(Видео) Хедер Локлир се обиде да се самоубие


САД- Американската актерка Хедер Локлир, ѕвездата од „Данастија“ и „Мелроуз плејс“  се обидела да си го одземе животот.

„ТМЗ пишува дека член на семејството на актерката повикал помош бидејќи таа се заканувала со самоубиство, по што била пренесена во болница на психијатриско одделение.

Роднината истакнал дека ја нашол Хедер како избезумено шета низ куќата и бара пиштол за да се самоубие.

Овој инцидент се случува само неколку месеци откако актерската ѕвезда е уапсена за семејно насилство. Со Ричи Самбора од „Џон Бон Џови“ ја имаат ќерката Ава.