„Ај кју“ ќе настапи во првото полуфинале на Евровизија 2018


„Ај кју“ (Eye Cue) со песната „Lost and found“ вечер во арената „Алтис“ во Лисабон под реден број 11 ќе ја претстави Република Македонија на првата полуфинална вечер на 63. Избор на песна на Евровизија 2018, на кој годинава учествуваат 43 земји. Автор на музиката и текстот е Бојан Трајковски, гитарист, композитор и вокал во […]

Сузана Турунџиева пред нов професионален предизвик: Продолжувам како амбасадор


Животот ѝ приреди многу непријатни изненадувања. Ѝ донесе многубројни неправди, ѝ одзеде предвреме многу драги луѓе. Како автор, го стави сопствениот живот на тацна. И после 31 година живот во Скопје, сѐ уште се чувствува како битолчанка. Ова е новата Сузана Турунџиева (49). Стокмена во деловен костум. Секое утро кога се буди е благодарна што […]

Дневен хороскоп за 7 мај


ОВЕН Денес би можеле да се сретнете со женска личност која ќе ви биде од голема помош и поддршка. Таа ќе ве потсети дека треба да се третирате и себе си со љубов и сочувство, бидејќи вие имате своја вредност и респект. Исто така, може да добиете корисен финансиски совет. БИК Се чии дека вашата […]

Како со Ана Винтур пиевме кафе во Белград


Како изгледа Винтур како шеф? Дали е строга? Дали вика? Зошто и се плашат? Дали е навистина ѓаволот кој носи Прада како во истоимениот филм со Мерил Стрип во главната улога? Најмоќната жена во светот на модата, уредничката на американскиот “Вог” , лани го собра белградскиот џет-сет на ексклузивната премиера на документарецот “Првиот понеделник во […]

Најпрестижниот црвен килим вечерва во Њујорк: Сите ѕвезди на Мет гала


САД- Институтот за костимографија на њујоршкиот музеј „Метрополитен“ вечерва го организира добротворниот престижен настан, со најголемите холивудски ѕвезди на црвениот килим, а од четврток до 8 октомври ќе ја организира изложбата посветена на влијанието на католичката религија врз модата, објавија организаторите. Ватикан ќе му позајми околу 40 дела на музејот „Метрополитен“ во Њујорк за изложбата […]

Која тијара ќе ја носи Меган Маркл на свадбата?


Англија – Која тијара ќе ја носи идната принцеза Меган Маркл за свадбата? Најверојатно, омилената на принцезата Дијана – „Cambridge Lover’s Knot Tiara“. Оригинално дизајнирана за кралицата Мери во 1914 година, тијарата со бисери во облик на солзи и дијаманти е дел од семејната колекција. Леди Дијана најмногу ја сакаше и ја носеше во неколку […]

Хитмејкерот на „Деспасито“ и „Гасолина“ со концерт во Тирана


Деди Јенки или познат како хитмејкерот од Порторико кој ги направи две најслушани поп-песни „Гасолина“ и „Деспасито“ ќе има концерт во Тирана. Концертот ќе се одржи на 27 јули на плоштадот „Скендербег“. Информацијата за концертот ја најави градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај на својто инстаграм профил: “DESPACITO” NË TIRANË! ? Kam kënaqësin të mirëpres super […]

„Дејли мејл“: Меган Маркл во венчаница на „Ралф и Русо“ од 100 илјади фунти


Англија– Британскиот магазин „Дејли мејл“  ја откри информацијата дека идната принцеза Меган Маркл ќе носи венчаница од модното дуо „Ралф и Русо“, во вредност од околу 100.000 фунти. Како пренесуваат, информацијата за нивниот медиум ја споделиле извори од кралскиот круг, но и модниот свет. Трошоците за венчаницата ќе ги подмири кралското семејство, а венчаницата ќе […]

Нови фотографии од новородениот принц Луис


Англија–  Кесингтонската палата објави на официјалниот Инстаграм профил две нови фотки од новородениот принц Луис. Третото дете на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон ќе биде петто во редот за наследство на кралската круна. Едната фотка каде принцот Луис лежи сам е направена од Кејт на 26-ти април, а на другата од 2-ри мај, може да […]

Лукреција Маљковиќ-Атанасовска, директор на Академијата за протокол: Има професионалци, но се многу малку


Д-р Лукреција Маљковиќ-Атанасовска е основач и директор на Академијата за протокол на Македонија и меѓународен консултант по етикеција и протокол, сертифициран од Школата за протокол од Вашингтон за Република Македонија. Таа е член на Меѓународната асоцијација на службеници за протокол и дипломатија со седиште во Вашингтон, САД. Дали во Македонија има добар протокол и дали […]

Модна лекција по анатомија: Фармерки со контроверзен крој ги збунија купувачите


САД – Се сеќавате ли кога фармерките беа само деним-панталони? Најпрво се појавија како тесни џинс-панталони, па потоа следуваа тие со висока половина и „мама крој“… сите модни револуции во свое време. Како се менуваат нештата? Сега постојат секакви видови чудни реинкарнации на скромниот дел од гардеробата, од стилови без среден дел од панталоните, до […]

Детален неделен хороскоп


ОВЕН Работа: Со директното движење на Меркур имате шанса да дојдете до нов работен ангажман, но ќе биде добро да си го држите егото под контрола со оние со кои ќе работите. Љубов: Венера во Близнаци ве поддржува вас и саканите да си дадете повеќе простор и време за своите лични активности. Убав период во […]

Солен кекс со ајран и маслинки


Состојки: 3 јајца 1/2 лажичка сол 100 мл ајран 100 мл млеко 100 мл масло 1 печиво 9 лажици брашно 7-8 црни сечкани маслинки 7-8 сечкани зелени маслинки 1 рака сечкан магдонос 50 г рендан кашкавал или рендано сирење 1/2 ситно сечкан морков малку бибер   Приготвување: Во вангличка ги ставаме одделените белки и ги […]

Мистерот на Македонија Драган Стојчевски со нова професија: Обезбедувам познати политичари


Русокос, со сини очи, висок 183 см, тежок 83 кг, со набилдано тело, во 2004 година ја освои титулата мистер на Македонија, а две години подоцна стана и мистер на Европа за 2006 година. Четиринаесет години подоцна Драган Стојчевски (39), професор по физичко воспитување од Тетово, модните писти и рефлекторите ги замени со дискретна и […]

Македонија со две титули на изборот во Букурешт: Славниот Мишел Адам ги награди Ива и Сандра


Македонските убавици Ива Михајловска и Сандра Стефановска освоија титули на изборот „Мис Фешн ТВ Јуроп 2018“, кој заедно со пролетниот фестивал „Фешн ТВ“ се одржа во Букурешт, Романија. Тоа не беше обичен избор, туку вистински моден спектакл, кој се одржа во зградата на романскиот парламент. Ива ја доби наградата „Мис стар“ од модната телевизија (ФТВ), […]

( Фото) Се омажи манекенката Шанина Шајк: Романтична свадба на Бахамите


САД– Манекенката од Викторија сикрет, Шанина Шаик се омажи за Ди-џеј Ракус, со кого била во врска подолго време. Свадбата во бохо стил се одржала на Бахамите, поточно на островот Елеутер, а на приватната свадбена церемонија присуствувале родителите и најблиските пријатели на младоженците. Меѓу нив, секако, и ангелите на Викторија сикрет, моделите – Џасмин Тукс […]

Оскаровката Кејт Бланшет го обвини Вајнстин за сексуално вознемирување


САД– Оскаровката Кејт Бланшет за „Варајати“ откри дека била сексуално вознемирувана од Харви Вајнстин. Вајнстин, некогаш еден од најмоќните холивудски продуценти, досега за сексуално вознемирување, злоставување и силување го обвинија повеќе од 80 жени. Тој се наоѓа во клиника во Аризона каде се лечи и очекува Холивуд да му прости. Бланшет која глумела во повеќе […]

Производителот на најлегендарните гитари „гибсон“ прогласи банкрот


САД – Тие што се плашеа од смрт на рокенролот нема да бидат среќни од веста дека „Гибсон брендс“, производителот на едни од најлегендарните американски електрични и акустични гитари, прогласи банкрот. Компанијата со седиште во Нешвил соопшти дека поднесува барање за банкрот и дека работи на рефокусирање, реорганизирање и реконструирање – односно пробува да изнајде […]

(Фото) Што облече министерката Радмила Шеќеринска во Белата куќа?


Децентна и едноставна, црвена, бела и црна гардероба избра вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска-Јанковска за средбите во Белата куќа во Вашингтон. Бела блуза, црно здолниште со примерна должина под колената, со хулахопки во боја на кожа и црни соодветни салонки со средно висока потпетица. Комбинацијата е освежена со црвеното палто, со интересен заден […]

Водителката Лила Филиповска ограбена за 1 Мај: Фала богу, јас и син ми сме живи и здрави


Популарната Тв водителка Лила Филиповска вчера беше ограбена, откако крадци влегле во нејзиниот стан во скопската населба Чаир, објави „1 ТВ“. За Женски магазин, Лила изјави дека по грабежот, останала без драги парчиња накит, одредена сума на пари и два лаптопи. Крадците влегле во станот додека таа и нејзиниот син Филип не биле дома, а најважно […]