(Видео) Тренд е дами да носат машки сакоа: Наоми и Моника-ѕвезди во Милано


Италија-Доменико Долче и Стефано Габана ја презентираа својата најнова машка колекција со ревија во Милано. Ѕвезди на модното шоу беа актерката Моника Белучи и топ-моделот Наоми Кембел, кои на крајот се поклонија пред публиката заедно со славното дизајнерско дуо и поранешниот модел Марпеса Хеник.

53-годишната Италијанка беше облечена во класичен црн костум со бела кошула, додека 48-годишната „газела од модните писти“ носеше костум со риги и шешир.

Сакото е неизбежно модно парче во гардероберот на секоја жена, класик кој може да изгледа добро на секој можен начин. Ако го комбинираме со фармерки, патики и бела памучна маичка – добиваме одличен кежуал изглед, а ако го комбинираме со „пенсил“ сукња или панталони со висок струк, добиваме префинет изглед за деловна атмосфера.

Колку е класично толку е и безвремено, колку е елегантно – дотолку е и модерно, зашто ова црно сако е како „малиот црн фустан“, и не ги „мери“ сезоните, ни пригодите.

Со спортска маичка под него или со класична бела кошула, го комибираме и со фармерки и со омилените тесни црни панталони, и со мини или макси сукња, во зависност од тоа каде сме тргнале.„Трпи“ и чизми и убави салонки, совршено е и за посвечени пригоди во комбинација со тантела.

Плишаните сакоа оваа сезона ги гледаме и во излозите на луксузните модни марки, како и во колекциите на популарните „хај-стрит“ брендови.