ЕУ воведе забрана, за 20 дена повеќе ќе нема светки во шминките


Светките во козметиката треба да заминат во историјата по одлуката на Европската комисија (ЕК) да ја ограничи употребата на микропластика што намерно се додава на производите, поради што трговците на козметика подготвуваат промотивна продажба на такви производи. На 25 септември, ЕК усвои мерка која, во согласност со законодавството на ЕУ за хемикалии (регулатива REACH), ја […]

Џони Деп режира филм за Модиљани


 Џони Деп неодамна почна со снимање на својот нов филм во Будимпешта, Унгарија, во којшто една од главните улоги ќе толкува Ал Пачино.  „Моди“ е вториот долгометражен филм режиран од Џони Деп, а во него ќе глумат и Италијанците актери Луиза Раниери и Рикардо Скамарцио. Приказната го следи италијанскиот уметник Амедео Модиљани (Скамарцио) – сликар […]

Почина Мајкл Гамбон, познат по улогата на Дамблдор во филмовите за Хари Потер


Актерот Мајкл Гамбон почина на возраст од 82 години, јавува „The Guardian“. Гамбон, кој е најпознат по улогата на Албус Дамблдор во филмовите за Хари Питер, починал во болница. Тажната вест ја потврдија неговата сопруга Лејди Ен Гамбон и синот Фергус. „Скршени сме што мораме да ја објавиме загубата на сер Мајкл Гамбон. Саканиот сопруг […]

Направи ја најдобрата модна комбинација и освој ваучер од „Fashion&Friends“


„Fashion&Friends“ е твојата омилена продавница? Ако одговорот е ДА, тогаш ова е супер вест за тебе! Те охрабруваме тебе, твоите пријатели, сите млади ентузијасти, вљубеници во модата да го создадете најдобриот аутфит вреден за паметење! До 4-ти октомври, те чекаме да ги пробаш сите фаворити, да ја направиш твојата омилена комбинација и да ја споделиш […]

Анџелина Џоли за животот по разводот од Бред Пит: Ни требаше долго време да се опоравиме


Анџелина Џоли во интервју за магазинот „Вог“ зборуваше за својот приватен живот и за бизнисот што го започнала. „Имав 26 години кога станав мајка. Целиот мој живот се промени. Ме спаси тоа што имав деца. Мислам дека ќе се свртев кон многу помрачна страна од животот да не сакав да им се посветам. Тие се […]

Жерар Депардје на аукција продаде дел од личната уметничка колекција


  Аукцијата со дел од уметничката колекција на францускиот глумец Жерар Депардје во Париз заврши вчеравечер, достигнувајќи цена од 1,3 милиони евра „во соба преполна колекционери и љубопитни гледачи“, како што соопшти аукциската куќа „Адер”. Депардје (74), одлучи да се прости со над 250 дела на мајстори од 20 век, како што е вајарот Огист […]

Шакира обвинета во Шпанија за затајување данок од над шест милиони евра


Шпанските даночни власти покренаа обвинение против Шакира за затајување данок во вредност од над шест милиони евра. Како што пренесуваат западните медиуми, поп-пејачката наводно должи околу 6,7 милиони евра данок на нејзиниот приход во 2018 година. Притоа, користена била офшор-компанија со седиште во друга земја за да се избегне плаќањето данок во Шпанија. По разгледувањето […]

Фестивалот „Милк и блуз“, со нов концепт, ќе трае четири недели од 3 до 26 октомври


MILK&BLUES е фестивал на смеата, уметноста и музиката. Фестивалот има нов и креативен формат и во прва линија има за цел да понуди програма како за најмладата така и за посериозната публика. Фестивалот особен акцент става на креативноста, оригиналноста и автентичноста. Ги стимулира изведувачите кои ствараат оргигинални и авторски дела кои се надеваме ќе останат […]

Се снима документарната серија „Бекамови“


 Можеби една од најпознатите двојки од јавната сцена – Викторија и Дејвид Бекам работат на документарната серија „Бекамови“ на Нетфликс, што ќе понуди познати и непознати подобности од нивниот живот. Викторија, по тој повод, раскажува како се запознале… Викторија и Дејвид Бекам првпат се сретнале далечната 1997 година, а познатата дизајнерка и поранешна „спајсица“ не […]

Почина глумецот Дејвид Меккалум


Шкотско-американскиот глумец Дејвид Меккалум, можеби најпознат по улогите на руски шпион во „Шифра ВУЈЧЕ“ (The Man from U.N.C.L.E.) од 1960-тите, и како вештакот од „Нејви“ (NCIS), почина на 90-годишна возраст. Според тамошните медиуми, тој починал од природна смрт. „Длабоко сме тажни поради смртта на Дејвид Меккалум и чест ни е што ‘Си-би-ес’ беше неговиот дом толку многу […]

Софија Лорен на итна операција, по повеќе скршеници


Софија Лорен вчера била примена на итна операција, по претрпени неколку скршеници, откако паднала во нејзиниот дом во Швајцарија. Според извор близок до глумицата, постои „внимателен оптимизам“ за исходот од операцијата и закрепнувањето потоа. Италијанската филмска икона која на 20 септември наполни 89 години, паднала во бањата и се здобила со повеќе скршеници кај колкот […]

Џастин Тимберлејк се враќа на сцената првпат по четири години


Џастин Тимберлејк ќе пее на отворањето на казино-хотел во Лас Вегас, а за еден час на сцената ќе заработи над шест милиони долари. За познатиот поп-пејач ова ќе биде прв настап во живо по четири години. Миниконцертот е закажан за 13 декември, пренесува „Сан“. За потсетување, поп-ѕвездата последен пат настапи во живо во април 2019 […]

Падна во канџите на секта, го загуби богатството: Исчезна од јавноста, па се појави поубава од било кога (фото)


Актерката Мишел Фајфер глумеше во многу филмски хитови во осумдесеттите, но извесен период исчезна од јавниот свет, за да се врати уште поубава и подобра. Својот талент го покажа во романтични филмови, трилери и хорори, а во период од четири години беше номинирана за филмовите „Dangeorus Liaisons“, „The Fabulous Baker Boys“ и „Love Filed“. Таа […]

Сценаристите и студијата во Холивуд постигнаа начелен договор за прекин на штрајкот


Холивудските сценаристи, чиј штрајк ја парализираше филмската индустрија речиси пет месеци, синоќа соопштија дека постигнале начелен договор со студијата што ќе им овозможи да се вратат на работа. – Постигнавме начелен договор што може да доведе до нов договор за заработката, се вели во писмото на Синдикатот на холивудските сценаристи (ВГА) до членовите и се […]

Продолжува штрајкот на холивудските сценаристи


Здружението на сценаристи на Америка (ВГА) и претставниците на главните студија вчера се состанаа трет ден неделава, додека толпа сценаристи се собраа да протестираат во знак на солидарност и се надеваат дека страните ќе постигнат договор за ставање крај на штрајкот во кој учествуваат десетици илјади луѓе. Сè уште нема договор. Директорите за компаниите во […]

Ѕвездата на „Еуфорија“ Ангус Клауд починал од случајно предозирање


Лос Анџелес– Ѕвездата на „Еуфорија“ Ангус Клауд починал од случајно предозирање, потврдија од округот Аламеда, пренесоа американските медиуми. Соопштено е дека актерот починал од смртоносна комбинација на фентанил, кокаин, метамфетамин и многу други супстанции. Ангус боледуваше од акутна интоксикација од комбинација на лекови, која вклучуваше и бензодиазепин“, објавија тие. Тие потврдија и дека Клауд не […]

Скопје ја виде Јелена Ѓоковиќ, еве што облече за гала настанот во Синеплекс


Јелена Ѓоковиќ, сопругата на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, вчера беше во Скопје. Таа најпрво се прошета низ центарот на градот и објави фотка на Инстаграм од плоштадот Македонија. Вечерта беше во киното Cineplexx и како претставник на фондацијата „Новак Ѓоковиќ“ го промовираше документарниот филм „The Wisdom Of Trauma“, кој го продуцираа тие, а ги најави и […]

Сценаристот на „Врисок“ се заинтересирал за книгите на Крис Картер


Многи читатели кои ги сакаат книгите на бразилскиот писател Крис Картер, очекуваат некогаш тие да бидат филмувани. Книгите на Крис Картер се трилери, со мрачни ликови и морбидни убиства. Ако некогаш бидат филмувани, може да се покажат и како одлични хорор-филмови. Во денешната објава на социјалните медимуи, Картер соопшти дека пред месе и половина со […]

Пресврт: Софи Тарнер го тужи Џо Џонас за децата, сака да ги врати во Англија


Њујорк– Неоќекуваната разделба на Софи Тарнер и Џо Џонас штотуку стана понеочекувана. Според новите судски документи до кои дојде Today, Тарнер го тужи нејзиниот отуѓен сопруг да ги врати двете деца на двојката, од три и една година, во нејзиниот „засекогаш дом“ во Англија. Актерката тврди дека нејзините ќерки моментално незаконски се чуваат во Њујорк. […]

Втор концерт на Владо Јаневски „Златни години“ во Филхармонија


Поради распродадениот прв концерт на 16 ноември, „Авалон“ организира уште  една интимна средба со Владо Јаневски и неговите најголеми хитови во Филхармонија, на 25 ноември. Влезниците ќе бидат во продажба од петок (22 септември) во 09 часот наутро онлајн на ticketx.mk и ширум продажната мрежа на ticketx низ Македонија. Поради зафатениот распоред на Македонска филхармонија, […]