Без македонски претставник на Евросонг 2024 во Малме


На Изборот за песна на Евровизија 2024 година во Малме, Шведска нема да учествува македонска делегација, што е втора година без наш претставник на ова музичко натпреварување. На најголемиот светски музички настан во живо, што ќе се одржи во Малме, во мај следната година, учеството го потврдија јавните радиодифузери од 37 земји. „Ваквата одлука е […]

Мараја Кери повеќе не е кралица на Божик- ова е песната на тронот (видео)


Благодарение на песната „All I Want For Christmas Is You“, Мараја Кери со години ја носеше титулата кралица на Божиќ. Но, повеќе не е на тронот. Имено, песната на Бренда Ли – „Rockin’ Around the Christmas Tree“ го зазеде првото место на билбордовата „Хот 100“ листа во САД. Таа го издаде овој сингл во 1958 […]

Феноменот „Тејлор Свифт“ ќе се изучува на Харвард


Универзитетот „Харвард“ и Универзитетот во Флорида воведуваат курс за музичко раскажување со Тејлор Свифт и други женски изведувачки. Новиот курс се вика „Тејлор Свифт и нејзиниот свет“ и ќе ги истражува музиката, текстовите и културното влијание на Свифт. Исто така, курсот ќе разгледа како нејзината работа влијаела врз другите уметници, писатели и врз денешната младина. […]

Почина Владо Правдиќ, клавијатуристот на „Бијело дугме“


Сплит– Клавијатуристот на „Бијело дугме“, Владо Правдиќ, почина во Сплит по тешко боледување, објави босанскиот весник „Дневни аваз“. Правдиќ на 6 декември требаше да го прослави 74. роденден. Роден во Сараево во 1949, Правдиќ ја почнал музичката кариера во 1971 во групата „Амбасадори“, од каде што по само седум месеци преминал во „Индекси“. И таму […]

Памела Андерсон ги покажа брчките и на Британските модни награди за 2023 година


Лондон– Памела Андерсон повторно го истакнува својот природен изглед. Андерсон (56) се појави без шминка на доделувањето на Модните награди за 2023 година во Лондон . Актерката и модел го красеа црвениот тепих облечена во целосно бел ансамбл составен од панталони со широки ногавици, широка маичка и блејзер во крем боја што се носи преку […]

Дејвид Линч се разведува по 14 години брак од четвртата жена


Дејвид Линч и Емили Стофл се разделуваат. Стофл (46) поднела барање за развод од режисерот на на „Малхоланд драјв“ (77), по 14 години брак, според судските документи до кои дошле „Пипл“. Во поднесокот, актерката побарала старателство над нивната 11-годишна ќерка Лула Богинија. Стофл бара Линч да има право на посета. Таа, исто така, бара поддршка […]

Британски модни награди 2023: Гвинет Палтроу во црвена тоалета во чест на Валентино


Лондон – Што може да биде побританско од Џонатан Андерсон, Шарлот Тилбери и Мартин Роуз да добијат награди во дождливата зимска вечер во Ројал Алберт Хол? Самото британско време во понеделникот беше соодветна заднина за Модните награди, ноќ која имаше за цел да ги прослави талентите на нацијата – но и меѓународните. Меѓу последните беше […]

Концертот на Бајага во Скопје одложен за 23 декември


Концертот на Бајага & Инструктори во СЦ „Јане Сандански“  од 9 декември се одлага за 23 декември, поради трагичната смрт на Вања Ѓорчевска, информира организаторот „Авалон“.  Со овој концерт требаше да започне месецот на прослава на ,,30 години Авалон Продукција”. „За жал, во моментов сите ние oд Авалон, а сигурни сме дека и сите вие […]

Наоми е безвременска: По петти пат позира за календарот „Пирели “


Големата годишнина од култниот календар на Пирели во 2024 година ја одбележуваат големите имиња на забавната индустрија, предводени од уникатната Наоми Кембел. Се навршуваат 50 години од престижното издание, додека една од најпознатите манекенки од 90-тите, која сè уште има значајна позиција во светот на модата, позира за календарот по петти пат. Минатата недела во […]

Цел Холивуд на гала вечерта на Филмскиот музеј во Лос Анџелес (галерија)


Лос Анџелес- Не беа Оскари, ама беше гламурозно како оскаровската ноќ на црвениот и розевиот ќилим. Вечерта беше со изразен гламур и луксуз, па такви беа и креациите  – видовме многу елегантни, убави фустани, со потпис на врвни дизајнери и куќи. Вечерта – третото гала издание на Филмскиот музеј , им оддаде почит на четворица […]

Наградата на Центарот Кенеди за Били Кристал, Дион Ворвик и Бари Гиб


Вашингтон– Пејачката Дион Ворвик, комичарот Били Кристал, членот на Би Џиз, Бари Гиб, раперката и актерка Квин Латифа и оперската ѕвезда Рене Флеминг се меѓу истакнатите личности кои во неделата ја примија наградата на Центарот за изведувачки уметности Џон Ф. Кенеди, најреномираната американската награда во областа на културата, во присуство на американскиот претседател Џо Бајден. […]

Елитата на ревијата на Кокев: Модна писта како зимска бајка (галерија)


Кокев е чудо од жена и дизајнер, која со својата харизма ги исполнува своите соништа и на модната писта и во приватниот живот. Кога е зад сцената,  е грижлива мајка и дама која често патува во Италија. Кога промовира колекција или отвара нов продажен простор, е невидена бизнисменка со претприемачки дух и со неверојатни контакти, […]

Знаеш како ќе запомниш годишнина?: Сашко Коцев на гости кај Жаре во „Еден на Еден“


Знаеш како ќе запомниш годишнина? Еднаш заборави ја и ќе видиш како ќе ја памтиш после – му раскажа Коцев на Жаре во новата епизода на емисијата „Еден на Еден“ која ќе ја гледаме в недела, од 18.30 на Канал 5. Во емисијата, меѓудругото Сашко раскажа како по 15 години и двајцата гледаат на таа […]

„Flowers“ на Мајли Сајрус е најстримуваната песна во светот


Музичката апликација Спотифај вчера ги сподели резултатите на своите корисници и даде увид во најслушаните изведувачи и песни во 2023 година. Листата на најпуштани песни се состои од 50 хитови, а некои од нив дури се пласираа и на Билборд листата во изминатите 12 месеци. Хитот на Мајли Сајрус „Flowers“ беше најстримуваната песна во светот, […]

„Очи Вселена“: Сара Мејс новиот сингл го посвети на синот Кирил (видео)


Ултра модерен звук со диско ритам, заразна мелодија која тешко ќе ви излезе од глава. Песната „Очи Вселена“ доби современ, динамичен и автентичен видео запис. И овој пат креативноста и единствениот музички стил на Сара Мејс испливаа на површина, песната и спотот се во чекор со светските музички критериуми. Сара Мејс со „Очи Вселена“ одново […]

Дали Натали Вуд навистина се удави на денешен ден пред 42 години?


Кога познатата холивудска актерка која не знае да плива, ќе заврши со лицето надолу во океанот на островот Санта Каталина, тоа дефинитивно станува случај кој предизвикува внимание. Смртта на актерката Натали Вуд од „West Side Story“ четири децении следи „таблоидни шпекулации и шепоти за подлабока приказна“, особено кога судскиот вештак од округот Л.А. ја смени […]

Хајди Клум и ќерката Лени во празнична кампања: Најубав новогодишен подарок 


Супермоделот Хајди Клум и ќерката Лени Клум ја започнуваат божиќната сезона со нова кампања за италијанскиот бренд за долна облека Intimissimi. Лени (19) објави серија фотографии на Инстаграм во вторник, од фотосесијата што ја направи со Хајди (50). На снимките, Лени и Хајди позираа заедно во црвена и црна долна облека и црвен кармин.   Вртелешката […]

 „Во името на љубовта“ – концерт на Жељко Самарџиќ на 13 април во Скопје


Во рамки на неговата турнеја „Во името на љубовта“, на 13 април 2024-та година во „Арена Борис Трајковски“, концерт ќе одржи Жељко Самарџиќ заедно со „Пријателите“.      Едноставноста, спонтаноста и ставот на џентлмен се најверојатно особините поради кои го стекнал вниманието и почитта кај жените, а љубовните рефрени само го потврдуваат истото. Во нив ќе уживаат […]

Синтија Никсон штрајкува со глад во знак на протест против војната меѓу Израел и Хамас


Вашингтон– Синтија Никсон започнува штрајк со глад во знак на протест против војната меѓу Израел и Хамас. Ѕвездата на „Сексот и градот“ им се придружи на групата прогресивни пратеници на протестниот митинг пред Белата куќа во понеделникот, каде што повикаа на постојан израелски прекин на огнот во Газа. 57-годишната актерка и активист потврди дека започнува […]

Френсис Стернхаген, двократна добитничка на „Тони“ и актерка од „Сексот и градот“, почина на 93 години


Почина Френсис Стернхаген, сестраната актерка чиј половина век на Бродвеј вклучуваше две награди Тони, седум номинации и незаборавни улоги во Equus, On Golden Pond и The Heiress. Таа имаше 93 години. Стернхаген почина мирно во понеделникот од природна смрт во нејзиниот дом во Њу Рошел, Њујорк, соопшти нејзиното семејство во соопштението до кое дојде „Холивуд […]