрид стартува четвртото коло од Супер лигата. Во Битола е дуелот на двете екипи од овој град, а „домаќин“ е Еурофарм Пелистер, додека „гостин“ е Еурофарм Пелистер 2. Почетокот на дуелот е во 17:30 часот. Во Охрид по натпреварите од женскиот „Трофеј […]

Стартуваше новата сезона од кошаркарската Евролига


Со одигрувањето на седумте натпревари синоќа стартуваше новата сезона во кошаркарската Евролига, а шампионот Олимпијакос постигна победа на гости против Басконија и беше единствениот тим со постигнати 100 и повеќе поени. Финалистот Реал Мадрид загуби од Дубаи на гостински терен во натпревар со неизвесна завршница. Резултати на синоќа одиграните дуели: Дубаи – Реал Мадрид 78:77, […]

Бронза за Рустемовски по поразот во полуфиналето на ЕП во бокс


Македонскиот боксер Ален Рустемовски не успеа да избори финале на Европското првенство во бокс во Софија. Тој во денешната полуфинална борба загуби на поени со 4:1 од Украинецот Аидер Абдураимов. За Рустемовски ова е секако голем резултат бидејќи веќе испиша историја со пласман во полуфиналето бидејќи обезбеди бронзен медал. Ова е негов најдобар резултат во […]

Алкараз се изјасни: Надал ми е идол, а Ѓоковиќ е најдобриот


Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз во интервју за Би-би-си зборуваше за историјата на тенисот. Тој напомена дека неговиот сонародник Рафаел Надал бил негов идол додека растел и сакал еден ден да биде како него. „Ако ги погледнеме бројките, нема дилеми – Новак Ѓоковиќ е најдобар на сите времиња“, изјави Алкараз. Бројките потврдуваат дека Ѓоковиќ има рекордни […]

Ристовски: В година ќе се реконстуира салата „Македонија“ во Прилеп


Во интервју за порталот Екипа, министерот за спорт Борко Ристовски со една реченица објасни што може да се очекува со спортските сали во Прилеп. До крајот на оваа година градот ќе остане без функционална спортска сала, бидејќи според програмата на министерството не се предвидуваат никакви зафати. За наредната 2027 година во план е рекострукција на […]

Во Охрид почнува меѓународниот женски ракометен турнир „Трофеј Македонија 2026“


 Во Охрид денес стартува меѓународниот женски ракометен турнир „Трофеј Македонија 2026“.  Распоред на денешните натпревари: Хрватска – Црна Гора почеток 16 часот Македонија – Србија почеток 18 часот. Натпреварите ќе се играат во СЦ „Билјанини Извори“, влезот за сите натпревари ќе биде слободен. 

Виз Ер Скопски маратон со нова мотивација: испратете 7 секунди поддршка за вашиот најблизок


Поддршката од семејството и пријателите е важен дел од секоја трка. А годинава, оние кои се најблиски до учесниците на 22. издание на Виз Ер Скопскиот маратон ќе имаат можност да им испратат порака која ќе ги пречека директно на патеката, токму во моментите кога им е најпотребна дополнителна мотивација. На 4 октомври, илјадници учесници […]

Барселона се откажа од идејата за потпишување на Алварез


Барселона одлучи да се откаже од идејата за потпишување на напаѓачот на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварез, објави „Fichajes“. Тренерот на Барселона, Ханс-Дитер Флик, ги променил своите приоритети, сега инсистира на стекнување на левак централен дефанзивец, наместо централен напаѓач. Ова се должи на успехот на Рафиња како централен напаѓач – Каталонците постигнуваат многу голови и повеќе […]