Ковачки вели дека новиот состав на ИК е спој на луѓе со различни портфолија


Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки во врска со новиот состав на Извршниот комитет вели дека го сочинуваат луѓе со различни искуства во извршната и во законодавната власт, како и млади луѓе кои ќе придонесат за реализација на политиките на партијата. -Имаме една промена од 20 до 25% во Извршниот комитет, еден спој на искуство, […]

Алиу на основањето на Паналбанскиот колеџ на хирурзи во Тирана, очекува прекугранична соработка


Секоја иницијатива што ги подигнува стандардите, го зајакнува континуираното образование, овозможува размена на добри практики и гради професионални мрежи, значи намалување на ризиците, подигнување на квалитетот и зголемување на довербата во здравството, порача министерот за здравство Азир Алиу кој вчера учествуваше на основањето на Паналбанскиот колеџ на хирурзи (ПAKX) во Тирана, Албанија. Со оваа професионална […]

Левица: Ристовска вршела тортура врз вработените во ДКСК


Наместо да ја насочи својата енергија кон расчистување на корупцијата, членката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Цвета Ристовска, очигледно одлучила сопствените нервози да ги истура врз вработените во институцијата која треба да биде бастион на интегритетот, се вели во соопштението од Левица.  Од Левица посочуваат дека до нив пристигнуваат сериозни информации дека вработени […]

Мицкоски ги отстрани потпретседателите од партијата за да владее апсолутно со неа, велат од СДСМ


Опозициската СДСМ смета дека лидерот на владејачката партија, Христијан Мицкоски, ги отстранил сите потпретседатели во ВМРО-ДПНЕ, по примерот на Вучиќ, за апсолутно да владее и со партијата, како што сака да владее со Македонија. “Ги постави своите најблиски другари”, се вели од соопштението од СДСМ, во кое поединечно се осврнуваат на вчерашните внатрепартиски кадровски именувања […]

СДСМ: Владата избра луксуз за себе наместо покачување на платите на работниците


Одбивањето на ВМРО да го прифати предлогот на СДСМ за ребаланс на буџетот за обезбедување пари за минимална плата од 600 евра е уште една потврда дека Владата на Мицкоски не сака да ги покачи платите на работниците, се вели во соопштението од СДСМ. Владата ги избра луксузите на владините функционери и криминалните тендери наместо […]

Драган Ковачки избран за нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ


  Пратеникот Драган Ковачки вечерва е избран за нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ на седницата на Централниот комитет на партијата. Избран е нов состав на Извршниот комитет. Информацијата за одлуките на ЦК на новинарите им ги соопшти претседателот на партијата, Христијан Мицкоски. Ковачки (49) е поранешен полковник во Армијата каде беше дел од разузнувањето. Тој […]

Мицкоски веќе ќе нема потпретседатели во ВМРО-ДПМНЕ


  Местото потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ не е дел од органите на партијата според нејзиниот статут, па може да го има и да го нема. Претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, се навраќа на одреден период на ВМРО-ДПМНЕ во времето на Никола Груевски кога немаше потпретседатели. Мицкоски синоќа во интервју на МТВ најави дека меѓу новите раководни […]

СДСМ: ВМРО го овозможи бизнисот со канабис, сега „брка вештерки“


  Помина една недела од објавувањето на големиот скандал со запленетите пет тони дрога во Србија, која во соседната земја влегла од Македонија, а институциите сè уште немаат одговор како овој товар поминал преку границата. Од СДСМ преку соопштение прашуваат кој ќе одговара за овој случај и кој од власта е вмешан во целиот процес. […]

Ристоска: Очекувам да бидам државен јавен обвинител, не се пријавив да ги нервирам премиерот и власта


Очекувам да бидам избрана за државен јавен обвинителка , затоа и конкурив, порача во 24 Анализа обвинителката и кандидатка за државен јавен обвинител Ленче Ристоска. Ристоска и покрај „војната“ во која е со премиерот и ВМРО ДПМНЕ тврди дека очекува мнозинството на ВМРО ДПМНЕ да ја избере . „Не се пријавив да ја нервирам власта, […]

Гаши учествуваше на Националниот молитвен појадок во Вашингтон


Претседателот на Собранието, Африм Гаши, учествуваше на Националниот молитвен појадок во Вашингтон, традиционален и значаен настан што ги обединува политичките, верските и општествените претставници, со фокус на вредностите на дијалогот, взаемното почитување и моралната одговорност во лидерството. Како што стои во соопштението на Собранието, учеството на Гаши на настанот е можност за зајакнување на пријателските […]

Мицкоски рече дека договорите од претходната влада мора да се почитуваат


  Премиерот Христијан Мицкоски и вечерва ги повтори неговите познати ставови околу промената на уставот. Во интервјуто за МТВ тој рече дека уставните измени нема да се случат без јасни гаранции дека процесот на евроинтеграција нема да биде проследен со нови блокади и билатерални условувања. Но има еден мал отклон кога рече дека мора да […]

Средба Филипче – Вајц: Се разговарало за патот кон ЕУ


  Известувачот на Европскиот парламент за Македонија, Томас Вајц, денеска имаше средба со раководството на СДСМ и претседателот на партијата, Венко Филипче. Според соопштението на партијата, на состанокот се разговарало за актуелната политичка состојба и за евроинтеграцискиот процес на државата.  Филипче нагласил дека статусот во кој се наоѓа евроинтеграцискиот процес на Македонија е сериозно загрижувачки, […]

Мицкоски пред амбасадорите на ЕУ: Да нема дилема, избори нема да има!


  Премиерот Христијан Мицкоски на брифинг со амбасадорите од ЕУ во Скопје денеска порача дека избори оваа година нема да има и дека владата е фокусирана на реформската агенда. „Нема да имаме избори оваа година. За да немаме дилема, бидејќи често пати дел од вас ме прашуваат дали ќе имаме избори, еве самата оваа амбициозна […]

Касами: Во Софија нема со кого да разговараме за уставни измени


  Како да се приклучуваме кон Бугарија, а не кон ЕУ. Претседателот на Беса, Билал Касами, вели дека кога во Бугарија ќе има нови предвремени избори таму „нема со кого да се разговара на тема уставни измени и продолжување на евроинтегративниот процес“. На средбата со новинарите во Тетово тој рече дека за „Македонија е важно […]

Обвинителството отвори истрага за протестите против „Безбеден град“


Јавното обвинителство, во тесна соработка со МВР, отвори истрага за случувањата на неодамнешните протести против проектот „Безбеден град“, по серијата наводи за закани кон полициски службеници. Веќе се дадени насоки да се испита дали говорот и однесувањето на учесниците ги исполнуваат елементите за тешки кривични дела против државата и јавниот ред. Фокусот на истрагата е […]

Филипче предложи закон за зголемување на минималната плата


Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска го презентираше предлог-законот за зголемување на минималната плата на 37.000 денари (600 евра), нагласувајќи дека власта има доволно пари во Буџетот доколку ги скрати трошоците за сопствен комфор. Според Филипче, за оваа мерка се потребни околу 120 милиони евра, сума која лесно може да се обезбеди од ставките за […]

Сиљановска се сретна со претседателот на Емиратите


  Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на учеството на Светскиот самит на владите во Дубаи, се сретна со претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеик Мохамед бин Зајед Ал Нахјан. Во фокусот на разговорот биле перспективите за продлабочување на билатералната соработка и беше посочена потребата од унапредување на правната рамка, се вели во соопштението на нејзиниот […]

Гаши на средба со заменик помошникот секретар во Стејт Департментот


За време на работната посета на Вашингтон, претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со Даниел Џ. Лотон, заменик-помошник секретар во Бирото за европски и евроазиски прашања на Стејт департментот на САД. На оваа средба беше потврдено непоколебливото партнерство меѓу двете земји, изградено врз заеднички демократски вредности, посветеноста на владеењето на правото, борбата против корупцијата […]

Владата вечерва расправала за Реформската агенда


Во Владата вечерва се одржал состанок за Реформската агенда, информира премиерот Христијан Мицкоски. -Вечерва одржавме состанок посветен на реформската агенда, со фокус на конкретни чекори за унапредување на институционалната ефикасност, владеењето на правото и подобрување на животниот стандард на граѓаните, објави Мицкоски на Фејсбук страницата. Тој наведува дека реформите не се декларација, туку обврска, процес […]

Известувачот на ЕП, Томас Вајц, е во земјава. Се сретнал со раководството на Влен


  Речиси инкогнито известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, е во Македонија. За тоа немаше никаква најава, а јавноста дозна од преку соопштение од Собранието, дека тој се сретнал со ракводството на Влен. На средбата бил координаторот на пратеничката група на Влен, Беким Ќоку, вицепремиерот Беким Сали и градоначалникот на Чаир, Изет Меџити. […]