Хороскоп: Храброст за вагата, сила за јарецот


ОВЕН: Опсипани сте со внимание, љубов и благосостојба и постигнувате материјален просперитет и богатства. Уживате во поширокото семејство и пријатели и сте ослободени од финансиските грижи. Култивирајте ја својата природа и сѐ потоа ќе следи. Храбро соочување.

БИК: Уживате во влијанието на Месечината во Девица и сте полни со креативна инспирација, задоволство и среќа. Постигнувате успеси и топлина во вашите односи, како во приватните, така и во професионалните. Обидете се да ги искористите овие поволни влијанија и да напредувате.

БЛИЗНАЦИ: Не се убедувајте себе дека целта ги оправдува средствата и заборавете на гордоста и ароганцијата. Можеби се чувствувате предадено, но не паѓајте на нивото на своите опоненти, обидувајќи се да постигнете признанија или личен престиж. Пријателство базирано на интерес.

РАК: Одолговлекувања во извршувањето на бизнисот, комерцијалните трансакции или вработување. Страв или немоќ да ги искористите своите вештини со целосен потенцијал. Обрнете внимание на деталите и не бидете заглавени поради конвенцијата. Реално соочување.

ЛАВ: Сега имате верба во традицијата и старите методи – постапувате правилно и онака како ви е наложено од страна на авторитетите. Денес добивате инспирација и сте волни да го послушате гласот на интуицијата, па ќе истражувате, учите или барате водство од друга страна.

ДЕВИЦА: Тригонот во водените знаци ви изгледа пријатно и ова е ден кој што ќе го минете во славење и забава со друштвото, блиските и саканите. Успешно и перфектно ги завршувате работите и имате сила да ѝ се дадете на заедницата. Прослави, матурски, свадби и фестивали.

ВАГА: Денес стоите храбро пред сите можни предизвици и ги браните своите убедувања со голем кураж. Го надминувате стравот од неуспех со силна волја да успеете. Со голем хероизам ќе ги надминете и најтешките препреки, како и силна одлучност. Имате голема внатрешна сила.

СКОРПИЈА: Убави аспекти кои ја потенцираат вашата интелигенција, логика и природна интуиција, а со кои имате моќна перцепција за сѐ што се случува околу вас. Сега лесно ги гледате измамите и пропустите во туѓата логика и ги разбирате двете страни на секое прашање.

СТРЕЛЕЦ: Месечината во Девица ви најавува огромни промени и трансформација, сосема неочекувани и можно трауматични. Сепак, не се предавајте, пред вас се отвора ново поглавје и ќе се ослободите од оковите на минатото. Нови почетоци и шанси и сменет животен стил.

ЈАРЕЦ: Имате сила да им се спротивставите на искушенијата и се ослободувате од несаканите врски или договори. Иако ве мамат луксузот и задоволствата, сепак ги следите своите повисоки и благородни цели. Ќе успеете да се ослободите од опсесијата со парите, моќта и дилемите.

ВОДОЛИЈА: Неочекувана средба или случка која што е разиграна и сосема спонтана. Романтична средба со личност што ќе ви понуди нешто, а која е полна со сочувство, имагинација и детска разиграност. Разговори за љубовта, спиритуалноста и личните врски. Мир.

РИБИ: Денес постигнувате големо задоволство и сатисфакција во романсата, пријателствата и другите блиски врски. Ги постигнувате вашите најдлабоки желби и уживате во убавите работи и сензуалните задоволства. Од вас зрачи прекрасна енергија на исполнетост, духовен мир и среќа.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]